Понеделник, 31 јануари 2011 година

Глобална кампања за превенција од ракот на грлото на матката „Бисери на мудроста“

Клубот на жени пратенички денеска во Собранието на Република Македонија одржа работна средба со Здружението за борба против рак – „Борка“ по повод глобалната кампања за превенција од ракот на грлото на матката „Бисери на мудроста“.



Понеделник, 31 јануари 2011 година

Сексуално образование во училиштата - Кога, ако не сега?

Рамката за сеопфатно сексуално образование во Република Македонија; Националните стратегии за унапредување на сексуалното и репродуктивното здравје, работата на новите младински советувалишта за сексуално и репродуктивно здравје; постојната образовна програма „Животни вештини“ и Младинската декларација за сеопфатно сексуално образование, беа темите на кои се говореше на втората јавна расправа за сексуалното образование во Република Македонија, што на 28 јануари 2011 година ја одржа Комисијата за еднакви можности на жените и мажите, во соработка со Асоцијацијата за здравствена едукација и истражување ХЕРА



Петок, 28 јануари 2011 година

ДЕЛЕГАЦИЈА НА СОБРАНИЕТО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА, ПРЕДВОДЕНА ОД ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ВЕЉАНОСКИ, ВО ОФИЦИЈАЛНА ПОСЕТА НА ЦРНА ГОРА

Делегација на Собранието на Република Македонија, предводена од претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски, а во чиј состав се и пратениците г. Крсто Мукоски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ и претседател на пратеничката група за соработка со парламентот на Црна Гора, г-ѓа Ермира Мехмети, пратеник на ДУИ и г. Миле Андонов, пратеник на СДСМ, членови на групата, оствари средба со претседателот на Парламентот на Црна Гора, г. Ранко Кривокапиќ



Петок, 28 јануари 2011 година

Средба на потпретседателот на Собранието на Република Македонија, г. Рафис Аљити, со Н.Е. Самуел Валис-Акијани, амбасадор на Република Гана за Република Македонија

Потпретседателот на Собранието на Република Македонија, г. Рафис Аљити, денеска оствари средба со Н.Е. Самуел Валис-Акијани, амбасадор на Република Гана за Република Македонија



Петок, 28 јануари 2011 година

Деведесет и прва седница на Комисијата за финансирање и буџет

Комисијата за финансирање и буџет на Собранието на Република Македонија, на Деведесет и првата седница, одржана на 26 јануари 2011 година, како матично работно тело го  разгледа Предлогот на закон за задолжување на Република Македонија кај Меѓународниот монетарен фонд со Кредитна линија за претпазливост (по скратена постапка).



Вторник, 25 јануари 2011 година

Израел - константен поддржувач на Македонија во меѓународните односи

Пратеничката група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Државата Израел денеска во Собранието на Република Македонија оствари средба со Делегација на Меѓународната оперативна (работна) група за соработка во образованието, сеќавањето и истражувањето на Холокаустот



Вторник, 25 јануари 2011 година

Средба на претседателот на Комитетот за односи меѓу заедниците, г. Џеват Адеми, со претставници на ЦССП проектот за Македонија

Претседателот на Комитетот за односи меѓу заедниците, г. Џеват Адеми, денеска, на барање на претставници на германската непрофитна организација Кристијан Шварц-Шилинг, кои непосредно работат на ЦССП проектот за Македонија, одржа средба на тема - активности на Комитетот за односи меѓу заедниците за 2011 година.



Понеделник, 24 јануари 2011 година

Педесетта седница на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство

Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство на Собранието на Република Македонија, на 50. Седница, одржана на 21 јануари 2011 година, како матично работно тело ги разгледа



Понеделник, 24 јануари 2011 година

Деведесетта седница на Комисијата за финансирање и буџет

Комисијата за финансирање и буџет на Собранието на Република Македонија на 20 јануари 2011 година ја одржа својата Деведесетта седница, на која како матично работно тело разгледа десет Предлог-закони, за кои воведно образложение даде заменикот на министерот за финансии, г. Недим Рамизи



Понеделник, 24 јануари 2011 година

Осумдесет и деветта седница на Комисијата за финансирање и буџет

Комисијата за финансирање и буџет на Собранието на Република Македонија на Осумдесет и деветтата  седница, одржана на 20 јануари 2011 година, како матично работно тело ги разгледа: 



Четврток, 20 јануари 2011 година

Педесет и седма седница на Комисијата за економски прашања

Комисијата за економски прашања на Собранието на Република Македонија, на денешната, Педесет и седма седница, како матично работно тело ги разгледа: Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за трговските друштва (прво читање) и Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за заштита на потрошувачите (прво читање).



Понеделник, 17 јануари 2011 година

Педесет и шеста седница на Комисијата за економски прашања

Комисијата за економски прашања на Собранието на Република Македонија, на 13 и 14 јануари 2011 година, ја одржа својата Педесет и шеста седница и нејзиното прво продолжение



Понеделник, 17 јануари 2011 година

Пленарна седница на Европскиот парламент

Од 17 до 20 јануари, Европскиот парламент ќе одржи пленарна седница во Стразбур, на која, меѓу другото, изминатото, Белгиско претседателство на Советот на министрите ќе го образложи она што го реализирало за време на шестмесечно претседавање, а актуелното Унгарско претседателство ќе ги претстави приоритетите за следните шест месеци



Вторник, 11 јануари 2011 година

Приоритетите на Унгарското претседателство се и македонски приоритети

Во Собранието на Република Македонија, денеска, на 65. седница на Комисијата за европски прашања, беше претставена Програмата и приоритетите за работата на Претседателството на Република Унгарија со Европската унија, за периодот јануари-јуни 2011 година, од амбасадорот на Република Унгарија во Република Македонија, Н.Е. Ференц Кекеши.



Понеделник, 10 јануари 2011 година

Обраќање на претседателот Вељаноски по повод одбележувањето на 20-годишнината од одржувањето на Првата конститутивна седница на Собранието на Република Македонија

Пред дваесет години во оваа сала се конституира првиот повеќепартиски состав на Собранието на Република Македонија.
Изминаа првите 20 години откако Македонија стана независна и демократска држава.
Изминаа првите 2 декади откако прв пат се состанаа легитимно избраните преставници на народот во првиот повеќепартиски законодавен дом на нашата татковина.
Оттогаш до денес, наспроти сите искушенија, пратениците на Македонија, ги искачија највисоките врвови со кои се заокружи нашата државност

Click