Вторник, 31 јули 2012 година

ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА НА ЕВРОПСКАТА ДИРЕКТИВА ЗА АУДИО-ВИЗУЕЛНИ И МЕДИУМСКИ УСЛУГИ

Директивата за аудио-визуелни и медиумски услуги (2010/13/EУ) обезбедува единствен пазар и правна сигурност за европската телевизиска и аудио-визуелна индустрија преку создавање на еднакви услови за емитување, употреба на аудио-визуелни медиумски услуги преку границите,  зачувување на културната разновидност, заштита на децата и на потрошувачите, обезбедување на медиумски плурализам и борба против расна и верска омраза. Директивата се заснова на принципот "земја на потекло" при што добавувачите на аудио-визуелни и медиумски услуги се предмет на прописите само во нивната земја на потекло и не може да бидат предмет на регулирање во земјата на дестинација, освен за многу мал број на случаи кои се утврдени во членот 3 од Директивата.



Вторник, 31 јули 2012 година

НОВИ ПРАВИЛА ЗА ПОГОЛЕМА БЕЗБЕДНОСТ НА БИОЦИДИТЕ

На 17 јули 2012 стапија во сила новите правила за регулирање на понудата и употребата на биоциди со што ќе се даде значаен поттик на напорите за заштита на здравјето на луѓето и животната средина. Со новата Регулатива за биоциди се воведуваат правила за нивно побезбедно користење, се поедноставуваат постапките за добивање на авторизација за пласман на пазарот на Европската унија како и се олеснува нивното движење во рамките на Внатрешниот пазар на Унијата.



Понеделник, 23 јули 2012 година

ПРЕДЛОГ НА ЕВРОПСКАТА КОМИСИЈА ЗА ОЛЕСНУВАЊЕ НА ЛИЦЕНЦИРАЊЕТО НА МУЗИЧКИТЕ ДЕЛА ВО ЕДИНСТВЕНИОТ ПАЗАР НА УНИЈАТА

Со новите дигитални технологии се отвораат големи можности за авторите, потрошувачите и бизнисите. Зголемената побарувачка за online пристап до културни содржини (книги, музика, филмови) не признава граници и ограничувања.



Вторник, 17 јули 2012 година

РЕФОРМА НА ЗАЕДНИЧКАТА ЗЕМЈОДЕЛСКА ПОЛИТИКА И ЗАШТИТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА

На 10 и 11 јули 2012 година во Европскиот парламент пред Комитетот за земјоделство и рурален развој (AGRI), Комитетот за животна средина, јавно здравство и безбедност на храна (ENVI) и Комитетот за рибарство (PECH), беа презентирани приоритетите на Кипарското претседателство со Советот на Европската унија



Петок, 6 јули 2012 година

ПРИОРИТЕТИ НА КИПАРСКОТО ПРЕТСЕДАТЕЛСТВО СО СОВЕТОТ НА ЕВРОПСКАТА УНИЈА

Република Кипар од 1 јули годинава го превзеде шестмесечното претседателство со Советот на Европската унија. Кипарското претседателство ќе работи кон Подобра Европа, Унија која е порелевантна за своите граѓани и светот, поефикасна Европа, која придонесува за одржлив раст, социјална кохезија и отворање на работни места преку ефикасни и интегрирани јавни политики, Европска унија која работи врз основа на принципот на нагласување на принципот на солидарност, посветувајќи се на подобра иднина.

Click