Понеделник, 28 ноември 2011 година
Учество на Комисијата за здравство на конференција на СЗО
Комисијата за здравство на Собранието на Република Македонија ќе биде дел од конференцијата на Светската здравствена организација, на тема „Меѓусекторска соработка за подобро здравство и благосостојба“, која се одржува денеска и утре во Ерусалим.
Како претставник на Комисијата за здравство, на меѓународната конференција на СЗО ќе учествува членот на Комисијата, г. Андреј Петров.
Прочитај повеќе
Четврток, 24 ноември 2011 година
Средба на претседателот на Комитетот за односи меѓу заедниците, г-ѓа Ермира Мехмети, со претставникот на УНДП, г. Грегори Атила Конор
Претседателот на Комитетот за односи меѓу заедниците, г-ѓа Ермира Мехмети, на 21 ноември 2011 година, на барање на г. Грегори Атила Конор, претставник на УНДП и специјалист за мир и развој, во Собранието на Република Македонија одржа средба на тема активности на Комитетот за односи меѓу заедниците за 2012 година и притоа го поздрави и запозна гостинот со темите кои ќе бидат разгледувани на идните седници на Комитетот за односи меѓу заедниците
Прочитај повеќе
Понеделник, 14 ноември 2011 година
Учество на пратеникот Радмила Шекеринска на презентација на Транзицискиот извештај за 2011 година на Европската банка за обнова и развој
Претседателот на Националниот совет за евроинтеграции, г-ѓа Радмила Шекеринска, ќе учествува во презентацијата на Транзицискиот извештај за 2011 година на Европската банка за обнова и развој, која ќе се одржи на 15 ноември 2011 година, во седиштето на ЕБОР во Лондон
Прочитај повеќе
Петок, 11 ноември 2011 година
Комисијата за еднакви можности меѓу жените и мажите ќе има средба со вицепремиерката Теута Арифи
Средбата е на барање на собраниската комисија заради подобра координација околу прибирањето и давањето информации за изработка на Извештајот на европската комисија во делот на родовата рамноправност
Прочитај повеќе
Четврток, 10 ноември 2011 година
Клубот на пратенички го разгледуваше Предлог-буџетот на Република Македонија за 2012 година, во делот на родовата рамноправност
По обемна дискусија беше донесен заклучок да се поднесат амандмани на Предлог–буџетот на Република Македонија за 2012 година и тоа
Прочитај повеќе
Вторник, 8 ноември 2011 година
Средба на потпретседателот Јакимовска со стипендистите на ИПС

Потпретседателот на Собранието на Република Македонија, г-ѓа Светлана Јакимовска, денеска ги прими Горан Јорданоски, Тијана Росо и Марија Чорбева, кои пет месеци како стипендисти на Меѓународната парламентарна стипендија (ИПС) престојуваа во Бундестагот
Прочитај повеќе