Петта регионална конференција на истражувачките служби во п...

Петта регионална конференција на истражувачките служби во парламентите

Во организација на Парламентарниот институт при Собранието на Република Северна Македонија, на 31 мај се одржа петтата јубилејна Регионална конференција на истражувачките служби при парламентите на земјите од регионот, на тема „Пописи на население и домаќинства во земјите од Југоисточна Европа“. 

Прочитај повеќе

ЕДУКАТИВЕН СЕМИНАР ЗА СТУДЕНТИ...

ЕДУКАТИВЕН СЕМИНАР ЗА СТУДЕНТИ

Во функција на зголемување на отвореноста на законодавната власт и вклучување и информирање на јавноста за работата на Собранието, Парламентарниот институт организира еднодневни едукативни семинари за студенти од акредитираните универзитети во Република Северна Македонија, на тема: „Парламентот (Собранието) како основна институција на парламентарното право“.

Прочитај повеќе

ОДРЖАНА РАБОТИЛНИЦА СО НАДВОРЕШНИТЕ СОРАБОТНИЦИ НА ПРАТЕНИЧ...

Четврток, 21 март 2019 година

ОДРЖАНА РАБОТИЛНИЦА СО НАДВОРЕШНИТЕ СОРАБОТНИЦИ НА ПРАТЕНИЧКИТЕ ГРУПИ ВО СОБРАНИЕТО

Во организација на Парламентарниот институт при Собранието на Република Северна Македонија, а подржано од Швајцарската амбасада во Република Северна Македонија и Националниот демократски институт (НДИ) за Република Северна Македонија, во Кавадарци се спроведе Работилница за надворешните соработници на пратеничките групи на тема: „Зајакнување на административните капацитети во насока на јакнење на законодавната функција на Собранието: постапка за донесување закони, номотехнички правила на изработка на прописи, постапка за донесување буџет и усогласување на домашното со ЕУ законодавството“.

Прочитај повеќе

„ИМАМ СТАВ!“ - НОВА ЕДУКАТИВНА АКТИВНОСТ НА ПАРЛАМЕНТАРНИОТ...

„ИМАМ СТАВ!“ - НОВА ЕДУКАТИВНА АКТИВНОСТ НА ПАРЛАМЕНТАРНИОТ ИНСТИТУТ 

Во февруари 2019 година, Парламентарниот институт започна со реализација на новата едукативната активност за ученици од средно образование, симулацијата „Имам став!“. 

Едукативната активност „Имам став!“ претставува симулација на процесот на разгледување предлог-закон во рамките на Собранието на Република Северна Македонија. 

Прочитај повеќе

„ДЕТСКИ ПАРЛАМЕНТ” ВО СОБРАНИЕТО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА...

Понеделник, 24 септември 201 година

„ДЕТСКИ ПАРЛАМЕНТ” ВО СОБРАНИЕТО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Парламентарниот институт на Собранието на Република Македонија, за прв пат организираше „Детски парламент” за 89 ученици од 15 училишта од 15 општини во Република Македонија.

Прочитај повеќе

Повеќе информации за законодавната власт за слепите и слабо...

Четврток, 14 јуни 2018 година

Повеќе информации за законодавната власт за слепите и слабовидните лица 

Парламентарниот институт на Собранието на Република Македонија, во соработка со Националниот сојуз на слепите, организираше тркалезна маса, на која со претставници на здруженијата на слепи и слабовидни лица од повеќе градови од Република Македонија, беа споделени информативните материјали за Собранието на Брајово писмо.

Прочитај повеќе

ВРАБОТУВАЊЕ ВО ПАРЛАМЕНТАРНИОТ ИНСТИТУТ...

Понеделник, 30 април 2018 година

ВРАБОТУВАЊЕ ВО ПАРЛАМЕНТАРНИОТ ИНСТИТУТ НА СОБРАНИЕТО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Парламентарниот институт како Посебна организациона единица на Собранието на Република Македонија ги пополнува своите капацитети со вработување високо квалификуван кадар на седум слободни позиции. 

Прочитај повеќе

ИЗРАБОТЕНИ 300 АНАЛИЗИ И ИСТРАЖУВАЊА ЗА ПОТРЕБИТЕ НА ПРАТЕН...

Среда, 11 април 2018 година

ИЗРАБОТЕНИ 300 АНАЛИЗИ И ИСТРАЖУВАЊА ЗА ПОТРЕБИТЕ НА ПРАТЕНИЦИТЕ

Парламентарниот институт (ПИ) е служба на Собранието за истражување и анализи за поддршка на пратениците. Оперативен од средината на 2014 година до денес, Парламентарниот институт предаде вкупно 318 анализи по барање од пратениците и 65 самоиницијативни истражувања. Документите се достапни до сите пратеници во Собранието во хартија и преку посебен софтвер.

Прочитај повеќе

ПРОЦЕНКА НА ПРОГРАМИТЕ ЗА ЕДУКАЦИЈА И КОМУНИКАЦИЈА СО ЈАВНО...

Среда, 11 април 2018 година

ПРОЦЕНКА НА ПРОГРАМИТЕ ЗА ЕДУКАЦИЈА И КОМУНИКАЦИЈА СО ЈАВНОСТА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ВО СОРАБОТКА СО СЛУЖБАТА НА ПАРЛАМЕНТОТ НА ШВАЈЦАРСКАТА КОНФЕДЕРАЦИЈА

Парламентариот институт спроведува програми за информирање и едукација на ученици и студенти, граѓански организации и општо за граѓани. Овие програми се одвиваат во форма на семинари, дебати и отворени денови во Собранието на Република Македонија. Само во 2017 година повеќе од 660 ученици и студенти и над 5000 граѓани го посетија Собранието.

Прочитај повеќе

ПРОФЕСИОНАЛИЗАМ, ЕТИКА И ИНТЕГРИТЕТ - НАПРЕДНА ОБУКА ЗА СЛУ...

28 март 2018 година

ПРОФЕСИОНАЛИЗАМ, ЕТИКА И ИНТЕГРИТЕТ - НАПРЕДНА ОБУКА ЗА СЛУЖБАТА НА СОБРАНИЕТО

Во периодот од 26 до 28 март 2018 година во Едукативниот центар на Парламентарниот институт беше одржана напредна обука на тема Професионална етика и интегритет, наменета за собраниската служба.

Прочитај повеќе
123...5      
Click