Работни тела

Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците


k-polsis@sobranie.mk

Комисијата има претседател, дванаесет члена и нивни заменици.

Комисијата ги разгледува прашањата што се однесуваат за:

  • функционирање на политичкиот систем; 
  • менување на границите на Републиката;
  • државните симболи и нивната употреба;
  • судството, адвокатурата и јавното обвинителство;
  • амнестија и помилување;
  • слобода на движењето и слобода на изборот на живеалиштето;
  • матична евиденција и заштита на личните податоци;
  • лични имиња, лични карти и патни исправи;
  • попис на населението;
  • системот на јавното информирање;
  • право на здружување на граѓаните и политичко организирање,
  • избирачко право и начин на избор на пратеници, претседателот на Република Македонија, членовите на советите и градоначалниците;
  • референдум;
  • народниот правобранител;
  • Македонската православна црква како и Исламската верска заедница во Македонија, Католичката црква, Евангелско-методистичката црква, Еврејската заедница и други верски заедници и религиозни групи;
  • одликувања, признанија и награди;
  • празниците на Република Македонија;
  • организација на државната управа;
  • право на употреба на јазиците и писмата на заедниците;
  • гарантирање на заштитата на етничкиот,  културниот, јазичниот и верскиот идентитет на заедниците
  • воспоставуање меѓународна соработка за прашања кои се однесуваат на политичките системи и односите меѓу заедниците и 
  • други прашања што се однесуваат на политичкиот систем и односите меѓу заедниците.

 

Претседател: Владимир Ѓорчев
Заменик на претседателот: Нада Ципушева
Членови: 1. Трајчо Димков 
2. Зоран Илиоски
3. Ќенан Хасипи
4. Ане Лашкоска
5. Дајанчо Ефтимов
6. Иван Иванов
7. Рафис Аљити
8. Артан Груби
9. Ернад Фејзула
10. Роза Топузова-Каревска
11. Рената Дескоска
12. Енес Ибрахим
Заменици на членовите: 1. Антонијо Милошоски
2. Даниела Рангелова
3. Ѓоко Камчев
4. Магдалена Манаскова
5. Соња Талевска
6. Јасминка Дамческа
7. Рамис Мерко
8. Муса Ибраими
9. Беким Фазлиу
10. Бетаине Китев
11. Петре Шилегов
12. Горан Милевски
Click