Вторник, 28 септември 2012 година

Шеснаесетта седница на Комисијата за економски прашања

Комисијата за економски прашања на Собранието на Република Македонија, на Шеснаесеттата седница, одржана на 19 септември 2012 година, како матично работно тело, во второ читање, ги разгледа



Среда, 26 септември 2012 година

Јавна расправа на тема: „Национален акциски план за имплементација на Резолуцијата 1325 на Советот за безбедност на ОН“ (нацрт-верзија)

Комисијата за еднакви можности на жените  и мажите на Собранието на Република Македонија  одржа јавна расправа на тема: „Национален акциски план за имплементација на Резолуцијата 1325 на Советот за безбедност на ОН“ (нацрт-верзија).



Вторник, 25 септември 2012 година

Четириесетта седница на Комисијата за финансирање и буџет

Комисијата за финансирање и буџет на Собранието на Република Македонија на Четириесеттата  седница  одржана денеска, како матично работно тело го разгледа:



Петок, 21 септември 2012 година, Стразбур

Обраќање на претседателот Вељаноски на втората сесија: Дали претставничката демократија е во криза? Предизвиците на националните парламенти

Иако демократијата е еден од досега најоптималните и најсмислените начини на организирање на политичката заедница, тој несомнено е динамичен процес кој има потреба од постојан развој. Демократијата воедно има свои слабости и апсурди кои создаваат можност и простор за појава на одделни дилеми, сомнежи, потхранување на теории на заговор и антидемократски сили и цели, што денес е евидентно во европските држави и во светот



Петок, 21 септември 2012 година

Триесет и седма седница на Комисијата за транспорт, врски и екологија

Комисијата за транспорт, врски и екологија на Собранието на Република Македонија, на Триесет и седмата седница, одржана на 19 септември 2012 година, како матично работно тело, го разгледа Предлогот на националната стратегија за води



Петок, 21 септември 2012 година

Деветнаесетта седница на Комисијата за образование, наука и спорт

Комисијата за образование, наука и спорт на Собранието на Република Македонија, на 19. седница, одржана на 18 септември 2012 година, во второ читање го разгледа Предлог-законот за дополнување на Законот за високото образование



Петок, 21 септември 2012 година

Триесет и деветта седница на Комисијата за финансирање и буџет

Комисијата за финансирање и буџет на Собранието на Република Македонија, на Триесет и деветтата седница, одржана на 18 септември 2012 година, како матично работно тело, во второ читање, ги разгледа



Четврток, 20 септември 2012 година, Стразбур

Обраќање на претседателот Вељаноски на првата сесија: Иднината на Европскиот суд за човекови права: улогата на националните парламенти

Најнапред сакам да се заблагодарам на можноста да учествувам во расправата за иднината на европскиот систем за заштита на човековите права. Од своето настанување, Европската конвенција за заштита на човековите права и основни слободи и Европскиот суд до денешните денови се потврдија како исклучително важен меѓународно правен документ и инструмент кој е длабоко вкоренет во правно политичкиот систем на нашите држави.



Четврток, 20 септември 2012 година

Претседателот Вељаноски на Конференција на претседатели на парламенти во Стразбур

Претседателите на парламентите на 47 земји-членки на Советот на Европа, државите набљудувачи и соседи, како и претседателите на меѓупарламентарните собранија, се состануваат на 20 и 21 септември во Стразбур. Делегацијата на Собранието на Република Македонија ќе ја предводи претседателот на законодавниот дом, г. Трајко Вељаноски



Вторник, 18 септември 2012 година

Деветнаесетта седница на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство

Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство на Собранието на Република Македонија, на 19. седница, одржана денеска, како матично работно тело во второ читање ги разгледа:

  1. Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за земјоделство и рурален развој, по скратена постапка;
  2. Предлог закон за изменување и дополнување на Законот за ветеринарно здравство.

На седницата, во својство на претставници на Владата на Република Македонија, присуствуваа: г. Љупчо Димовски, министер за земјоделство, шумарство и водостопанство и г. Дејан Рунтевски, директор на Агенцијата за храна и ветеринарство.

Заменик-претседателот на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство ги извести пратениците дека во определениот рок утврден со Деловникот на Собранието на Република Македонија, поднесени се вкупно три амандмани по Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за земјоделство и рурален развој.

Во претресот по амандманите учествуваа пратениците: г. Панче Орцев, г. Борче Ставров, г. Ванчо Апостолов, г. Малиша Станковиќ, г. Саве Марачков, г. Славе Гошев, г. Ивон Величковски, г. Ромео Тренов, г. Васко Пашовски, како и министерот Димовски.

Комисијата не усвои ниту еден од поднесените амандмани.

Во определениот рок утврден со Деловникот на Собранието на Република Македонија по Предлог закон за изменување и дополнување на Законот за ветеринарно здравство, поднесени се 2 амандмани од овластени предлагачи кои Комисијата не ги усвои. 

Во претресот по амандманите учествуваа пратениците: г. Панче Орцев, г. Ивон Величковски и директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, г. Дејан Рунтевски.

Врз основа на член 149 став 2 од Деловникот на Собранието на Република Македонија, на Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за ветеринарно здравство Комисијата за земјоделство шумарство и водостопанство, разгледа и усвои 4 амандмани.

По расправата, Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство заклучи Предлог-законите да се проследат на натамошна постапка во Собранието на Република Македонија.



Понеделник, 17 септември 2012 година

Претседателот Вељаноски го прими еврокомесарот г. Штефан Филе, задолжен за проширување и европска соседска политика

Изразувајќи задоволство од средбата, претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски, истакна дека Собранието, како и досега, покажува институционален капацитет да одговори и да ги реализира сите обврски кои произлегуваат од Пристапниот дијалог на високо ниво со Европската унија

Понеделник, 17 септември 2012 година

Процесот на Пристапниот дијалог на високо ниво е успешен

Во рамките на 11. седница на Националниот совет за евроинтеграции, на која учествуваа и Комисијата за европски прашања, Комисијата за надворешна политика и Мешовитиот парламентарен комитет РМ-ЕУ, свое обраќање имаше г. Штефан Филе, комесар за проширување и европска соседска политика на Европската комисија.



Понеделник, 17 септември 2012 година

Конференција За Демократија и родова еднаквост

На 14 септември 2012 година (петок), во пресрет на Меѓународниот ден на демократијата - 15 Септември, Клубот на жени пратенички, Македонското женско лоби, ЖГИ АНТИКО и Националниот совет за родова рамноправност СОЖМ одржа конференција на тема „Демократијата и родовата еднаквост”. Конференцијата беше организирана со поддршка од Обиденитетите нации, Националниот демократски институт, Фондацијата „Конрад Аденауер“ и Фондацијата „Фридрих Еберт“



Петок, 14 септември 2012 година

Обраќање на претседателот Вељаноски на Конференција-дискусија по повод 15 Септември, Меѓународниот ден на демократијата, на тема: „Демократијата и родовата еднаквост"

Политиката на родовата рамноправност и зајакнувањето на жените, претставува едно од фундаменталните начела на демократијата и општествениот поредок.Родовата рамноправност е загарантирана со Уставот како највисок правен акт во државата. Справувањето со постојните родови нееднаквости, подразбира да се работи различно со жените и мажите, бидејќи тие честопати имаат различни потреби и приоритети, се соочуваат со различни пречки, имаат различни аспирации и придонесуваат кон развојот на општеството на различни начини



Четврток, 13 септември 2012 година

СРЕДБА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ВЕЉАНОСКИ СО Г-ЃА ЏЕЈН АРМЕТИЏ

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски, денеска оствари средба со директорот на Светската банка за Југоисточна Европа, г-ѓа Џејн Арметиџ и директорот на Светската банка за Република Македонија, г-ѓа Лилија Бурунчук.

Среда, 12 септември 2012 година

ЈАВНА РАСПРАВА НА НАЦИОНАЛНИОТ СОВЕТ ПО ПРЕДЛОГ-ЗАКОНОТ ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ПОЛИЦИЈА

Националниот совет за евроинтеграции денеска одржа јавна расправа по Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за полиција. Донесувањето на законот за изменување и дополнување на Законот за полиција е предвидено со Националната програма за усвојување на правото на Европската унија-ревизија 2012 година

Среда, 12 септември 2012 година

Дваесет и четврто издание на билтенот на МПК РМ-ЕУ

Најновото издание на Билтенот на Мешовитиот парламентарен комитет – Република Македонија и Европската унија (МПК – РМ и ЕУ) ги пренесува активностите на Собранието на Република Македонија во периодот на месец јули и август 2012 година. Посебен акцент бележи средбата претседателот на Собранието. г. Трајко Вељаноски, со г. Бан Ки Мун, генерален секретар на Обединетите нации (ОН) и неговото обраќање пред пратениците во Собранието на Република Македонија.



Вторник, 11 септември 2012 година

СРЕДБА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ВЕЉАНОСКИ СО НОВОИМЕНУВАНИОТ АМБАСАДОР НА ДРЖАВАТА ИЗРАЕЛ ЗА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА, Н.Е. ЈОЗЕФ АМРАНИ

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски, изразувајќи задоволство за средбата, истакна дека Република Македонија и Израел имаат одлични релации на политичко ниво,  но и дека секогаш постои можност за унапредување на соработката во сите сфери од заемен интерес.



Вторник, 11 септември 2012 година

Македонија и Израел – држави со плодна соработка

Пратеникот Павле Трајанов, во својство на претседател на Парламентарната група за соработка со Парламентот на Државата Израел, денеска оствари средба со Н.Е. Јозеф Амрани, вонреден и ополномоштен амбасадор на Државата Израел за Република Македонија, со седиште во Загреб



Понеделник, 10 септември 2012 година

Триесет и осма седница на Комисијата за финансирање и буџет

Комисијата за финансирање и буџет на Собранието на Република Македонија, на Триесет и осмата седница, одржана на 6 септември 2012 година, како матично работно тело ги разгледа



Понеделник, 10 септември 2012 година

Петнаесетта седница на Комисијата за економски прашања

Комисијата за економски прашања на Собранието на Република Македонија, на Петнаесеттата седница, одржана на 5 септември 2012 година, како матично работно тело, во прво читање, ги разгледа



Понеделник, 10 септември 2012 година

Пленарна седница на Европарламентот

Европскиот парламент од 10 до 13 септември, во Стразбур, ќе одржи пленарна седница, на која ќе стане збор за клучните приоритети на Европската унија во блиска иднина



Петок, 7 септември 2012 година

Обраќање на претседателот Вељаноски на прием по повод 8 Септември - Денот на независноста

Референдумот на 8 септември 1991 година, кога над 95 проценти од граѓаните се изјаснија за самостојна и независна Македонија, е нашата најголема современа победа. Референдумот ја потврди идејата, стремежите и определбите на сите оние претходни генерации втемелени во двата Илиндена, а тоа е самостојна и независна Република Македонија, како држава на македонскиот народ и на сите нејзини граѓани.



Петок, 7 септември 2012 година

Прием на претседателот вељаноски по повод 8. Септември-Денот на независнота

По повод 8 Септември - Денот на независноста, претседателот на Собранието на Република Македонија, господин Трајко Вељаноски, вечерва ќе приреди свечен прием



Четврток, 6 септември 2012 година

Осумнаесетта седница на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство

Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство на Собранието на Република Македонија, на вчерашната 18. седница, како матично работно тело, во прво читање, го разгледа Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за ветеринарно здравство



Четврток, 6 септември 2012 година

Дваесет и прва седница на Комисијата за надворешна политика

Комисијата за надворешна политика на Собранието на Република Македонија, на седницата одржана на 3 септември 2012 година, ги разгледа:



Вторник, 4 септември 2012 година

Седумнаесетта седница на Комисијата за одбрана и безбедност

Комисијата за одбрана и безбедност на Собранието на Република Македонија, на Седумнаесеттата седница, одржана на 3 септември 2012 година, како матично работно тело, го разгледа:



Вторник, 4 септември 2012 година

Триесет и трета седница на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците

Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците на Собранието на Република Македонија, на Триесет и третата седница, одржана на 29 август 2012 година, во второ читање го разгледа:

Понеделник, 3 септември 2012 година

Европарламентот започнува со работа

Летната пауза заврши за европратениците и тие веќе денеска продолжуваат со својата работа. Оваа седмица политичките групи и комисии во Европскиот парламент ќе одржат состаноци на кои ќе се подготвуваат за септемвриската пленарна седница.

Денеска европратениците ќе расправаат за начините за создавање на вистински економски сојуз, а ќе се одржи и јавна расправа за тоа како да се олесни преминот од итна ЕУ помош во долгорочна развојна соработка, базирана на искуствата од Хаити, Авганистан и Нигер.

Исто така, Комисијата за граѓански слободи ќе гласа по предлогот за ограничување на пристапот до хемикалиите коишто можат да се користат за создавање експлозив дома, кој потоа се користи за терористички напади.

Истата комисија ќе гласа и по договорот на Советот за Европската година на граѓаните - 2013, година која ќе биде посветена на подигнување на свеста за правата кои ги уживаат граѓаните, посебно кога се движат во друга земја-членка на ЕУ.

В среда, претседателот на Европарламентот, г. Мартин Шулц, ќе оствари контакт со своите пријатели на социјалната мрежа „Фејсбук“, што е шанса за сите оние кои се заинтересирани да добијат одговор на некои прашања. 
Click