Европскиот парламент ќе избира најдобар новинар 8.10.10...



Петок, 8 октомври 2010 година

Европскиот парламент ќе избира најдобар новинар

Претседателот на Европскиот парламент, г. Јержи Бузек, на 13 октомври 2010 година ќе ја додели Наградата за новинарство, со која Парламентот ги одликува новинарите кои се занимавале со важни европски прашања или придонеле за подобро разбирање на европските институции и политики

Прочитај повеќе

Европарламентот даде „зелено светло“ за безвизниот режим за...



Петок, 8 октомври 2010 година

Европарламентот даде „зелено светло“ за безвизниот режим за БиХ и Албанија

Пратениците на Европскиот парламент на дводненвната пленарна сесија во Брисел (пред завршното гласање за визната либерализација), им честитаа на Албанија и на Босна и Херцеговина за усвоените европски стандарди во областите на правдата, слободата и безбедноста, и ги повикаа земјите-членки на ЕУ да дадат „зелено светло“ за безвизниот режим

Прочитај повеќе

Советот на Европа посветен на надворешната политика 17.9.10...



Петок, 17 септември 2010 година

Европскиот Совет посветен на надворешната политика

На вчерашниот самит на Европскиот совет во Брисел, шефовите на држави и влади на 27-те земји-членки од Европската унија се договорија во иднина да одржуваат редовни состаноци за надворешната политика на Унијата, со цел да се зголеми нејзината ефективност

Прочитај повеќе

Прво годишно обраќање на претседателот на Еврокомисијата 7....



Вторник, 7 септември 2010 година

Прво годишно обраќање на претседателот на Еврокомисијата

Претседателот на Европската комисија, г. Жозе Мануел Баросо, го имаше првото годишно обраќање пред Европскиот парламент во Стразбур, во кое главниот акцент го стави на европската економија

Прочитај повеќе

Крај на продажбата на 75-ватните светилки 1.9.10...



Среда, 1 септември 2010 година

Крај на продажбата на 75-ватните светилки

Од денеска 75-ватните светилки во облик на крушка заминуваат во историјата. Нивната продажба ќе продолжи само додека се потрошат залихите. На сцена стапуваат новите светилки, кои генерираат многу помалку топлина и кои носат заштеда со оглед на тоа што траат од 6 до 10 пати подолго од старите

Прочитај повеќе

ЕУ порача Македонија да продолжи со реформите 28.7.10...



Среда, 28 јули 2010 година

ЕУ порача Македонија да продолжи со реформите

На вчерашниот Седми состанок на Советот за стабилизација и асоцијација меѓу Република Македонија и Европската унија во Брисел, беа разгледани клучните настани поврзани со исполнувањето на политичките критериуми. Од Република Македонија беше побарано да продолжи со реформите, во однос на подобрување на политичкиот дијалог, професионализација на јавната администрација, независност на судството, борба против корупцијата, подобрување во полето на човекови права и подобрување на бизнис средината

Прочитај повеќе

Седми состанок на Советот за стабилизација и асоцијација ме...



Вторник, 27 јули 2010 година

Седми состанок на Советот за стабилизација и асоцијација меѓу Република Македонија и ЕУ

Постигнувањата на Република Македонија на патот кон членство во Европската унија, политичките и економските критериуми, спроведувањето на Спогодбата за стабилизација и асоцијација, финансиската соработка и приспособувањето кон ЕУ законодавството, ќе бидат разгледани на денешниот Седми состанок на Советот за стабилизација и асоцијација меѓу Република Македонија и ЕУ

Прочитај повеќе

Исланд преговара за членство во ЕУ 27.7.10...



Вторник, 27 јули 2010 година

Исланд преговара за членство во ЕУ

Денеска започнуваат преговорите за членство на Исланд во Европската унија, кои опфаќаат 30 поглавја. Министрите за надворешни работи на ЕУ вчера во Брисел дадоа зелено светло за почеток на пристапни преговори со оваа земја, но исто така побараа од официјален Рејкјавик да го реши спорот со Холандија и Велика Британија околу обесштетувањето на нивните штедачи во пропаднатите исландски банки

Прочитај повеќе

Познати трите филмови кандидати за наградата на Европарламе...



Вторник, 27 јули 2010 година

Познати трите филмови кандидати за наградата на Европарламентот

Академија Платон“ (на Филипос Цитос - Грција, Германија), „Странци“ (на Фео Аладаг – Германија) и „Незаконски“ (на Оливие Масе-Депас – Белгија) се трите од вкупно десетте номинирани филмови кои ќе се борат за филмската награда „Лукс“, која ја доделува Европскиот парламент

Прочитај повеќе

ЕУ ја засилува борбата против тероризмот 21.7.10...



Среда, 21 јули 2010 година

ЕУ со заеднички сили во борбата против тероризмот

Заедничка борба против тероризмот на земјите-членки на Европската унија, е целта на Европската комисија во наредниот период. Комисијата смета дека  досега не се водело доволно сметка за заштита од тероризмот и затоа потребни се итни мерки.

Прочитај повеќе

Белгија го презема претседавањето со ЕУ 1.7.10...



Четврток, 1 јули 2010 година

Белгија го презема претседавањето со ЕУ

Од денеска, 1 јули 2010 година, Шпанија официјално ѝ го предава на Белгија ротационото претседателство со Европската унија. Меѓу приоритетите во наредните шест месеци, оваа држава го има и проширувањето на Унијата со земјите од Западен Балкан

Прочитај повеќе

Стапи на сила Конвенцијата за заштита на децата од сексуалн...



Четврток, 1 јули 2010 година, Совет на Европа

Стапи на сила Конвенцијата за заштита на децата од сексуална злоупотреба

Денеска стапува на сила Конвенцијата на Советот на Европа за заштита на децата од сексуална експлоатација и сексуална злоупотреба, која претставува прв меѓународен инструмент за сузбивање на сите форми на сексуалното насилство врз децата, вклучувајќи го и семејното насилство

Прочитај повеќе

Летен универзитет за демократија во Стразбур 29.6.10...



Вторник, 29 јуни 2010 година

Летен универзитет за демократија во Стразбур

Во Стразбур се одржува петтиот Летен универзитет за демократија, којшто годинава е посветен на „Кризата на лидерството" и на кој учествуваат околу 600 студенти од факултети за политички науки од 16 европски држави.

Летниот универзитет има за цел да ја обучи следната генерација на политички, економски, социјални и културни лидери во земјите во транзиција. Тој претставува клучен собир на млади лидери, работници во јавниот сектор на Нова Европа, можност за одржување дебати, размена на идеи и обид да се одговори на актуелните прашања.

„Неопходни ни се политички лидери кои можат да понудат едно мултикултурно општество, кои ќе понудат повеќе од говори на страв и одржување на статус кво. Потребно ни е лидерство кое може да ни понуди доверба во едно либерално-демократско општество базирано на идејата за човекови права, со постојана рационална и критичка дебата“, изјави генералниот секретар на Европскиот совет, г. Торбјорн Јагланд, во своето воведно излагање.

На Летниот универзитет учествува и македонскиот вицепремиер, г. Васко Наумовски.

Прочитај повеќе

ЕУ лидерите ја јакнат буџетската контрола 18,06,10...



Петок, 18 јуни 2010 година

ЕУ лидерите ја јакнат буџетската контрола

На вчерашниот самит во Брисел, лидерите на ЕУ постигнаа договор за зголемување на буџетската дисциплина и транспарентноста во работењето на банките за да ја одбранат зоната на еврото, пред сè поради кризата во Шпанија.

Прочитај повеќе

ЕУ посветена на европерспективата на Западен Балкан 15.06.1...



Вторник, 15 јуни 2010 година

ЕУ посветена на европерспективата на Западен Балкан

Советот на министри на Европската унија вчеравечер ја потврди „недвосмислената посветеност на ЕУ на европската перспектива на Западен Балкан“, а воедно и ги поздрави напорите кои земјите од овој регион ги преземаат во насока на поскоро спроведување на реформите во клучните области, особено во областа на владеењето на правото, борбата против корупцијата и организираниот криминал

Прочитај повеќе
12345      
Click