2009

    Средба на ПСРМ со новоизбраниот претседател Ѓорге Иванов...

    

    Четврток, 23 април 2009 година

    Средба на претседателот на Собранието на Република Македонија г. Трајко Вељаноски и новоизбраниот претседател на Република Македонија г. Ѓорге Иванов

    Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски денеска оствари средба со новоизбраниот претседател на Република Македонија Ѓорге Иванов. На средбата посебно внимание беше посветено на натамошното продлабочување на соработката меѓу двете највисоки институции во државата. Претседателот на Собранието на Република Македонија Трајко Вељаноски и претседателот Ѓорге Иванов истакнаа дека тоа продлабочување на соработката е потребно заради поефикасно функционирање на сите државни институции, секако почитувајќи ги уставните и законските надлежности.

    Прочитај повеќе

    Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Тра...

    

    Вторник, 17.03.2009, Белград

    Претседателот на Собранието на Република Македонија, г.Трајко Вељаноски се сретна со претседателот на Народното Собрание на Република Србија, г-ѓа Славица Ѓукиќ Дејановиќ

    На средбата и двајцата претседатели изразија взаемно задоволство од заживувањето на парламентарната соработка и се заложија за нејзино продлабочување и зајакнување. Претседателот на Собранието, г. Трајко Вељаноски ги повика парламентарните групи за соработка и комисиите на двата парламенти да ја обноват и интензивираат соработката. Претседателот на Собранието Вељаноски на својата домаќинка и ги пренесе искуствата и укажувањата кои произлегле од активностите и средбите кои ги имаше во регионот и на неодамнешната Конференцијата на претседателите на парламенти на земјите членки на ЕУ во Париз.Исто така акцент беше ставен и на активности со кои се поттикнувањето на маѓусоседска и регионална соработка во сите области.

    Прочитај повеќе

    Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Тра...

    

    Вторник, 17.03.2009, Белград

    Претседателот на Собранието на Република Македонија, г.Трајко Вељаноски во рамките на дводневната официјална посета на Република Србија се сретна со претседателот на Владата на Република Србија, г. Мирко Цветковиќ

    Претседателот на Собранието на Република Македонија, г.Трајко Вељаноски и претседателот на Владата на Република Србија, г.Мирко Цветковиќ посетата ја оценија како исчекор во обновувањето на духот на добрососедството, довербата и пријателскиот однос на двете соседни земји. На почетокот на средбата претседателот Вељаноски информираше за претстојните претседателски и локални избори кои се значајни за земјата и за нашето европско интегрирање. Во контекст на евроинтегративниот процес претседателот Вељаноски истакна дека Република Македонија ги исполни условите за добивање на визна либерализација, како и за добивање на датум за отпочнување на преговорите. И премиерот Цветковиќ изрази надеж дека Република Србија ќе добие визно олеснување во текот на оваа 2009 година и дека ќе го продолжи понатамошното чекорење кон европското интегрирање.

    Прочитај повеќе

    Средби на претседателот на Собранието на Република Македони...

    

    Сабота, 28.02.2009, Париз

    Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски кој учествува на коференцијата на претседателите на државите членки на ЕУ оствари повеќе билатерални средби со своите колеги


    Претседателот на Собранието на Република Македонија Трајко Вељаноски на прием ка францускиот претседател Никола Саркози

    Прочитај повеќе

    Средба на претседателот Вељаноски со новоименуваниот амбаса...

    

    Вторник, 10.03.2009

    Претседателот на Собранието на Република Македонија Трајко Вељаноски денеска го прими новоименуваниот амбасадор на Република Албанија во Република Македонија неговата екселенција Арбен Чејку

    На средбата претседателот на Собранието господинот Трајко Вељаноски уште еднаш ги истакна добрососедските односи меѓу двете држави, а во тие рамки соработката на двата парламента и тоа на сите нивоа. Оваа соработка и односи треба и понатаму да се развиваат и притоа како нова димензија и квалитет да биде регионалната соработка. Во тие рамки истакна претседателот Трајко Вељаноски дека посебно место има Коридорот 8 за што со претседателката на Албанскиот парламент госпоѓа Јозефина Топали разговарале за време на посетата во Тирана. На средбата абасадорот на Република Албанија Арбен Чејку пренесувајќи ги поздравите на претседателката на Албанскиот парламент Јозефина Топали упатени до претседателот на Собранието на Република Македонија Трајко Вељаноски, истакна дека Албанија во Република Македонија гледа како значаен партнер во билатералната, но и во регионалната соработка. Затоа верува дека таа соработка и понатаму ќе ја развиваме бидејќи е во заеднички интерес и на регионот и на Европа.

    Прочитај повеќе

    Средба на претседателот на Собранието г.Трајко Вељаноски со...

    

    Вторник,10.03.2009 година, Скопје

    Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски денеска го прими претседателот на Владата на Република Чешка и претседавач на Европскиот совет, г. Мирек Тополанек кој е во официјална посета на Република Македонија

    Истакнувајќи ги добрите билатерални односи помеѓу двете држави, а во тие рамки и на двата парламента, претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски посебно истакна дека Собранието многу сериозно работи на хармонизација со европското законодавство и на остварување на реформите. Потсетувајќи дека за десет дена кај нас ќе се одржат претседателски и локални избори, претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски истакна дека следејќи го досегашниот тек на изборниот процес вклучувајќи ја тука и кампањата изборите ќе поминат во фер и демократска атмосфера. Сакам да потсетам дека Република Македонија одамна ги има исполнето сите услови, и законски и технички кога станува збор за либерализација на визниот режим. Затоа очекуваме дека Европската комисија, за време на вашето претседателствување, ќе донесе одлука за визна либерализација, а до крајот на годината очекуваме да го добиеме и датумот за отпочнување на преговори. Претседавачот со Европската комисија и претседател на чешката Влада, г. Мирек Тополанек, истакна дека Чешка и понатаму ќе ја остварува политиката на отворени врати кога станува збор за проширување на Европската унија. Во тие рамки Чешка, како и досега, принципиелно ќе ја поддржува Република Македонија на нејзиниот пат во евроатлантските структури. 
     

    Прочитај повеќе

    ПСРМ Трајко Вељаноски во Нови Сад...

    

    Среда, 18.03.2009, Нови Сад

    Претседателот на Собранието на Република Македонија Трајко Вељаноски денеска во Нови Сад се сретна со претседателот на Собранието на Автономна Покраина Војводина, г.Шандор Егереши

    Во рамките на дводневната посета на Република Србија претседателот на Собранието на Република Македонија , г.Трајко Вељаноски се сретна и со претседателот на Собранието на Автономна Покраина Војводина, г.Шандор Егереши, истакнувајќи притоа дека посетата на Република Србија не би била потполна доколку не ја посетеше и Војводина. За време на срдечните разговори, г.Егереши изрази големо задоволство од посетата на претседателот Вељаноски предлагајќи притоа конкретни теми за поблиска соработка како на локално така и на ниво на стопанственици, со иницијатива за организирање на взаемни стопански форуми во Војводина и во Република Македонија со што би се зајакнала економската соработка. Г.Ергеши иницираше потпишување на рамковна спогодба меѓу парламентите на Република Србија и Република Македонија во која би била опфатена и соработката со Автономната Покраина Војводина за повеќе области, која беше прифатена од страна на претседателот Вељаноски

    Прочитај повеќе

    Делегација во официјална посета на Република Бугарија...

    

    Четврток, 05.03.2009

    Делегација на Собранието на Република Македонија предводена од претседателот г. Трајко Вељаноски, а во која се и пратениците Цветко Грозданов, Роза топузова Каревска , Соња Мираковска во официјална посета на Република Бугарија

    Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски и членовите на нашата делегација од страна на претседатеот на Народното собрание на Република Бугарија, г. Георги Пирински беа дочекани со највисоки државни почести. Претседателот Трајко Вељаноски придружуван од својот домаќин, господин Пирински, положи венец на споменикот на Незнајниот војник.

    Прочитај повеќе

    Претседателот на Собранието на РМ во Париз...

    

    Петок, 27.02. 2009 година, Париз

    Претседателот на Собранието на Република Македонија Трајко Вељаноски во Париз учествува на конференцијата на претседатели на парламентите на Европската Унија

    Претседателот на Собранието на Република Македонија Трајко Вељаноски денеска оствари средба со сенаторот Робер Бадентер. На средбата која помина во пријателска и отворена атмосфера уште еднаш се потврди дека Бадентер е голем пријател на нашата држава и добар познавач на состојбите кај нас и во регионот.

    Прочитај повеќе

    Претседателот Трајко Вељаноски во Софија разговараше со пре...

    

    Петок, 06.03.2009, Софија

    Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски денеска во Софија разговараше со претседателот на Република Бугарија, г. Георги Прванов

    На средбата учествуваа и членовите на нашата делегација, пратениците Цветко Грозданов, Роза Топузова Каревска и Соња Мираковска. Претседателот на Република Бугарија истакна дека добрососедските односи со Република Македонија на сите полиња се еден од основните принципи на бугарската надворешна политика, бидејќи тоа е во интерес како на двете држави, така и на регионот во целост. Наша заложба е Република Македонија да биде интегрирана во евроантлантските структури со што ќе се обезбеди стабилност на целиот регион. Мој личен став и убедување е дека спорот со името не смее да биде пречка за ова - истакна бугарскиот претседател, г. Георги Прванов

    Прочитај повеќе
    1...567        
    Click