2009

    Конференција на претседателите на парламентите на држави ч...

    

    Четврток,26.02.2009, Скопје

    Конференција на претседателите на парламентите на држави членки на Европска унија во Париз

    Претседателот на Собранието на Република Македонија Трајко Вељаноски попладнево замина во Париз каде што ќе учествува на Конференцијата на претседателите на парламентите на државите членки на Европската унија и државите кандидати.На конфернцијата ,на која ќе се расправа на повеќе теми претседателот на Собранието на Република Македонија Трајко Вељаноски ќе учествува на панелот "Улога на парламентите во решавање со кризи ".

    Во текот на дводневната конференција во Париз претседателот на Собранието на Република Македонија Трајко Вељаноски ќе оствари и повеќе билатерални средби со своите колеги претседатели на парламенти на државите членки на ЕУ,а ќе има средба и со Робер Бадентер сенатор во Францускиот сенат.

    Прочитај повеќе

    Билатералните односи помеѓу Република Македонија и Републик...

    

    Средба на претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски со претседателот на Република Словенија, г. Данило Тирк (17.02.2009)

    Билатералните односи помеѓу Република Македонија и Република Словенија во постојан подем

    Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски денеска оствари средба со претседателот на Република Словенија, г. Данило Тирк. На средбата, и двете страни, билатералната соработка ја оценија како односи на две пријателски држави, без отворени прашања, која ги опфаќаат сите сфери, и која е во постојан подем

    Прочитај повеќе

    Прес-конференција на претседателот на Собранието на Републи...

    

    Понеделник, 9 февруари 2009 година, 12 часот, Сала 3

    Прес-конференција на претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски

    Претседателот на Собранието на Република Македонија, господин Трајко Вељаноски ќе одржи прес-конференција на која ќе биде презентиран новиот систем на таканаречениот е- парламент, како и новата веб-страница на Собранието на Република Македонија.
    Станува збор за проект со кој Собранието на Република Македонија, како прво во регионот го воведува системот на подготовки и водење на електронски седници.

    Прочитај повеќе

    Средба со претседателот на владата на Република Бугарија Се...

    

    15 декември 2008

    Средба со претседателот на владата на република Бугарија

    Претседателот на Собранието на Република Македонија, господин Трајко Вељаноски денеска го прими претседателот на Владата на Република Бугарија, г. Сергеј Станишев, кој е во официјална посета на Република Македонија. На средбата, на која присуствуваа и пратениците Љубисав Иванов-Ѕинго, Христина Рунчева, Цветко Грозданов, претседателот Трајко Вељаноски истакна дека билатералните односи меѓу двете држави имаат тренд на нагорна линија и тоа како на билатерално, така и на мултилатерално поле.

    Прочитај повеќе

    За работната посета на г. Кнут Волебек, Висок комесар за на...

    

    Среда, 28 јануари 2009 год. Уставна сала

    за работната посета на г. Кнут Волебек, Висок комесар за национални малцинства, на Република Македонија

    18,15-18,55 ч. 
    Средба со  членовите на Комитетот за односи меѓу заедниците

    Прочитај повеќе

    Официјална посета на Делегација на Големото национално собр...

    

    19 декември 2008

    Официјална посета на Делегација на Големото национално собрание на Република Турција

    Делегација  на Големота национално собрание на Република Турција предводена од претседателот господин Ќоксал Топтан од 21 до 23 декември ќе престојува во официјална посета на Република Македонија. Посетата, која е на покана на  претседателот на Собранието на Република Македонија, господин Трајко Вељаноски е во рамките на високоразвиените односи меѓу двата парламента и редовните средби на највисоко ниво, уште еднаш ги потврдува развиените пријателски односи меѓу Република Македонија и Република Турција.

    Прочитај повеќе

    Oд средбата на претседателот на Собранието на Република Мак...

    

    Вторник, 27 јануари 2009

    Oд средбата на претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски со г-ѓа Каролајн Флинт, министер за Европа на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска

    Претседателот на Собранието на Република Македонија Трајко Вељаноски, на 27 јануари - денеска, ја прими госпоѓа Каролајн Флинт министер за Европа на Обединетот Кралство на Велика Британија и Северна Ирска.

    Прочитај повеќе
    1...567        
    Click