Претседателот на Собранието, г. Трајко Вељаноски, во Стокхо...



Петок, 14 мај 2010 година

Претседателот на Собранието, г. Трајко Вељаноски, во Стокхолм

Денеска во Стокхолм започна дводневна конференција на претседатели на парламенти на државите-членки на Европската унија и на државите-кандидати. Претпладневната сесија беше посветена на Лисабонскиот договор и меѓупарламентарната соработка, а свое излагање имаше претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски

Прочитај повеќе

Обраќање на претседателот на јавна дискусија по повод 8 Апр...



Среда, 7 април 2010 година

ОБРАЌАЊЕ НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ВЕЉАНОСКИ НА ЈАВНАТА ДИСКУСИЈА „кон побрза интеграција и инклузија на ромите во република македонија“

Дозволете на почетокот на сите наши сограѓани, припадници на ромската етничка заедница да им го честитам Меѓународниот ден на Ромите, кој од 1971 година, на 8 април се одбележува ширум светот.
Денес сме овде не само свечено да го одбележиме Меѓународниот ден на Ромите, туку и да погледнеме што сме направиле и што треба да направиме за целосна интеграција на овие наши сограѓани во сите пори на општеството. 

Прочитај повеќе

Обраќање на претседателот на "Macedonia case challange"...



Петок, 26 март 2010 година

Обраќањето на претседателот на собранието вељаноски на отворањето на меѓународниот натпревар за студенти

Ми причинува огромно задоволство денеска да сум овде со вас во рамките на квалификациските натпревари за студенти по европски студии, политички науки, право, економија и информациски технологии.
Посебно ме радува фактот дека на овие натпревари учествуваат студенти како од државните, така и од приватните универзитети во Република Македонија, бидејќи и во високообразовниот процес и факултетите потребна е здрава конкурентност која, пред сè, води кон подигнување на квалитетот на образовниот и научно-истражувачкиот процес на универзитетите. 

Прочитај повеќе

Обраќање на ПСРМ - 9 февруари - Европски ден на безбеде инт...



Вторник, 9 февруари 2010 година

Воведно обраќање на претседателот Вељаноски на јавната расправа по повод 9 февруари - Европски ден на безбеден интернет

Како да обезбедиме побезбеден интернет? Мислам дека одговорот на ова не може да го даде само една институција или една научна дисциплина, туку одговорот треба да го бараме интердисциплинарно и меѓуресорски, а секако во тоа да бидат активно вклучени невладиниот и приватниот сектор. Притоа мора да внимаваме и на уште една димензија, а тоа е да се зачува слободата на говорот и слободата на пристап до информации, односно да не ги повредиме општите начела од корпусот на човекови права.

Прочитај повеќе

Обраќање на ПСРМ на меѓ.раб. на ДКСК...



Понеделник, 8 февруари 2010 година

Обраќањето на претседателот Вељаноски на меѓународната работилница „Судир на интереси и имотна состојба“, организирана од Државната комисија за спречување на корупцијата

Во сузбивањето на оваа појава голема одговорност имаат функционерите кои во своите одлуки секогаш треба да поаѓаат од јавниот интерес, заснован врз законските и другите прописи. Притоа мораат да се издигнат над своите лични, семејни, партиски, па ако сакате и етнички или религиозни интереси. Посебно кога станува збор за судир на интереси, тие имаат лична одговорност за негово идентификување и разрешување во согласност со политиките и практиките за судир на интереси. Неоспорно, ова треба да биде и модел на однесување на сите вработени во државната и јавната администрација.

Прочитај повеќе

Обраќање на ПСРМ по повод наградата Бисери на мудроста...



Среда, 3 февруари 2010 година

Обраќање на претседателот Вељаноски по повод наградата „Бисер на мудроста“, доделена од Европската асоцијација за цервикален канцер

Како пратеник и како претседател на Собранието на Република Македонија навистина ми причинува големо задоволство фактот дека оваа награда, меѓу другите институции и невладини организации, од Македонија ја добива и Комисијата за еднакви можности на жените и мажите при Собранието на Република Македонија. Со ова не само што се потврдуваат активностите и резултатите на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите, туку е и признание за активноста и работењето на Собранието, како и за нивото на парламентаризмот кај нас, кој не се сведува само на процесот на донесување на закони туку многу пошироко. 

Прочитај повеќе

Обраќање на претседателот Вељаноски во Краков на одбележува...



Вторник, 26 јануари 2010 година

Обраќање на претседателот Вељаноски во Краков на одбележувањето на 65-годишнината од ослободувањето на Аушвиц

Верувам дека секој од нас денес, овде, кога ја одбележуваме 65-годишнината од ослободувањето на Аушвиц-Биркенау, немиот сведок на холокаустот, се прашува зошто се случи тоа. Зошто над 6 милиони мажи, жени, деца, старци, беа најбрутално ликвидирани само затоа што беа Евреи. А Бог, кој е еден и без разлика на која религија ѝ припаѓаме, нè учи дека сите сме божји деца и сите сме исти. Ова прашање не треба и не може да се ограничи како лично прашање, тоа е наше заедничко прашање, наша заедничка обврска да не дозволиме да се заборави или избрише историското паметење за холокаустот. Уште поважно е да не дозволиме да се создадат какви било услови за повторување на стравот и ужасот кои ги носеше холокаустот, без разлика кон кого е насочен, бидејќи тоа е најголемото зло во историјата на човештвото.

Прочитај повеќе
123    
Click