Средба на претседателот Вељаноски со Парламентарна група од...



Четврток, 13 октомври 2011 година

СРЕДБА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ВЕЉАНОСКИ СО ПАРЛАМЕНТАРНАТА ГРУПА НА НАРОДНОТО СОБРАНИЕ НА КУВАЈТ ЗА ПРИЈАТЕЛСТВО СО СОБРАНИЕТО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Претседателот на Собранието на Република Македонија, посакувајќи им добредојде на гостите истакна дека двете држави негуваат пријателски односи и соработка, дека постојат иницијативи за соработка во сите сфери. Претседателот Вељаноски нагласи дека двете држави треба да работат на поттикнување и отворање на можности за продлабочување на економската соработка, како и соработката на парламентарно ниво и на сите останати сфери од заемен интерес

Прочитај повеќе

Средба на г. Антонио Милошоски со Делегација на Парламентар...



Четврток, 13 октомври 2011 година

Средба на г. Антонио Милошоски со Делегација на Парламентарната група на Народното собрание на Кувајт

Во однос на политичкиот план, г. Милошоски односите ги окарактеризира со меѓусебно почитување и со волја за значително унапредување, воедно потсети на склучениот договор за заемна поддршка во однос на кандидатурата на двете земји за членство во Советот за човекови права за периодот 2013-2016 година.

Прочитај повеќе

Воспоставувањето на амбасади и засилена економска соработка...



Четврток, 13 октомври 2011 година

Воспоставување на амбасади и засилена економска соработка – важна цел во односите меѓу Македонија и Кувајт

Македонија и Кувајт се пријателски земји кои треба да ја интензивираат  економската соработка, бидејќи имаат заеднички интереси. За засилување на соработката, најпрво треба да се решат многу проблеми, како визниот режим, авионските линии, амбасадите и слично - беше истакнато на денешната средба меѓу Пратеничката група на Собранието на Република Македонија за соработка со парламентите на земјите од Блискиот и Средниот Исток и Делегацијата на Парламентарната група на Народното собрание на Кувајт за пријателство со Собранието на Република Македонија.

Прочитај повеќе

Обраќањето на претседателот Вељаноски на темата „Безбедносн...



Среда, 12 октомври 2011 година, Будимпешта

Обраќањето на претседателот Вељаноски на тема „Безбедносните димензии на соработката на Западен Балкан“

Република Македонија е активен поддржувач на регионалните иницијативи и процеси и преку нив конкретно ја манифестира својата политичка заложба за цврста регионална соработка и поддршка на земјите во Регионот. Ние сме убедени дека со основните постулати на нашата надворешна политика, разрешувањето на отворените прашања по пат на дијалог и подготвеност за соработка со соседите придонесуваме за стабилноста на регионот, Европскиот континент и светот во целина.

Прочитај повеќе

Средба на Вељаноски со Ковер...



Среда, 12 октомври 2011, Будимпешта

СРЕДБА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ВЕЉАНОСКИ СО ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА НАЦИОНАЛНОТО СОБРАНИЕ НА УНГАРИЈА, Г. ЛАСЛО КОВЕР

На средбата меѓу претседателот на Собранието на Република Македонија г.Трајко Вељаноски и претседателот на Националното собрание на Унгарија, г.Ласло Ковер беа потврдени одличните билатерални односи меѓу двете пријателски земји. Соработката интензивно се одвива на сите нивоа, за што сведочат неодамнешните средби и посетата на унгарскиот премиер Виктор Орбан на Република Македонија. На парламентарно ниво соработката успешно се одвива на ниво на комисии, пратенички групи и на највисоко претседателско ниво, а се имплементира и Меморандумот за парламетарна соработка потпишан пред неколку години

Прочитај повеќе

Обраќање Вељаноски на петта конференција на претседатели на...



Среда, 12 октомври 2011 година, Будимпешта

ОБРАЌАЊЕ НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ВЕЉАНОСКИ НА ПЕТТАТА КОНФЕРЕНЦИЈА НА ПРЕТСЕДАТЕЛИ НА ПАРЛАМЕНТИ ОД ЗЕМЈИТЕ НА ЗАПАДЕН БАЛКАН

Република Македонија и земјите од непосредното соседство споделуваат идентични надворешно-политички стратешки определби што претставува основа за конструктивна, плодна и сеопфатна билатерална соработка, како и соработка во процесот на интеграцијата во ЕУ и НАТО, без оглед на различниот степен на нивната интеграција во овие организации. Самата заемна соработка на земјите од регионот претставува визионерска идеја сама по себе. Таа дава основа за оптимизам за подобра иднина на нашите народи, а воедно наговестува еден нов циклус од нашиот развој кој бара нова енергија, ентузијазам и залагање

Прочитај повеќе

Третпат потврдена препораката за пристапни преговори на Мак...



Среда, 12 октомври 2011 година

Третпат потврдена препораката за пристапни преговори на Македонија со ЕУ

„Остануваме на нашата препорака за почнување на пристапните преговори. Перспективите за интеграција во Европската унија се водилка за продолжување на реформскиот процес. Сепак, со продолжување на спорот за името, мотивираноста за реформи е намалена. Постигнат е мал прогрес во текот на изминатава година. Суштествените предизвици остануваат - независноста на судството, реформите во јавната администрација и борбата против корупцијата. Слободата на изразување и натаму останува сериозен предизвик. Затоа клучно е да се постигне прогрес за прашањето за името. Решавањето премногу се одолжува. Отворањето на пристапните преговори ќе биде корисно не само за земјата и за регионот, туку и за Европската унија како целина. Не смее да биде загубена уште една година“, истакна еврокомесарот Филе.

Прочитај повеќе

Пленарна седница на Европарламентот 12.10.11...



Среда, 12 октомври 2011 година

Пленарна седница на Европарламентот

Европскиот парламент денеска и утре во Брисел ќе одржи Пленарна седница, на која, меѓу другото, ќе стане збор за тоа дали Бугарија и Романија треба да се вклучат во Шенген зоната. Расправата ќе се одржи денеска, а гласањето по оваа Резолуција ќе следи утре

Прочитај повеќе

Четврта седница на Комисијата за економски прашања 12,10,11...



Среда, 12 октомври 2011 година

Четврта седница на Комисијата за економски прашања

Комисијата за економски прашања на Собранието на Република Македонија, на Четвртата седница, одржана на 10 октомври 2011 година, како матично работно тело во прво читање ги разгледа

Прочитај повеќе

ИЗЛЕЗЕ ПЕТНАЕСЕТТОТО ИЗДАНИЕ НА БИЛТЕНОТ НА МЕШОВИТИОТ ПАРЛ...

Понеделник, 10 октомври 2011 година

ИЗЛЕЗЕ ПЕТНАЕСЕТТОТО ИЗДАНИЕ НА БИЛТЕНОТ НА МЕШОВИТИОТ ПАРЛАМЕНТАРЕН КОМИТЕТ РМ-ЕУ

Денеска излезе новото, 15-то издание на Билтенот на Мешовитиот парламентарен комитет РМ-ЕУ, прво во новиот парламентарен состав 2011-2015 година. Во актуелниот број, претставено е обраќањето на новиот претседавач на МПК, г. Кенан Хасипи, до колегите од Делегацијата на МПК во Европскиот парламент, согласно досегашната пракса на секој претседавач на почетокот од неговиот мандат.

Прочитај повеќе
1...101112...17                  
Click