Програма за стипендирање на млади луѓе меѓу Македонија и Ге...



Петок, 7 октомври 2011 година

Програмата за стипендирање млади луѓе меѓу Македонија и Германија е типичен пример за извонредна соработка

Комисијата од Сојузна Република Германија за избор на стипендисти за ИПС-програмата за 2012 година, во посета на Собранието на Република Македонија, денеска оствари поединечни средби со: г-ѓа Светлана Јакимовска, потпретседател на Собранието на Република Македонија; г. Александар Николоски, заменик-претседател на Комисијата за надворешна политика на Собранието на Република Македонија и со членовите на Пратеничката група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Сојузна Република Германија

Прочитај повеќе

Безрезервна поддршка за целосна интеграција на земјите од р...



Петок, 7 октомври 2011 година, Дубровник

Безрезервна поддршка за целосна интеграција на земјите од регионот во евроатлантските структури

Делегација на Собранието на Република Македонија, во состав г-ѓа Ана Павловска-Данева, шеф на Делегацијата во Парламентарното собрание на ОБСЕ (ПС на ОБСЕ) и г. Зиадин Села, членови на Делегацијата, учествува на Есенското заседание на Парламентарното собрание на ОБСЕ, што се одржува од 7 до 10 октомври 2011 година во Дубровник, Хрватска

Прочитај повеќе

Седма седница на Комисијата за финансирање и буџет 07.10.11...



Петок, 7 октомври 2011 година

Седма седница на Комисијата за финансирање и буџет

Комисијата за финансирање и буџет на Собранието на Република Македонија, на Седмата седница, одржана на 6 октомври 2011 година, како матично работно тело го разгледа:

Прочитај повеќе

Четврта седница на Комисијата за транспорт, врски и еколо...



Среда, 5 октомври 2011 година

Четврта  седница на  Комисијата за транспорт, врски и екологија 

Комисијата за транспорт, врски и екологија на Собранието на Република Македонија, како матично работно тело, на Четвртата седница одржана на 4 октомври 2011 година, ги разгледа:

  1. Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за облигационите и стварноправните односи во воздушниот сообраќај - II читање;
  2. Предлог-законот за дополнување на Законот за договорите за превоз во железничкиот сообраќај- II читање.

На седницата на Комисијата во својство на претставник на Владата на Република Македонија присуствуваше г. Тахир Хани, заменик министер за транспорт и врски.

Претседателот на Комисијата за транспорт, врски и екологија, г. Реџаиљ Исмаили, ги извести пратениците дека по овие Предлог на закони согласно рокот утврден со Деловникот на Собранието на Република Македонија не се поднесени амандмани од овластени предлагачи.

На крајот, Комисијата заклучи Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за облигационите и стварно правните односи во воздушниот сообраќај и Предлог-законот за дополнување на Законот за договорите за превоз во железничкиот сообраќај, да се проследат на натамошна постапка во Собранието на Република Македонија.

Прочитај повеќе

Баварија и дава континуирана поддршка на Македонија во евро...



Четврток, 6 октомври 2011 година

Баварија ѝ дава континуирана поддршка на Македонија во евроинтеграциите

Баварската парламентарна делегација од Комисијата за сојузни и европски прашања, предводена од г-ѓа Урсула Манле, во посета на Собранието на Република Македонија, оствари одделни средби со претседателот на Националниот совет за евроинтеграции, г-ѓа Радмила Шекеринска; претседателот на Комисијата за европски прашања, г. Хајрула Мисини и заменик-претседателот на Комисијата за надворешна политика, г. Александар Николоски.

Прочитај повеќе

Протоколарна средба на ПСРМ со амбасадорот Бенце...



Вторник, 4 октомври 2011 година

ПРОТОКОЛАРНA СРЕДБA НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ВЕЉАНОСКИ СО НОВОИМЕНУВАНИOТ АМБАСАДОР НА РЕПУБЛИКА УНГАРИЈА

Претседателот Вељаноски го поздрави фактот што од Република Унгарија доаѓа најголемиот инвеститор во земјава, и се заложи за понатамошна соработка во областа на  економијата. Соговорниците изразија верување дека Република Македонија наскоро ќе биде дел од Европската Унија и со тоа ќе се даде дополнителен придонес за регионалната стабилност и безбедност. Од страна на претседателот Вељаноски, беше нагласено дека Република Македонија иако не е членка на НАТО, таа ги превзема сите обврски како полноправна членка. Претседателот Вељаноски ги поздрави добрите односи меѓу двата парламенти, потсетувајќи на потпишаниот меморандум за соработка меѓу двата парламенти при официјалната посета во 2008 година.

Прочитај повеќе

Македонија нема друга алтернатива освен зачленувањето во ЕУ...



Вторник, 4 октомври 2011 година, Варшава

Македонија нема друга алтернатива освен зачленување во ЕУ

Претседателот на Комисијата за европски прашања на Собранието на Репубика Македонија, г. Хајрула Мисини, од 2 до 4 октомври 2011 година учествува на Конференцијата за европски прашања на националните парламенти на земјите-членки на Европската унија КОСАК.

Прочитај повеќе

Прва седница на Комитетот за односи меѓу заедниците 3.10.11...



Понеделник, 3 октомври 2011 година

Прва седница на Комитетот за односи меѓу заедниците

Претседателот Вељаноски, честитајќи им го изборот на членовите на Комитетот, извести дека тој ја свикал и ќе претседава со Првата конситутивна седница на Комитетот, сè до изборот на претседател на Комитетот. Воедно, тој ја нагласи значајната улога на Комитетот во развојот и унапредувањето на односите меѓу заедниците во Република Македонија. 

Прочитај повеќе

Петти самит на ЕУ и Бразил 4.10.11...



Вторник, 4 октомври 2011 година

Петти самит на ЕУ и Бразил

На Петтиот самит на Европската унија и Бразил, кој се одржа во Брисел, челниците ги потврдија заедничките вредности и принципи кои се изразуваат во нивното стратешко партнерство, со акцент на посветеноста кон поттикнување мир и меѓународна безбедност, зајакнување на демократијата и законодавството, почитување на човековите права и основните слободи, како и одржлив развој на социјалната вклученост и заштита на околината

Прочитај повеќе

Пратеници присуствуваа на првата работилница на проектот ИП...



Понеделник, 3 октомври 2011 година

Прва работилница во рамките на ИПА проектот за улогата на националните парламенти во Еу

Целта на работилницата беше да им даде на пратениците општи информации за улогата на националните парламенти во Европската унија, со особен акцент на новите елементи кои се воведоа со Договорот од Лисабон. Работилницата, која се оддржа во салата „Борис Трајковски“, беше особено насочена кон пратениците кои се членови на Комисиите за европски прашања, за надворешни работи, Националниот совет за евроинтеграции и Мешовитиот парламентарен комитет (Европска унија-Република Македонија).

Прочитај повеќе
1...111213...17                  
Click