Обраќање на претседателот Вељаноски на првата сесија - Стра...



Четврток, 20 септември 2012 година, Стразбур

Обраќање на претседателот Вељаноски на првата сесија: Иднината на Европскиот суд за човекови права: улогата на националните парламенти

Најнапред сакам да се заблагодарам на можноста да учествувам во расправата за иднината на европскиот систем за заштита на човековите права. Од своето настанување, Европската конвенција за заштита на човековите права и основни слободи и Европскиот суд до денешните денови се потврдија како исклучително важен меѓународно правен документ и инструмент кој е длабоко вкоренет во правно политичкиот систем на нашите држави.

Прочитај повеќе

Претседателот Вељаноски на Конференција на претседатели на ...



Четврток, 20 септември 2012 година

Претседателот Вељаноски на Конференција на претседатели на парламенти во Стразбур

Претседателите на парламентите на 47 земји-членки на Советот на Европа, државите набљудувачи и соседи, како и претседателите на меѓупарламентарните собранија, се состануваат на 20 и 21 септември во Стразбур. Делегацијата на Собранието на Република Македонија ќе ја предводи претседателот на законодавниот дом, г. Трајко Вељаноски

Прочитај повеќе

19.седница на Комисијата за земјоделство, шумарство и водос...



Вторник, 18 септември 2012 година

Деветнаесетта седница на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство

Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство на Собранието на Република Македонија, на 19. седница, одржана денеска, како матично работно тело во второ читање ги разгледа:

  1. Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за земјоделство и рурален развој, по скратена постапка;
  2. Предлог закон за изменување и дополнување на Законот за ветеринарно здравство.

На седницата, во својство на претставници на Владата на Република Македонија, присуствуваа: г. Љупчо Димовски, министер за земјоделство, шумарство и водостопанство и г. Дејан Рунтевски, директор на Агенцијата за храна и ветеринарство.

Заменик-претседателот на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство ги извести пратениците дека во определениот рок утврден со Деловникот на Собранието на Република Македонија, поднесени се вкупно три амандмани по Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за земјоделство и рурален развој.

Во претресот по амандманите учествуваа пратениците: г. Панче Орцев, г. Борче Ставров, г. Ванчо Апостолов, г. Малиша Станковиќ, г. Саве Марачков, г. Славе Гошев, г. Ивон Величковски, г. Ромео Тренов, г. Васко Пашовски, како и министерот Димовски.

Комисијата не усвои ниту еден од поднесените амандмани.

Во определениот рок утврден со Деловникот на Собранието на Република Македонија по Предлог закон за изменување и дополнување на Законот за ветеринарно здравство, поднесени се 2 амандмани од овластени предлагачи кои Комисијата не ги усвои. 

Во претресот по амандманите учествуваа пратениците: г. Панче Орцев, г. Ивон Величковски и директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, г. Дејан Рунтевски.

Врз основа на член 149 став 2 од Деловникот на Собранието на Република Македонија, на Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за ветеринарно здравство Комисијата за земјоделство шумарство и водостопанство, разгледа и усвои 4 амандмани.

По расправата, Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство заклучи Предлог-законите да се проследат на натамошна постапка во Собранието на Република Македонија.

Прочитај повеќе

Претседателот Вељаноски го прими еврокомесарот г. Штефан Фи...



Понеделник, 17 септември 2012 година

Претседателот Вељаноски го прими еврокомесарот г. Штефан Филе, задолжен за проширување и европска соседска политика

Изразувајќи задоволство од средбата, претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски, истакна дека Собранието, како и досега, покажува институционален капацитет да одговори и да ги реализира сите обврски кои произлегуваат од Пристапниот дијалог на високо ниво со Европската унија

Прочитај повеќе

Избрана нова координаторка, 1.10.2012...



Понеделник, 1 октомври 2012 година

Избрана нова координаторка на Клубот на пратенички

За координаторка во следниот едногодишен период беше избрана пратеничката Лилјана Кузмановска

Прочитај повеќе

Конференција за Демократијата и родовата еднаквост, 17.9.20...



Понеделник, 17 септември 2012 година

Конференција За Демократија и родова еднаквост

На 14 септември 2012 година (петок), во пресрет на Меѓународниот ден на демократијата - 15 Септември, Клубот на жени пратенички, Македонското женско лоби, ЖГИ АНТИКО и Националниот совет за родова рамноправност СОЖМ одржа конференција на тема „Демократијата и родовата еднаквост”. Конференцијата беше организирана со поддршка од Обиденитетите нации, Националниот демократски институт, Фондацијата „Конрад Аденауер“ и Фондацијата „Фридрих Еберт“

Прочитај повеќе

Обраќање на претседателот Вељаноски на Конференција-дискуси...



Петок, 14 септември 2012 година

Обраќање на претседателот Вељаноски на Конференција-дискусија по повод 15 Септември, Меѓународниот ден на демократијата, на тема: „Демократијата и родовата еднаквост"

Политиката на родовата рамноправност и зајакнувањето на жените, претставува едно од фундаменталните начела на демократијата и општествениот поредок.Родовата рамноправност е загарантирана со Уставот како највисок правен акт во државата. Справувањето со постојните родови нееднаквости, подразбира да се работи различно со жените и мажите, бидејќи тие честопати имаат различни потреби и приоритети, се соочуваат со различни пречки, имаат различни аспирации и придонесуваат кон развојот на општеството на различни начини

Прочитај повеќе

Средба на претседателот Вељаноски со г-ѓа Џејн Арметиџ...



Четврток, 13 септември 2012 година

СРЕДБА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ВЕЉАНОСКИ СО Г-ЃА ЏЕЈН АРМЕТИЏ

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски, денеска оствари средба со директорот на Светската банка за Југоисточна Европа, г-ѓа Џејн Арметиџ и директорот на Светската банка за Република Македонија, г-ѓа Лилија Бурунчук.

Прочитај повеќе

Дваесет и Четврто Издание на билтенот на МПК РМ-ЕУ 12,9,12...

Среда, 12 септември 2012 година

Дваесет и четврто издание на билтенот на МПК РМ-ЕУ

Најновото издание на Билтенот на Мешовитиот парламентарен комитет – Република Македонија и Европската унија (МПК – РМ и ЕУ) ги пренесува активностите на Собранието на Република Македонија во периодот на месец јули и август 2012 година. Посебен акцент бележи средбата претседателот на Собранието. г. Трајко Вељаноски, со г. Бан Ки Мун, генерален секретар на Обединетите нации (ОН) и неговото обраќање пред пратениците во Собранието на Република Македонија.

Прочитај повеќе

Средба на претседателот Вељаноски со Н.Е. Јозеф Амрани...



Вторник, 11 септември 2012 година

СРЕДБА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ВЕЉАНОСКИ СО НОВОИМЕНУВАНИОТ АМБАСАДОР НА ДРЖАВАТА ИЗРАЕЛ ЗА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА, Н.Е. ЈОЗЕФ АМРАНИ

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски, изразувајќи задоволство за средбата, истакна дека Република Македонија и Израел имаат одлични релации на политичко ниво,  но и дека секогаш постои можност за унапредување на соработката во сите сфери од заемен интерес.

Прочитај повеќе
1...101112...33                                  
Click