16. седница на Комисијата за образование, наука и спорт 20....



Среда, 20 јуни 2012 година

Шеснаесетта седница на Комисијата за образование, наука и спорт

Комисијата за образование, наука и спорт на Собранието на Република Македонија, на 16. Седница, одржана на 18 јуни 2012 година, во прво читање ги разгледа

Прочитај повеќе

Средба на претседателот Вељаноски со г. Ванг Донгџоу...



Четврток, 14 јуни 2012 година

Средба на претседателот Вељаноски со г. Ванг Донгџоу

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски, денеска оствари средба со претседателот на Постојаниот комитет на Народниот конгрес на градот Ченгду, провинција Сичуан, г. Ванг Донгџоу.

Прочитај повеќе

13. седница на Комисијата за земјоделство 14,6,12...



Четврток, 14 јуни 2012 година

Тринаесетта седница на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство

Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство на Собранието на Република Македонија, на вчерашната 13. седница, како матично работно тело во прво читање го разгледа Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за земјоделско земјиште.

На седницата, во својство на претставник на Владата на Република Македонија, присуствуваше г. Зоран Коњановски, заменик-министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, кој ја нагласи потребата за донесување на законот, целите што ќе се постигнат и основните решенија што се уредуваат со законот.

Во дискусијата по Предлог-законот учествуваа пратениците: г. Горан Сугарески, г. Панче Орцев, г-ѓа Ленче Николовска, г. Васко Пашовски и г. Борче Ставров.

На крајот, Комисијата едногласно го усвои следниот Заклучок:

  • Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство го разгледа Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за земјоделско земјиште (прво читање), од гледна точка на потребата за донесување на законот, начелата врз кои треба да се заснова законот, основните односи што се уредуваат со законот и начинот на кој се предлага нивното уредување и согласно член 142, став 1 од Деловникот на Собранието на Република Македонија оцени дека Предлог-законот е прифатлив и треба да се даде на натамошно читање.
Прочитај повеќе

Јавна расправа на Комисијата за еднакви можности на жените ...



Среда, 13 јуни 2012 година

Јавна расправа на Комисијата за еднакви можности на жените мажите

Комисијата за еднакви можности на жените и мажите на Собранието на Република Македонија, во соработка Националниот совет за родова рамноправност – НСРР, вчера одржа јавна расправа на тема „Улогата на жените во руралниот развој на Република Македонија – можности и предизвици

Прочитај повеќе

Средба на претседателот Вељаноски со г. Бил Саравиновски...



Вторник, 12 јуни 2012 година

СРЕДБА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ВЕЉАНОСКИ СО Г. БИЛ САРАВИНОВСКИ

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски, оствари средба со градоначалникот на Рокдеил, г. Бил Сарвиновски. На средбата г. Саравиновски го запозна претседателот Вељаноски за активностите во општината Рокдеил, која е една од поголемите општини во Сиднеј, Австралија. Се разговараше за раководењето на општината и за работата на Советот на Рокдеил, како и за решавање на проблемите на македонската заедница, но и на другите заедници кои живеат во Рокдеил

Прочитај повеќе

Пленарна седница на Европарламентот11.6.12...

Понеделник, 11 јуни 2012 година

Пленарна седница на Европарламентот

Европскиот парламент од 11 до 14 јуни ќе одржи пленарна седница во Стразбур, на која ќе се разговара за економското управување, затегнување на фискалната дисциплина и поттикнување раст. Исто така, ќе стане збор за можни реформи на ЕУ буџетот 2014-2020 година.

Отворањето нови работни места мора да биде приоритет за Европа, се вели во резолуцијата која ќе се гласа в четврток. Истиот ден членовите на Европскиот парламент ќе гласаат и за резолуцијата за отворање на единствен пазар на ЕУ.

Европратениците ќе дебатираат и за актуелните состојби во Авганистан, Блискиот Исток, Тибет и Африка. Парламентот ќе ги повика земјите-членки на Обединетите нации да дадат извештај за сите договори поврзани со трговијата со оружје.

В среда на Европарламентот ќе му се обрати перуанскиот претседател, г. Олианта Хумала, откако претходно ќе се гласа по резолуцијата за трговски договор на ЕУ со Колумбија и Перу.
Прочитај повеќе

Завршни препораки на МПК,7.6.2012...

Четврток, 7 јуни 2012 година, Брисел

Усвоени Завршни препораки на Мешовитиот парламентарен комитет - Република Македонија и Европска унија

На Десеттиот состанок на Мешовитиот парламентарен комитет - Република Македонија и Европска унија, кој се одржа на 7 јуни 2012 година во Европскиот парламент во Брисел, Кралството Белгија, учествуваше делегација на Собранието на Република Македонија во Мешовитиот парламентарен комитет-Република Македонија и Европска унија, предводена од г. Кенан Хасипи,  претседател на делегацијата на Собранието на Република Македонија во Парламентарниот комитет за стабилизација и асоцијација (копретседавач на овој комитет), г. Андреј Петров, потпретседател на делегацијата,  г-ѓа Силвана Бонева, г. Антонио Милошоски, г. Арбен Љабеништа, членови на делегацијата и г.Беким Фазлиу, заменик-член.

Прочитај повеќе

Средба на Вељаноски со Тирк...



Среда, 6 јуни 2012 година, Словенија

Средба на претседателот Вељаноски со претседателот на Република Словенија, г. Данило Тирк

Во разговорот, двајцата соговорници се задржаа на три сегменти кои се од интерес за двете држави, значењето на добрата парламентарна соработка во насока на меѓусебна размена на искуство на сите нивоа, интензивирање на односите и комуникацијата на двете бизнис заедници и изнаоѓање механизам кој би овозможил брзо и лесно надминување на проблемите кои се јавуваат во стопанското делување.

Прочитај повеќе

ЗАЕДНИЧКА СЕДНИЦА НА НСЕИ И КОМИСИЈАТА ЗА ЕВРОПСКИ ПРАШАЊА ...



Четврток, 3 мај 2012 година

ЗАЕДНИЧКА СЕДНИЦА НА НАЦИОНАЛНИОТ СОВЕТ ЗА ЕВРОИНТЕГРАЦИИ И КОМИСИЈАТА ЗА ЕВРОПСКИ ПРАШАЊА

Националниот совет за евроинтеграции и Комисијата за европски прашања на Собранието на Република Македонија, денеска ја одржаа петтата заедничка седница со единствена точка на дневниот ред посветена на Информацијата за реализираните активности од Националната програма за усвојување на правото на ЕУ на Европската унија - ревизија 2012. Информацијата го опфаќа периодот 1.1.2012 - 31.3.2012 година и е изготвена од Секретаријатот за европски прашања на Владата на Република Македонија.

Прочитај повеќе

Заедничка седница на Комисијата за европски прашања и Нацио...

Среда, 14 март 2012 година

Заедничка седница на Комисијата за европски прашања и Националниот совет за евроинтеграции

Комисијата за европски прашања на Собранието на Република Македонија и Националниот совет за евроинтеграции, денеска одржаа заедничка седница со единствена точка на дневниот ред, посветена на Информацијата за реализираните активности од Националната програма за усвојување на правото на Европската унија - ревизија 2011 година, за периодот 1.10.2011 - 31.12.2011 година

Прочитај повеќе
1...161718...33                                  
Click