Писмо од пратеникот Антонио Милошоски, 15.6.2012...

Петок, 15 јуни 2012 година
 
Писмо од пратеникот Антонио Милошоски до претседателите на комисиите за надворешни работи на земјите-членки на ЕУ
 
Претседателот на Комисијата за надворешна политика Антонио Милошоски испрати писма до своите колеги, претседатели на комисиите за надворешни работи на земјите-членки на ЕУ, во кое ги информира за Декларацијата и Препораките на европските и македонските парламентарци, во врска со процесот на европските интеграции.

Во писмото се подвлекува дека на својот десетти состанок, Мешовитиот парламентарен комитет ја поздрави пресудата на Меѓународниот суд на правдата од 5 декември 2011 во однос на Времената спогодба и констатираше дека истата претставува обврска за Грција да не го попречува членството на земјата во НАТО и почетокот на преговорите за членство во ЕУ.

Mеѓу другото Милошоски во писмото истакнува: „Почитувањето на пресудата на МСП од страна на Грција, најпрво е важна заради владеењето на правото како темелен принцип во ЕУ, а секоја членка на ЕУ треба да биде пример за тоа. Второ, примената на пресудата ќе му овозможи на ЕУ Советот да ја следи препорака на Европската комисија и да донесе одлука за отворање на преговорите за членство со Македонија, во текот на 2012 година. Конечно, уверен сум дека почитувањето на пресудата на МСП и отворањето на преговорите за членство ќе дадат значителен придонес во македонско-грчкиот дијалог за изнаоѓање на компромисно решение околу спорот со името“.

 

 
Прочитај повеќе

Работилница за пратениците 6.6.12...



Среда, 6 јуни 2012 година

Работилница за пратениците за пристапната рамка и улогата на комисиите за европски прашања

Пратеници од различни пратенички групи учествуваа на двата семинари на ИПА-ТПП Проектот (Техничка помош на Парламентот) кои се однесуваа за Парламентот и за теми поврзани со прашања за ЕУ : Пристапната рамка на ЕУ и Улогата на Комисиите за европски прашања во земјите-членки на ЕУ

Прочитај повеќе

31. седница на Комисијата за финансирање и буџет 6.6.12...



Среда, 6 јуни 2012 година

Триесет и прва седница на Комисијата за финансирање и буџет

Комисијата за финансирање и буџет на Собранието на Република Македонија, на вчерашната Триесет и прва седница, како матично работно тело, во второ читање, ги разгледа

Прочитај повеќе

Вељаноски во дводневна посета на Р.Словенија...



Вторник, 5 јуни 2012 година, Словенија

Република Македонија има пријател и сојузник во Република Словенија

Дводневната официјална посета на Република Словенија, претседателот Вељаноски ја започна со средба со својот колега, претседателот на Парламентот на Република Словенија, г. Грегор Вирант, а на истата присуствуваа и потпретседателите на Парламентот на Република Словенија и координаторите на пратеничките групи.

Прочитај повеќе

Средба Вељаноски - Прамер...



Среда, 23 мај 2012 година

Средба на претседателот Вељаноски со претседателот на Националниот Совет на Република Австрија, г-ѓа Барбара Прамер

Зборувајќи за актуелната состојба, претседателот Вељаноски истакна дека Собранието е фокусирано на две основни прашање. Процесот на нашата евроатланска интеграција и доследна имплементација на донесените закони и реформи. Без разлика на тоа што се случи на самитот на НАТО во Чикаго, без разлика на фактот дека три години по ред добиваме препорака од Европската комисија за започнување на преговорите со Европската унија, а на сето ова следи блокада од нашиот јужен сосед, Република Македонија нема да се откаже од своите стратешки определби, а тоа е целосна интеграција во ЕУ и НАТО

Прочитај повеќе

Средба на Комитетот за односи меѓу заедниците 23.5.12...



Среда, 23 мај 2012 година

Комитетот за односи меѓу заедниците дава придонес во развојот на мултикултурната и мултиетничката димензија на македонското општество

Заменик-претседателот на Комитетот за односи меѓу заедниците, г-ѓа Маринела Тушева, одржа средба со г-ѓа Барбара Прамер, претседател на Националниот совет на Република Австрија, во врска со односите меѓу заедниците во Република Македонија и зацврстување на политичкиот дијалог по ова прашање преку Комитетот.

Прочитај повеќе

ЈАВНА РАСПРАВА ПО ПРЕДЛОГ- СТАТЕГИЈАТА ЗА СОРАБОТКА НА ВЛАД...

Понеделник, 27 февруари 2012 година

ЈАВНА РАСПРАВА ПО ПРЕДЛОГ- СТАТЕГИЈАТА ЗА СОРАБОТКА НА ВЛАДАТА СО ГРАЃАНСКИОТ СЕКТОР (2012-2017)

Националниот совет за евроинтеграции во соработка со Граѓанската платформа на Македонија организираше јавна расправа по Предлог-стратегијата за соработка на Владата со граѓанскиот сектор за периодот 2012-2017 година.

Прочитај повеќе

ЈАВНА РАСПРАВА НСЕИ 13.3.12...

Вторник, 13 март 2012 година

ЈАВНА РАСПРАВА ПО РАБОТНАТА ВЕРЗИЈА НА ПРЕДЛОГ-ЗАКОНОТ ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА

Националниот совет за евроинтеграции денеска одржа јавна расправа по работната верзија на Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за животна средина. Овој закон е еден од 10-те закони од Анексот 2 усвоен од Националниот совет за евроинтеграции и составен дел на Мислењето за усвојување на правото на Европската унија во текот на 2012 година, кое Советот со консензус го усвои на седницата одржана на 8 февруари годинава.

Прочитај повеќе

Семинар за „Учеството на жените-лидери“ 13,6,12...



Среда, 13 јуни 2012 година, Вашингтон

семинар за „Учеството на жените-лидери во економскиот развој и намалување на сиромаштијата“

Пратеничките Сузана Салиу, Соња Мираковска, Лилјана Поповска и Лилјана Затуровска учествуваа на еднонеделен меѓународен семинар во Вашингтон на тема „Учеството на жените-лидери во економскиот развој и намалување на сиромаштијата“.

Семинарот беше организиран од Партнеството за демократија на Американскиот конгрес, чии претседавачи се Дејвид Драјер и Дејвид Прајс, кои неодамна беа во посета на Република Македонија. Коорганизатори на семинарот беа УСАИД, НДИ и ИРИ.

Во рамките на семинарот, пратеничките се сретнаа со повеќе конгресмени од Демократската и Републиканската партија и се запознаа со работата на женското парламентарно лоби и други форми на организирање на жените во САД.

Македонските парламентарки го промовираа високиот процент на учество на жените во Собранието на Република Македонија со над 30% и најавија активности за економско јакнење на жените во Република Македонија.


 

Прочитај повеќе

17. седница на Комисијата за надворешна политика 23.5.12...



Среда, 23 мај 2012 година

Седумнаесетта седница на Комисијата за надворешна политика

Комисијата за надворешна политика на Собранието на Република Македонија, на 17. седница, одржана вчера, го разгледа Предлог-законот за ратификација на Договорот меѓу Владата на Република Македонија и Швајцарскиот сојузен совет за преземање на лица кои престојуваат без дозвола.

Прочитај повеќе
1...171819...33                                  
Click