Размена на искуства од македонското и чешкото здравство со ...



Среда, 10 април 2013 година

Размена на искуства од македонското и чешкото здравство со цел подобра здравствена заштита на граѓаните

Комисиите за здравство на Собранието на Република Македонија и Чешкиот парламент остварија средба на која разменија мислења и искуства од областа на здравството, сè со цел подобра здравствена заштита на граѓаните

Прочитај повеќе

Дваесет и девето издание на билтенот на МПК РМ-ЕУ 9,4,13...

Вторник, 9 април 2013 година

Дваесет и деветто издание на билтенот на МПК РМ-ЕУ

Во актуелниот број на Билтенот на Мешовитиот парламентарен комитет – Република Македонија и Европската унија (МПК – РМ и ЕУ), кој ги опфаќа активностите пред почетокот на локалните избори во Република Македонија, централно место зазема средбата на претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски, со генералниот секретар на Обединетите нации, г. Бан Ки-мун, на која беше искажано задоволство од досегашното ниво на соработка со Обединетите нации и истакнато дека во однос на парламентарната соработка во регионот, парламентарната дипломатија сè повеќе станува значаен инструмент за остварување на соработката, особено воспоставувањето поинтензивната соработка со Република Грција и користењето на парламентарната дипломатија за полесно пристапување кон решавање на спорните прашања.

Прочитај повеќе

26. седница на Комисијата за земјоделство, шумарство и водо...



Вторник, 9 април 2013 година

Дваесет и шеста седница на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство

Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство на Собранието на Република Македонија, на денешната 26. седница, како матично работно тело, во прво читање, ги разгледа

Прочитај повеќе

Комитетот за надворешни работи на Европарламентот ја усвои ...



Вторник, 9 април 2013 година

Комитетот за надворешни работи на Европарламентот ја усвои Резолуцијата за Македонија

Со 38 гласа „за“ и 13 „против“, Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент ја усвои Резолуцијата за напредокот на Република Македонија, за време на вчерашната редовна седница во Европарламентот во Брисел.

Прочитај повеќе

Се гласа по Резолуцијата за Македонија 8.4.13...



Понеделник, 8 април 2013 година

Се гласа по Резолуцијата за Македонија

Денеска попладне, Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент, на својата редовна седница во Европскиот парламент во Брисел, ќе гласа по Резолуцијата за Република Македонија.

Прочитај повеќе

Дваесет години Македонија во ОН 8.4.13...



Понеделник, 8 април 2013 година

Дваесет години Македонија во ОН

На 8 април 1993 година Република Македонија стана 181 полноправна членка на Обединетите нации. Денеска, оваа светска организација, чие седиште е во Њујорк, брои 193 земји-членки

Прочитај повеќе

Обраќање Вељаноски на 50. Мавровски меморијал...



Петок, 1 март 2013 година, Маврово

Обраќање на претседателот Вељаноски на отворањето на 50. Мавровски меморијал во нордиско скијање

Ми претставува особена чест и задоволство што оваа година на патеките на преубавото Маврово ќе се одржи традиционалниот јубилеен 50 годишен Мавровски меморијал, остварувајќи ги желбите и соништата на генерациите од  далечната 1957 година, кои го организираа првиот меморијал - натпревар во нордиско скијање. Натпреварот се одржува во чест на загинатите 38 градители на електросистемот Мавровска хидроцентрала и 14 храбри граничари кои загинаа од снежната лавина во 1956 година, кои се вистинскиот стожер кој ја краси нашата денешница. Да се потсетиме на младите градители кои на акцијата "Маврово - 48"  порачале ...машини доволно немаме, но имаме нешто друго, имаме срце и силна желба да ја изградиме нашата татковина, а тоа е посилно од секоја машина...

Прочитај повеќе

Претседателот Вељаноски свечено ќе го отвори 50. Мавровски ...



Четврток, 28 февруари 2013 година

Претседателот Вељаноски свечено ќе го отвори 50. Мавровски меморијал во нордиско скијање

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски, на 1 март 2013 година, како покровител на манифестацијата, свечено ќе го отвори јубилејниот 50. Мавровски меморијал во нордиско скијање.

Свеченото отворање ќе биде во 15,00 часот пред хотелот „Спорт“, ски-центар Маврово.

Претходно, во 14,30 часот, претседателот Вељаноски ќе положи цвеќе на споменикот на загинатите градители пред браната на Мавровското Езеро.

Прочитај повеќе

Делегација од Државната Дума на Руската Федерација во посет...



Среда, 27 март 2013 година

Делегација од Државната Дума на Руската Федерација во посета на Република Македонија

Пратеничката група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Руската Федерација оствари средба со Делегација од Државната Дума на Руската Федерација, предводена од г. Александар Балберов, координатор на Пратеничката група за односи со Собранието на Република Македонија

Прочитај повеќе

Средба на Вељаноски со руска делегација...



Вторник, 26 март 2013 година

Претседателот Вељаноски ја прими Делегацијата на Државната Дума на Руската Федерација

На почетокот на средбата, претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски, во однос на билатералните односи меѓу Република Македонија и Руската Федерација, го истакна нивниот континуитет и позитивниот развоен тренд. Во однос на парламентарната соработка, истакна дека во Собранието на Република Македонија постои пратеничка група за пријателство и соработка чиј претседател е пратеникот Иван Стоиљковиќ и искажа уверување дека од денешната средба ќе започне продлабочување и подинамична соработка на ова парламентарно ниво

Прочитај повеќе
1...232425...30                               
Click