Сараево 1, 25.3.2013...



Понеделник, 25 март 2013 година, Сараево, Босна и Херцеговина

Улогата на комисиите за европски прашања во однос на остварување на критериумите за зачленување во Европската унија

Претседателот на Комисијата за европски прашања на Собранието на Република Македонија, г. Хајрула Мисини учествуваше на Седмата конференција на парламентарните комисии за европски прашања на земјите кои учествуваат во Процесот за стабилизација и асоцијација на Југоисточна Европа (КОСАП), што се одржа во Сараево, Босна и Херцеговина

Прочитај повеќе

Средба на пратеникот Хајрула Мисини со Н.Е. Саид Садег Моха...



Четврток, 7 март 2013 година

Средба на пратеникот Хајрула Мисини со Н.Е. Саид Садег Мохамади

Претседателот на Пратеничката група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Исламската Република Иран, г. Хајрула Мисини, оствари средба со Н.Е. Саид Садег Мохамади, амбасадор на Исламската Република Иран во Република Македонија

Прочитај повеќе

Втор ден официјална посета на Индија...



Среда, 6 март 2013 година, Индија

Втор ден од официјалната посета на делегацијата на Собранието на Република Македонија предводена од претседателот, г. Трајко Вељаноски, на Индија

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски, во рамките на официјалната посета на Индија, се сретна со својот домаќин, претседателот на Долниот дом на Индискиот парламент, г-ѓа Мира Кумар. Средбата, која помина во срдечна и пријателска атмосфера, започна со заедничко потенцирање на огромното, речиси историско значење на посетата на македонската делегација на Индија

Прочитај повеќе

Пленарна седница на Европарламентот 11.3.13...



Понеделник, 11 март 2013 година

Пленарна седница на Европарламентот

Европскиот парламент од 11 до 14 март ќе одржи пленарна седница во Стразбур, на која по повод изминатиот 8 Март – Меѓународниот ден на жената, ќе стане збор за инвестирање во обуки на работните места и женското претприемништво, за родовите стереотипи во Европската унија и заштита на женските права во Северна Африка

Прочитај повеќе

Средба на претседателот Вељаноски со г. Мохамад Хамид Ансар...



Вторник, 5 март 2013 година, Индија

Средба на претседателот Вељаноски со г. Мохамад Хамид Ансари и г-ѓа Принит Кор

На почетокот на средбата, претседателот Вељаноски искажа особено задоволство што ја предводи првата официјална делегација на највисоко државно ниво во Индија и што гостопримството на домаќинот е на особено високо ниво. Тој потенцираше дека односите меѓу Република Македонија и Индија се развиваат во нагорна линија, во дух на пријателство, разбирање и заемно почитување.

Прочитај повеќе

Комисијата за економски прашања во Брисел 25,2,13...



Понеделник, 25 февруари 2013 година, Брисел

Учество на Делегација на Комисијата за економски прашања на Парламентарен семинар за енергетска политика

Делегација на Комисијата за економски прашања на Собранието на Република Македонија, предводена од претседателот на Комисијата, г-ѓа Владанка Авировиќ, а во состав: г. Малиша Станковиќ, заменик на претседателот на Комисијата за економски прашања, г. Реџаил Исмаили и г. Драган Цуклев, на 21 и 22 февруари 2013 година престојуваше во Брисел, Кралството Белгија. За време на посетата, Делегацијата учествуваше на Парламентарен семинар на тема „Енергетската политика на ЕУ и нејзиното влијание врз земјите во претпристапен процес” во Европскиот парламент

Прочитај повеќе

57, седница на Комисијата за финансирање и буџет 25.2.13...



Понеделник, 25 февруари 2013 година

Педесет и седма седница на Комисијата за финансирање и буџет

Комисијата за финансирање и буџет на Собранието на Република Македонија, на Педесет и седмата седница, одржана денеска, како матично работно тело, во второ читање, ги разгледа:

Прочитај повеќе

Средба Силвана Бонева- Н.Е. Иван Великов Петков 21.2.13...



Четврток, 21 февруари 2013 година

Средба на координаторот на ВМРО-ДПМНЕ, г-ѓа Силвана Бонева, со бугарскиот амбасадор, Н.Е. Иван Великов Петков

Македонија е најблиска и најпријателска земја со Бугарија, со која сакаме да развиваме добри односи и да ја видиме во ЕУ и НАТО. Сите меѓусебни отворени прашања треба да бидат ставени на маса, да се надминат преку разговори, да се воспостави механизам и тие преговори да завршат со потпишување на договор – истакна амбасадорот на Република Бугарија во Република Македонија, Н.Е. Иван Великов Петков, на средбата со координаторот на ВМРО-ДПМНЕ, г-ѓа Силвана Бонева

Прочитај повеќе

56. седница на Комисијата за финансирање и буџет 19.2.13...



Вторник, 19 февруари 2013 година

Педесет и шеста седница на Комисијата за финансирање и буџет

Комисијата за финансирање и буџет на Собранието на Република Македонија, на денешната Педесет и шеста седница, како матично работно тело го разгледа Предлогот на закон за отпишување на камати на доспеани обврски по основ на придонеси од задолжително социјално осигурување (по скратена постапка)

Прочитај повеќе

Средба на Јакимовска, 18.2.2013...



Понеделник, 18 февруари 2013 година

Меѓународната парламентарна стипендија - традиционална активност на германскиот Бундестаг

Потпретседателот на Собранието на Република Македонија, г-ѓа Светлана Јакимовска, денеска оствари средба со стипендистите на Меѓународната стипендија (ИПС) на германскиот Бундестаг. На средбата присуствуваше Н.Е. Гудрун Штајнакер, амбасадор на Сојузна Република Германија во Република Македонија, претседателот на Пратеничката група за соработка со Парламентот на СР Германија, г. Антонио Милошоски и стипендистите Андреа Јовевски и Елена Митревска

Прочитај повеќе
1...242526...30                               
Click