Посетата на чешката делегација, 10.4.2013...



Среда, 10 април 2013 година

Посетата на чешката делегација - прв чекор кон соработка меѓу двата парламента

Потпретседателот на Собранието на Република Македонија, г-ѓа Сузана Салиу оствари средба со делегација од Комисијата за здравство на Чешкиот парламент

Прочитај повеќе

Обраќање на претседателот Вељаноски на Меѓународна конферен...



Понеделник, 15 април 2013 година

Обраќање на претседателот Вељаноски на Меѓународната конференција „Европска интеграција низ соработката на парламентите, граѓанското општество и независните регулаторни тела во ЈИЕ - размена на искуства и позитивни практики"

Парламентите се централната демократска институција во современото општество. Но, за да можат вистински и целосно да ја играат улогата на клучна институција во политичкиот систем, парламентите треба да бидат почитувани од сите учесници во политиката. Во транзиционите општества на парламентите им е потребна поголема поддршка од јавноста и медиумите и поголем респект од страна на политичките партии за да можат постепено да ја достигнат својата клучна улога во демократскиот живот. Кога, пак, државата е во процес на пошироко интегрирање, поддршката на парламентите треба да е недвосмислена и од надвор, од меѓународните субјекти

Прочитај повеќе

Регионална конференција на ИПС стипендисти 12.4.13...



Петок, 12 април 2013 година

Регионална конференција на ИПС стипендисти

Во организација на Здружението за парламентарна соработка „ИПС Македонија“ се одржа Регионална конференција на ИПС стипендисти на тема: Наследството од ИПС во фокус: преку активизам на здруженијата на меѓународната парламентарна стипендија до поголемо учество во политичкиот и општествениот живот во татковината, на која зедоа учество ИПС здруженија од целиот балкански регион, релевантни чинители од Македонија и Германија

Прочитај повеќе

Прелиминарен состанок, 12.4.2013...



Петок, 12 април 2013 година

Прелиминарен состанок на ромските пратеници за унапредување на регионалната соработка

Денеска во Собранието на Република Македонија, во соработка со ОБСЕ, се одржа прелиминарен состанок на ромските пратеници од регионот, со цел да се унапреди меѓусебната соработка на сите нивоа

Прочитај повеќе

Обраќање на претседателот Вељаноски на Регионална конференц...



Петок, 12 април 2013 година

Обраќање на претседателот Вељаноски на Регионалната конференција на ИПС стипендисти 2013

Меѓународната парламентарна стипендија (ИПС) е традиционална активност на Германскиот бундестаг односно проект на германскиот парламент кој дава можност на млади политички ангажирани луѓе од земјите од Југоисточна Европа да се запознаат со парламенарниот систем на Сојузна Република Германија. Со ваквата соработка се поттикнува стекнувањето на знаења за парламентарната демократија во земјите на Централна, Источна и Југоисточна Европа и практично се запознава политичкиот, академскиот, економскиот и културниот живот на Сојузна Република Германија

Прочитај повеќе

Средба Вељаноски-Ерјавец...



Четврток, 11 април 2013 година

Претседателот Вељаноски го прими министерот за надворешни работи на Република Словенија, г. Карл Виктор Ерјавец

На денешната средба, претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски, ги истакна пријателските односи меѓу двете држави кои се базираат на долгогодишна конструктивна соработка и заемна поддршка на билатерален и мултилатерален план. Претседателот Вељаноски искажа благодарност за позицијата на Република Словенија во однос на Република Македонија која е јасна и константна, изразена како гласна, безусловна, континуирана и принципиелна поддршка за евроинтегративниот процес на Република Македонија

Прочитај повеќе

Претседателот Вељаноски се потпиша во Книгата на жалост...



Среда, 10 април 2013 година

Претседателот Вељаноски се потпиша во Книгата на жалост по повод смртта на поранешниот британски премиер, г-ѓа Маргарет Тачер

Денеска, 10 април 2013 година, во Британската амбасада, претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски, се потпиша во Книгата на жалост по повод смртта на поранешниот британски премиер, г-ѓа Маргарет Тачер.

Прочитај повеќе

Средба Вељаноски - Николиќ...



Вторник, 2 април 2013 година, Белград

Средба на претседателот Вељаноски со српскиот претседател Томислав Николиќ

Уште еднаш потврдени пријателските односи и заемната поддршка меѓу Република Македонија и Република Србија на денешната средба меѓу претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски и српскиот претседател, г. Томислав Николиќ. Меѓу темите на двајцата соговорници предвизиците со кои се соочуваат двете држави во пресрет на очекуваниот датум за почеток на преговорите со ЕУ, разговорите за спорот со името, но и црковниот спор меѓу Македонија и Србија и можностите за нивно надминување

Прочитај повеќе

Претседателот Вељаноски во официјална посета на Република С...



Понеделник, 1 април 2013 година, Белград

Претседателот Вељаноски во официјална посета на Република Србија

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски престојува во официјална посета на Република Србија, во рамките на која, денеска оствари средба со својот колега, претседател на Народното собрание на Република Србија, г. Небојша Стефановиќ, со претседателот на Пратеничката група за соработка, г. Зоран Остоиќ и со членовите на Групата, како и со претседателот на Владата на Република Србија, г. Ивица Дачиќ.

Прочитај повеќе

58. седница на Комисијата за финансирање и буџет 10.4.13...



Среда, 10 април 2013 година

Педесет и осма седница на Комисијата за финансирање и буџет

Комисијата за финансирање и буџет на Собранието на Република Македонија, на вчерашната Педесет и осма седница, како матично работно тело, во прво читање, ги разгледа:

Прочитај повеќе
1...222324...30                               
Click