Обраќање на претседателот Вељаноски на тема: Мнозинство и о...

Петок, 12 септември 2014 година, Осло

Обраќање на претседателот Вељаноски на тема: Мнозинство и опозиција – постигнување баланс во демократијата

Ако земеме во предвид дека демократијата е политички систем кој се темели на можноста граѓаните да ги бираат своите претставници и дека токму правото на бирање претставници е основен и суштински концепт на демократијата, таа мора да подразбира постоење на соодветна рамнотежа меѓу мнозинството, како победник на изборниот процес и опозицијата од друга страна како соодветна противтежа на власта и како субјект за кој се одлучиле помал број на гласачи, чија одлука и волја мора да се почитуваат и уважуваат.
Прочитај повеќе

Обраќање на претседателот Вељаноски на тема: Основни уставн...

Четврток, 11 септември 2014 година, Осло

Обраќање на претседателот Вељаноски на тема: Основни уставни права и слободи – учество, доверба и јавна дебата како услови за демократија

Ме радува фактот што токму оваа тема е дел од оваа Европска конференција, особено имајќи ги предвид предизвиците пред кои се наоѓа модерното демократско општество, економската криза и социјалните превирања, актуелни последните неколку години.  

Дозволете да потенцирам дека една од темелните вредности на уставниот поредок на Република Македонија, се токму основните слободи и права на човекот и граѓанинот утврдени во Уставот, не само декларативно наброени, туку и уставно гарантирани и заштитени.  

Прочитај повеќе

Вељаноски: 8 Септември, денот кога треба да си подадеме рак...

Недела, 7 септември 2014 година

Вељаноски: 8 Септември, денот кога треба да си подадеме рака помеѓу себе, со нашите соседи и со нашите сојузници

Нека ни е вечен и вековит денот на македонската независнот!
Огромен поздрав и благодарност до сите вас што сте дел од оваа Свечена академија на која одбележуваме 23 години македонска државност и самобитност.
Огромен поздрав и благодарност до сите други граѓани на Република Македонија кои искрено му се радуваат и го прославуваат овој голем ден од нашата најнова историја!

Прочитај повеќе

Обраќање на претседателот Вељаноски по повод 2 Август - Или...

Сабота, 2 август 2014 година, Крушево

Обраќање на претседателот Вељаноски по повод 2 Август - Илинден

Голема благодарност и неизмерна почит до сите вас кои денес сте тука на ова историско место заедно да го обележиме денот на сите денови, празникот на сите државни празници – вечниот Илинден.
Одбележуваме 111 години борба.
111 години саможртва.
111 години верба!
Илинден е другото име за Македонија!
Македонија не е целосна без Илинден!

Прочитај повеќе

Обраќање на претседателот Вељаноски на Петтата годишна конф...

Среда, 23 јули 2014 година

Обраќање на претседателот Вељаноски на Петтата годишна конференција на иселеничките организации

Грижата за македонската дијаспора претставува константа во определбите на Собранието и Владата на Република Македонија. Таа определба и политиките кои се креираат во последниве години, постојно се надоградуваат и прошируваат. Во суштина, грижата за сопственото иселеништво денеска е европска и цивилизациска вредност, а во многу држави-членки на ЕУ таа грижа е поставена и како уставна категорија.

Прочитај повеќе

Обраќање на претседателот Вељаноски на 53. Балкански фестив...

Недела, 6 јули 2014 година

Обраќање на претседателот Вељаноски на 53. Балкански фестивал на народни игри и песни

Од година во година задоволството да се биде дел од оваа манифестација станува сè поголемо. Дотолку поголемо, имајќи ја предвид долгогодишноста, нејзиното значење, признанието кое ѝ се оддава, вниманието кои ѝ се посветува. Особено горди не прави фактот што токму Балканскиот фестивал на народни игри и песни, како најстара фолклорна манифестација на Балканот, го има заслужениот примат дома, но и надвор од Македонија.

Прочитај повеќе

Обраќање на претседателот Вељаноски по повод свечено отвора...

Вторник, 27 мај 2014 година 

Обраќање на претседателот Вељаноски по повод свечено отворање на Парламентарен институт

Со особено задоволство денеска го означуваме почетокот на работењето на Парламентарниот институт на Собранието на Република Македонија, проект кој е реализирaн заедно со нашиот партнер Швајцарската агенција за соработка и развој и кој подразбира професионална, независна служба за истражувања и анализи.
Прочитај повеќе

Обраќање на претседателот Вељаноски на Меѓународната конфер...

Среда, 21 мај 2014 година

Обраќање на претседателот Вељаноски на Меѓународната конференција за безбедност на сообраќајот на патиштата

Лично задоволство и чест ми е да бидам покровител на овој значаен настан, Меѓународната конференција за безбедност на сообраќајот на патиштата, чиј домаќин и организатор, со одлука на Извршниот одбор на Меѓународната организација за безбедност на сообраќајот на патиштата е Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата.

Прочитај повеќе

Обраќање на г. Трајко Вељаноски по повод втор реизбор...

ОБРАЌАЊЕ НА Г. ТРАЈКО ВЕЉАНОСКИ ПО ПОВОД ВТОР РЕИЗБОР ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА СОБРАНИЕТО

Сабота, 10 мај 2014 година

Сосема искрено ја изразувам мојата благодарност за доверената обврска по трет пат да бидам претседател на Собранието на Република Македонија. За мене е ова потврда за досегашниот труд, но и обврска дека довербата подлежи на секојдневна проверка.Свесен сум за тоа и ветувам дека ќе го водам Собранието најдобро што можам и умеам во функција на развојот и напредокот на Македонија.

Прочитај повеќе

Изјава на претседателот Вељаноски - распишување на предврем...

Четврток, 6 март 2014 година

ИЗЈАВА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ВЕЉАНОСКИ ПО ПОВОД РАСПИШУВАЊЕто НА ПРЕДВРЕМЕНИ ИЗБОРИ ЗА ПРАТЕНИЦИ

Денеска го потпишав Решението за распишување на предвремени избори за пратениците во Собранието на Република Македонија, кои ќе се одржат на 27 април 2014 година.

Прочитај повеќе
1...456       
Click