Пратеникот Бетиан Китев на Парламентарна конференција во Ду...

Понеделник, 5 ноември 2018 година

Пратеникот Бетиан Китев на Парламентарна конференција во Дубровник

Шефот на Делегацијата на Собранието на Република Македонија во Парламентарното собрание на Советот на Европа, Бетиан Китев, на 6 ноември 2018 година ќе учествува на Парламентарна конференција на тема „Градење на демократска безбедност на Медитеранот, заеднички предизвици, поделена одговорност“, која се одржува во  Дубровник, Република Хрватска.  

Прочитај повеќе

Положување венец свежо цвеќе 23.10.18...

Понеделник, 22 октомври 2018 година

Положување венец свежо цвеќе 

По повод 23 Октомври - Ден на Македонската револуционерна борба, Делегација на Собранието на Република Македонија, предводена од потпретседателката Фросина Ташевска-Ременски, а во состав: Диме Велковски и Жаклина Пешевска, на 23 октомври 2018 година (вторник), во 10:30 часот, ќе положи венец свежо цвеќе на споменикот на Гоце Делчев во Градскиот Парк во Скопје. 

Прочитај повеќе

Претседателот Џафери во официјална посета на Република Чешк...

Недела, 21 октомври  2018 година

Претседателот Џафери во официјална посета на Република Чешка

Претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери, по покана на претседателот на Претставничкиот дом, Радек Вондрачек, на 22 и 23 октомври 2018 година ќе престојува во официјална посета на Република Чешка. 

Прочитај повеќе

ПОЛОЖУВАЊЕ СВЕЖО ЦВЕЌЕ ПО ПОВОД ДРЖАВНИОТ ПРАЗНИК 11 ОКТОМВ...

Среда, 10 октомври 2018 година

ПОЛОЖУВАЊЕ СВЕЖО ЦВЕЌЕ ПО ПОВОД ДРЖАВНИОТ ПРАЗНИК 11 ОКТОМВРИ 

По повод државниот празник 11 Октомври - Денот на народното востание, пратеници од Собранието на Република Македонија, на 11.10.2018 година (четврток), ќе положат свежо цвеќе во Скопје, Прилеп и Куманово, и тоа:

Прочитај повеќе

Собраниска делегација на Интерпарламентарна конференција во...

Вторник, 9 октомври 2018 година

Собраниска делегација на Интерпарламентарна конференција во Виена

Делегација на Собранието на Република Македонија во состав: г. Хари Локвенец, претседател на Комисијата за одбрана и безбедност, г. Ејуп Аљими координатор на пратеничката група на Демократската унија за интеграција и г. Горан Милевски копретседавач со Мешовитиот парламентарен Комитет Република Македонија - Европска Унија ќе учествуваат на Интерпарламентарна конференција организирана од страна на Комисијата на Заедничка надворешна и безбедносна политика и Комисијата на заедничката безбедносна политика на државите членки на Европската Унија, што ќе се одржи од 10 до 12 октомври 2018 година во Виена, Република Австрија.

Прочитај повеќе

Доделување на државната награда „11 Октомври“ 2018...

Понеделник, 8 октомври 2018 година

Доделување на државната награда „11 Октомври“

На 11 октомври 2018 година (четврток), во Свечената - кристална сала на Собранието на Република Македонија, во 12:00 часот, Одборот за доделување на државната награда „11 Октомври“ ќе ја додели наградата „11 Октомври“ за 2018 година за највисоко признание за животно дело во областа на науката, уметноста, стопанството и другите дејности од јавен интерес на Република Македонија.

Прочитај повеќе

Пратеникот Китев на Есенската сесија на ПССЕ...

Понеделник, 8 октомври 2018 година

Пратеникот Китев на Есенската сесија на ПССЕ

Од 8 до 12 октомври 2018 година во Стразбур, Франција, ќе се одржи редовната есенска сесија на Парламентарното собрание на Советот на Европа, на која ќе учествува г. Бетиан Китев во својство на шеф на Делегацијата. 

Прочитај повеќе

Петнаесетти состанок на МПК - РМ и ЕУ...

Вторник, 18 септември 2018 година

Петнаесетти состанок на МПК - РМ и ЕУ

Петнаесеттиот состанок на Мешовитиот парламентарен комитет-Република Македонија и Европска унија - Парламентарен комитет за стабилизација и асоцијација ќе се одржи во Собранието на Република Македонија на 19 и 20 септември 2018 година.

Прочитај повеќе

Доделување на државната награда „8 Септември“ 8.9.18...

Петок, 7 септември 2018 година

Доделување на државната награда „8 Септември“

На 8 септември 2018 година (сабота), во Кристалната сала на Собранието на Република Македонија, во 11.00 часот, Одборот за доделување на државната награда „8 Септември“ ќе врачи една награда за животно дело и четири награди за остварување во областа на спортот во 2018 година, кои се доделуваат на спортисти, тренери и спортски работници. 

Прочитај повеќе

Положување венци свежо цвеќе 8.9.18...

Петок, 7 септември 2018 година

Положување венци свежо цвеќе

По повод 8 Септември - Денот на независноста на Република Македонија, утре делегации на Собранието на Република Македонија ќе положат венци свежо цвеќе, и тоа:

Прочитај повеќе
1...111213...21                      
Click