Четврток, 6 фервруари 2020 година
СОБРАНИСКА ДЕЛЕГАЦИЈА ВО ОФИЦИЈАЛНА ПОСЕТА НА БУКУРЕШТ
Делегација од Пратеничка група на Собранието на Република Северна Македонија за соработка со Парламентот на Романија, предводена од Панчо Минов, претседател на Групата, а во чиј состав се и членовите Мерал Узеири-Ферати, Сашко Костов и Драган Данев, од 5 до 8 февруари 2020 година, се во официјална посета на Романија.