Понеделник, 10 јули 2017 година
Полагање цвеќе во Сребреница
По повод 22-годишнината од геноцидот на Бошњаците во „безбедната област“ на ОН-Сребреница, на 11 јули, ќе се одржи комеморација и погреб на идентификуваните жртви од Поточари во 1995 година.
На одбележувањето ќе присуствува собраниска делегација предводена од пратеникот Зеќир Рамчиловиќ во состав: Реџаил Исмаиљ и Илија Николовски, која ќе оддаде почит и ќе положи свежо цвеќе на Меморијалниот камен.