Јавна расправа на тема: Говор на омраза во медиумите насоче...

Четврток, 16 ноември 2017 година

Јавна расправа на тема: Говор на омраза во медиумите насочен кон жените

Комисијата за еднакви можности на жените и мажите на Собранието на Република Македонија денеска ја одржа Четвртатa седница со следниот дневен ред: Јавна расправа на тема: Говор на омраза во медиумите насочен кон жените. 

Прочитај повеќе

Средба на Меѓуресорската група за реформи...

Четврток, 16 ноември 2017 година

Средба на Меѓуресорската група за реформи 

Денеска во Собранието на Република Македонија се одржа ад хок средба на Меѓуресорската група за реформи, на којашто, покрај претседателот на Собранието, како претседавач присуствуваше министерот за внатрешни работи г. Оливер Спасовски, координаторите на пратеничките групи, претставници на Комисијата за надзор над Управата за безбедност и контрарзузнавање и на Агенцијата за разузнавање, Комисијата за надзор над спроведувањето на посебна истражна мерка за следење на комуникациите од страна на Министерството за внатрешни работи, Управата за финансиска полиција, Царинската управа и Министерството за одбрана и Комисијата за одбрана и безбедност.

Прочитај повеќе

Петта седница на Комисијата за транспорт, врски и екологија...

Четврток, 10 ноември 2017 година

Петта седница на Комисијата за транспорт, врски и екологија  

Комисијата за транспорт, врски и екологија на Собранието на Република Македонија, на петтата седница, одржана на 10 ноември 2017 година, како матично работно тело, го разгледа Нацрт - просторниот план на Источниот плански регион 2013 – 2030.

Прочитај повеќе

Средба на претседателот Џафери со претставникот на ОБСЕ за ...

Среда, 15 ноември 2017 година

Средба на претседателот Џафери со претставникот на ОБСЕ за слобода на медиумите, г. Арлем Дезир

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Талат Џафери, денеска оствари средба со претставникот на ОБСЕ за слобода на медиумите, г. Арлем Дезир. Претседателот Џафери изрази задоволство од повторната средба со г. Дезир, овојпат во својство на претставник на ОБСЕ за слобода на медиумите. Тој нагласи дека Собранието на Република Македонија ги поддржува активностите и мисиите на ОБСЕ во регионот и редовно учествува во работата на Парламентарното собрание на ОБСЕ и потсети дека токму Собранието беше домаќин на Есенската сесија на ПС на ОБСЕ во октомври минатата година, кога се дискутираше за зајакнување на мерките за градење доверба и доброто владеење во регионот на ОБСЕ.

Прочитај повеќе

Груби: Парламентот да го контролира Буџетот...

Среда, 15 ноември 2017 година

Груби:  Парламентот да го контролира  Буџетот

Денеска претседателот на Комисијата за европски прашања, г. Артан Груби, во функција на претседател на Бордот  на Мрежата на парламентарните комисии за економија, финансирање и европски прашања на Парламентите во Западен Балкан, имаше воведно излагање на Регионалната парламентарна конференција на тема: „Зајакнување на легислативната контрола во парламентите од Западен Балкан“.

Прочитај повеќе

Обраќање на претседателот Џафери на Регионалната конференци...

Среда, 15 ноември 2017 година

Обраќање на претседателот Џафери на Регионалната конференција на Мрежата на парламентарни комисии за економија, финансии и евроинтеграции на Западен Балкан

По правило, ноември и декември во сите држави се месеци кога во парламентите се водат на моменти и жестоки расправи околу буџетот за следната година. Затоа, мислам дека ова е вистинскиот тајминг за  денешната конференција на која тема на расправа е „Парламентите од Западен Балкан и Буџетскиот надзор“. Би сакал на самиот почеток да изразам задоволство што Мрежата на парламентарните комисии за економија, финансии и евроинтеграции на Западен Балкан, поддржана од Вестминстер фондацијата за демократија и  Светската банка, ја организираат оваа конференција од која верувам дека сите ние ќе понесеме позитивни сознанија и искуства.
Прочитај повеќе

Годишен извештај за имплементација на Стратегијата за родов...

Вторник, 14 ноември 2017 година

Јавна расправа на тема: Годишен извештај за имплементација на Стратегијата за родова еднаквост за 2016 година

Комисијата за еднакви можности на жените и мажите на Собранието на РМ, на 14 ноември 2017 година, ја одржа Третатa седница со следниот дневен ред: Јавна расправа на тема: Годишен извештај за имплементација на Стратегијата за родова еднаквост за 2016 година.

Прочитај повеќе

СРЕДБА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ЏАФЕРИ СО Г. ЕМИЛИО ЛОРЕНЦО СЕРА...

Вторник, 14 ноември 2017 година

СРЕДБА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ЏАФЕРИ СО Г. ЕМИЛИО ЛОРЕНЦО СЕРА, АМБАСАДОР НА КРАЛСТВОТО ШПАНИЈА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Талат Џафери, денеска оствари средба со новиот вонреден и ополномоштен амбасадор на Кралството Шпанија во Република Македонија, Емилио Лоренцо Сера.

Прочитај повеќе

Младината е еден од најважните елементи во општеството...

Понеделник, 13 ноември 2017 година

Младината е еден од најважните елементи во општеството

Клубот за младински прашања и политики во Собранието на Република Македонија оствари средба со шефот на Секторот за млади во Советот на Европа, г-ѓа Антие Ротемунд.

Прочитај повеќе

Јавна расправа на тема: „Сеопфатна стратегија за образовани...

Петок, 10 ноември 2017 година

Јавна расправа на тема: „Сеопфатна стратегија за образованието за 2018 - 2025 година“ (нацрт)

Комисијата за образование, наука и спорт на Собранието на Република Македонија одржа јавна расправа на тема: „Сеопфатна стратегија за образованието за 2018 - 2025 година“ (нацрт).




 
Прочитај повеќе
1...100101102...117                                                                                                                      
Click