Средба на претседателот Џафери со Делегација на Пратеничкат...

Вторник, 21 ноември 2017 година

Средба на претседателот Џафери со Делегација на Пратеничката група за меѓупарламентарни односи со Република Македонија на Врховната Рада на Украина

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Талат Џафери, денеска оствари средба со Делегација на Пратеничката група за меѓупарламентарни односи со Република Македонија на Врховната Рада на Украина, составена од пратениците г. Андриј Шинкович, г. Михајло Кобцев и г. Роман Мацола. 

Прочитај повеќе

Учество на собраниска делегација на тркалезна маса во Брисе...

Вторник, 21 ноември 2017 година, Брисел

Учество на собраниска делегација на тркалезна маса во Брисел

Пратениците на Собранието на Република Македонија во состав Артан Груби, Никола Попоски и Фадил Зендели, вчера и денеска учествуваат на Конференција посветена на интеграцијата на земјите од Западен Балкан кон Европската унија во Европскиот парламент во Брисел.

Прочитај повеќе

Собраниска делегација на Конференција во Брисел, 21.11.2017...

Вторник, 21 ноември 2017 година, Брисел

Собраниска делегација на Конференција во Брисел

За време на  Конференцијата посветена на поместувањето на јазот помеѓу младинските политики, младинската партиципација и пратениците во организација на Европскиот парламент во Брисел, свое учество имаа и пратениците од Собранието на Република Македонија: Ивана Туфегџиќ, Димитар Стевананџија, Агим Шакири и Теута Биљали.

Прочитај повеќе

Средба на претседателот Џафери со еврокомесарот Хан...

Понеделник, 20 ноември 2017 година

Средба на претседателот Џафери со еврокомесарот Хан

На почетокот на средбата, претседателот Џафери го информираше еврокомесарот за тековните и претстојните активности на Собранието на Република Македонија поврзани со реформските процеси неопходни за добивање на позитивна препорака за отпочнување на преговори за членство во Европската Унија.   
Прочитај повеќе

Средба на претседателот Џафери со претседателот на Републик...

Понеделник, 20 ноември 2017 година

Средба на претседателот Џафери со претседателот на Република Албанија, г. Илир Мета 

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Талат Џафери, оствари средба со претседателот на Република Албанија, г. Илир Мета. 

Посакувајќи му добредојде, претседателот Џафери го изрази своето задоволство што во континуитет се зајакнуваат и продлабочуваат заемните меѓудржавни односи и што се споделуват заеднички вредности и интереси со Република Албанија во рамките на евроатланските интеграции. 

Прочитај повеќе

Средба на координаторите на политичките партии со генерални...

Петок, 17 ноември 2017 година

Средба на координаторите на политичките партии со генералниот секретар на ОБСЕ Гремингер

На средбата беа присутни: г. Томислав Тунтев од СДСМ, г. Антонијо Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ , г. Африм Гаши од Движењето БЕСА и претставникот од ДУИ, г. Реџаиљ Исмаили.
Прочитај повеќе

СРЕДБА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ЏАФЕРИ СО Г. ТОМАС ГРЕМИНГЕР, ГЕНЕР...

Петок, 17 ноември 2017 година

СРЕДБА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ЏАФЕРИ СО Г. ТОМАС ГРЕМИНГЕР, ГЕНЕРАЛЕН СЕКРЕТАР НА ОБСЕ

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Талат Џафери, денеска оствари средба со новиот генерален секретар на ОБСЕ, г. Томас Гремингер.

На почетокот на средбата, претседателот Џафери изрази задоволство од остварувањето на средбата и надеж дека и во иднина ќе продолжи плодната соработка со ОБСЕ. Претседателот изрази задоволство од консензуалното усвојување на одлуката за пополнување на четирите највисоки позиции во Организацијата на вонредниот Министерски совет, одржан во јули оваа година. 

Прочитај повеќе

Да се искорени сместувањето деца помлади од три години во и...

Петок, 17 ноември 2017 година

Да се искорени сместувањето деца помлади од три години во институции 

Интерпартиската парламентарна група за правата на лицата со посебни способности (ИППГ) во Собранието на Република Македонија организираше работна средба на тема „Семејство за секое дете“.

Прочитај повеќе

Обраќање на претседателот Џафери на работната средба на ИПП...

Петок, 17 ноември 2017 година

Обраќање на претседателот Џафери на работната средба на ИППГ на тема „Семејство за секое дете“

Кога ја читав програмата за денешната средба, а посебно темата „Семејство за секое дете“, се сетив на романот на Чарлс Дикенс, „Оливер Твист“, кој својот расказ го започнува со опишување на условите за живеење на децата без родители во едно сиропиталиште и со нивната најгруба злоупотреба. Верувам дека многу од вас го читале романот или пак гледале некоја од повеќето филмски верзии снимени според овој роман.
Прочитај повеќе

Средба на Делегацијата на Парламентарното собрание на Совет...

Четврток, 16 ноември 2017 година

Средба на Делегацијата на Парламентарното собрание на Советот на Европа со Казахстанскиот заменик-министер Василенко

Шефот на Делегацијата, г. Китев, во своето воведно обраќање на присутните им посака добредојде од името на Делегацијата, како и задоволство што се домаќини на висока делегација на земја која се смета за еден од столбовите на стабилноста во евроазискиот регион и прва земја од регионот на Централна Азија која е избрана за непостојана членка на Советот за безбедност на Обединетите нации за периодот 2017 - 2018 година. 
Прочитај повеќе
1...99100101...117                                                                                                                      
Click