Седница на Националниот совет за одржлив развој ...

Среда, 30 октомври 2019 година

Седница на Националниот совет за одржлив развој 

Пратеникот Реџаиљ Исмаили, во својство на член и двајца членови од Службата, како дел од техничката работна група на Националниот совет за одржлив развој, денеска, во хотел Александар Палас во Скопје, присуствуваат на седница на Националниот совет за одржлив развој. 

Прочитај повеќе

Средба на претседателот Џафери со г-ѓа Росана Дуџак, постој...

Вторник, 29 октомври 2019 година

Средба на претседателот Џафери со г-ѓа Росана Дуџак, постојан координатор на ООН во Република Северна Македонија

На денешната средба на претседателот на Собранието, г. Талат Џафери, со постојаниот координатор на ООН во Република Северна Македонија, г-ѓа Росана Дуџак, беа разменети повеќе информации и идеи околу тоа како да се продлабочи соработката меѓу органите и телата на ООН и Собранието на Република Северна Македонија.

Прочитај повеќе

Средба на претседателот Џафери со делегација од Стопанската...

Вторник, 29 октомври 2019 година

Средба на претседателот Џафери со делегација од Стопанската комора на Македонија – Турција

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери и Пратеничката група за соработка со Парламентот на Република Турција, во состав: Енес Ибрахим, претседател; Амди Бајрам, Јусуф Хасани, Теута Биљали и Драган Цуклев, членови на Пратеничката група, денеска остварија средба со делегација од Стопанската комора на Македонија – Турција (МАТТО), предводена од претседателот на МАТТО, Ајдован Адемоски, а во чиј состав беа потпретседателот Есер Џевахир, замениците на претседателот - Имер Селмани и Турхан Адеми и извршниот директор Шахпаз Молалиев.

Прочитај повеќе

Обраќање на претседателот Џафери на Самитот на Универзалнат...

Сабота, 26 октомври 2019, Тирана

Обраќање на претседателот Џафери на Самитот на Универзалната федерација за мир на тема „Мирот, безбедноста и човечкиот развој во Југоисточна Европа“  

Почестен сум што денес се наоѓам тука меѓу вас, и имам прилика во мое лично име и од име на пратениците во Собранието на Република Северна Македонија да ги поздравам учесниците на Самитот на Универзалната федерација за мир, што ќе се концентрира на тема „Мирот, безбедноста и човечкиот развој во Југоисточна Европа“ воопштено
Прочитај повеќе

Обраќање на претседателот на Собранието на Република Северн...

Четврток, 24 октомври 2019 година, Стразбур

Обраќање на претседателот на Собранието на Република Северна Македонија на Европската конференција на претседатели на парламенти на тема „Нашиот заеднички европски дом: следните 70 години“

Дозволете во мое лично име и од име на пратениците во Собранието на Република Северна Македонија да го честитам одбележувањето на 70 годишнината од основањето на Советот на Европа, водечката организација за човекови права во континентот во која членуваат 47 европски земји кои освен тоа што се наоѓаат на заеднички континент, имаат уште едно нешто заедничко и многу важно, односно, потписнички се на Европската конвенција за човекови права која што конвенција всушност е договор за заштита на човековите права, демократијата и владеењето на правото. 
Прочитај повеќе

Средба на претседателот Џафери со Давид Сасоли, претседател...

Четврток, 24 октомври 2019 година, Стразбур

Средба на претседателот Џафери со Давид Сасоли, претседател на Европскиот парламент

Во Европскиот парламент во Стразбур, претседателот на Собранието на Република Северна Македонија оствари средба и со претседателот на Европскиот парламент, Давид Сасоли, како и потпретседателката Клара Добрев.

Прочитај повеќе

Пораки за силна поддршка од европратениците за европската п...

Четврток, 24 октомври 2019 година, Стразбур

Пораки за силна поддршка од европратениците за европската перспектива на Република Северна Македонија

Покрај учеството на Конференцијата на претседатели на Парламенти на земјите членки на Советот на Европа која се одржува во Стразбур, претседателот на Собранието на Република Северна Македонија Талат Џафери, оствари и средби со пратеници во Европскиот парламент кои оваа недела заседаваат во Франција.

Прочитај повеќе

Средба на претседателот Џафери со новоименуваниот амбасадор...

Вторник, 22 октомври 2019 година

Средба на претседателот Џафери со новоименуваниот амбасадор на Република Австрија во Република Северна Македонија, Н.Е. Георг Вуцас

Двајцата соговорници ги оценија билатералните политички односи како пријателски, конструктивни и отворени и ја поздравија сѐ поинтензивната економска соработка. Од наша страна беше изразена благодарност за континуираната поддршка од страна на Република Австрија за процесот на проширување и вклучување на земјите од Западен Балкан во Европската Унија.
Прочитај повеќе

Работилница за родово сензитивни парламенти...

Вторник, 22 октомври 2019 година

Работилница за родово сензитивни парламенти

Делегација на Собранието на Република Северна Македонијa, составена од членови на Клубот на пратенички и Комисијата за еднакви можности на жените и мажите, во рамките на проектот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје за демократски реформи и институционално јакнење на Собранието, учествуваше на билатерална работилница на тема: „Кон родово сензитивни парламенти во Република Албанија и Република Северна Македонија“, која се одржа од 18 до 20 октомври 2019 во Поградец, Република Албанија. 

Прочитај повеќе

Дваесет и шеста седница на Комисијата за земјоделство, шума...

Четврток, 17 октомври 2019 година

Дваесет и шеста седница на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство

Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство на Собранието на Република Северна Македонија, на денешната 26. Седница, како матично работно тело, во второ читање го разгледа Предлогот на законот за изменување и дополнување на Законот за виното.

Прочитај повеќе
1...161718...117                                                                                                                      
Click