Средба на претседателот Џафери со претседателката на Народн...

Четврток, 17 октомври 2019 година

Средба на претседателот Џафери со претседателката на Народното собрание на Република Србија, Маја Гојковиќ

Претседателката Маја Гојковиќ изрази благодарност за учеството на Делегацијата на Собранието на Република Северна Македонија на 141. Собрание на ИПУ на високо претседателско ниво, како и задоволство што парламентарните односи меѓу Република Србија и Република Северна Македонија се високо развиени, со бројни средби како на билатерално, така и на мултилатерално ниво. 
Прочитај повеќе

Дебата на тема: „Како работата на парламентите да биде подо...

Четврток, 17 октомври 2019 година

Дебата на тема: „Како работата на парламентите да биде подостапна за лицата со попреченост: најдобри практики“

Генералната секретарка на Собранието на Република Северна Македонија, Цветанка Иванова учествува на Заседанието на Здружението на генералните секретари на парламентите (ЗГСП), што се одржува во рамките на 141. Собрание на Интерпарламентарната унија (13-17 октомври 2019 година Белград, Република Србија).

Прочитај повеќе

Oдбележан 15 октомври - меѓународниот ден на Белиот стап...

Среда, 16 октомври 2019 година

Oдбележан 15 Октомври - меѓународниот ден на Белиот стап

По повод одбележување на 15 Октомври - Mеѓународниот ден на Белиот стап - симболот на слепиот човек, во посета на Собранието на Република Северна Македонија беа претставници од Здружението на слепи и лица со оштетен вид Скопје. 

Прочитај повеќе

Разгледан Финансискиот план на МРТ...

Среда, 16 октомври 2019 година

Разгледан Финансискиот план на МРТ

Комисијата за транспорт, врски и екологија на првото продолжение од вчерашната 39. седница, како матично работно тело, го разгледа Финансискиот план на Јавното радиодифузно претпријатие Македонска радио телевизија за 2019 година.

Прочитај повеќе

Средба на претседателот Џафери со делегациjaта на Австралиј...

Среда, 16 октомври 2019 година

Средба на претседателот Џафери со делегациjaта на Австралија во ИПУ

Делегацијата на Собранието на Република Северна Македонија во Интерпарламентарната унија (ИПУ), предводена од претседателот Талат Џафери, денеска оствари средба со делегациjaта на Австралија во ИПУ, предводена од Луси Викс, пратеник во Претставничкиот дом на Парламентот на Австралија. Средбата беше реализирана во рамките на 141. Собрание на ИПУ, што се одржува од 13 до 17 октомври 2019 година во Белград, Република Србија.

Прочитај повеќе

ОЧЕКУВАЊАТА И ПЕРСПЕКТИВИТЕ ВО ПРОЦЕСОТ НА ПРИСТАПУВАЊЕ ВО ...

Вторник, 15 октомври 2019 година

ОЧЕКУВАЊАТА И ПЕРСПЕКТИВИТЕ ВО ПРОЦЕСОТ НА ПРИСТАПУВАЊЕ ВО ЕВРОПСКАТА УНИЈА 

Националниот совет за евроинтеграции на Шестата седница одржана на 14 октомври 2019 година расправаше за очекувањата и перспективите во процесот на пристапување во Европската унија. На седницата присуствуваа заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, г. Бујар Османи, членови на Комисијата за европски прашања, Комисијата за надворешна политика, Мешовитиот парламентарен комитет РМ-ЕУ, граѓански организации, институции,  како и амбасадори на земји-членки на ЕУ во државата.

Прочитај повеќе

Обраќање на претседателот на Собранието на 141. Собрание на...

Вторник, 15 октомври 2019 година

Обраќање на претседателот на Собранието на Република Северна Македонија на 141. Собрание на Интерпарламентарната унија на тема „Зајакнување на меѓународното право: Улогата и механизмите на парламентите и придонесот во регионалната соработка“

Дозволете во мое лично име и од име на пратениците во Собранието на Република Северна Македонија да ги поздравам учесниците на 141. Собрание на Интерпарламентарната Унија и да изразам задоволство што и овој пат сме собрани во овој респектабилен број и имаме можност да ги презентираме ставовите на националните институции пред овој меѓународен форум. Како и многупати претходно, така и овој пат, концептот на ова меѓународно собрание ја потврдува својата неопходна и значајна улога во адресирањето на прашањата кои се од взаемен интерес на нашите граѓани, државите и регионите. 
Прочитај повеќе

Средби на претседателот Џафери со делегациите на Мексико и ...

Вторник, 15 октомври 2019 година

Средби на претседателот Џафери со делегациите на Мексико и на Босна и Херцеговина во ИПУ

Во рамките на 141. Собрание на Интерпарламентарната унија (ИПУ), што се одржува од 13 до 17 октомври 2019 година во Белград, Република Србија, делегацијата на Собранието на Република Северна Македонија во ИПУ, предводена од претседателот Талат Џафери, денеска оствари средби со делегациите на Мексико и на Босна и Херцеговина во ИПУ.

Прочитај повеќе

Средба на претседателот Џафери со претседателот на Државнио...

Понеделник, 14 октомври 2019 година

Средба на претседателот Џафери со претседателот на Државниот збор на Република Словенија, Дејан Жидан 

Претседателите на парламентите на Северна Македонија и Словенија се согласија дека оваа средба претставува уште една потврда на одличните билатерални односи меѓу двете држави, кои во континуитет се пријателски и без отворени прашања, базирани на традиционално пријателство, силно стратешко партнерство, долгогодишна конструктивна соработка и поддршка на билатерален и мултилатерален план.
Прочитај повеќе

„Актуелизирање на дигитализацијата и циркуларната економија...

Понеделник, 14 октомври 2019 година, Белград

„Актуелизирање на дигитализацијата и циркуларната економија за постигнување на ЦОР, одговорна потрошувачка и производство“

Во рамките на 141. Собрание, денеска седници одржаа постојаните комисии за одржлив развој, финансии и трговија (Втора комисија) и за демократија и човекови права (Трета комисија). Пратеникот Диме Велковски учествуваше во расправата на Втората комисија, на тема: „Актуелизирање на дигитализацијата и циркуларната економија за постигнување на ЦОР, одговорна потрошувачка и производство“. 
Прочитај повеќе
1...171819...117                                                                                                                      
Click