Собраниска делегација на седница на Мониторинг комисијата н...

Вторник, 10 септември 2019 година, Париз

Собраниска делегација на седница на Мониторинг комисијата на ПССЕ

Денеска во Париз се одржува седница на Мониторинг комисијата на Парламентарното собрание на Советот на Европа на која учествуваат шефот на Делегацијата на Собранието на Република Северна Македонија, Бетиан Китев и членот на Делегацијата, Никола Попоски.

Прочитај повеќе

Обраќање на претседателот Џафери по повод одбележувањето на...

Петок, 6 септември 2019 година  

Обраќање на претседателот Џафери по повод одбележувањето на 8 Септември - Денот на независноста

Добродојдовте на одбележувањето на овој исклучително значаен историски ден. Имам чест што денес сум домаќин на овој настан, како што впрочем е и редот, со оглед на тоа што токму овде, во законодавниот дом, во домот на граѓаните, пред точно дваесет и осум години, нашите колеги од тој пратенички состав, ја ставија на хартија и во живот одлуката на граѓаните од спроведениот референдум на 8 септември 1991 година кога вековниот сон, вековната желба за слободна, независна, суверена држава се оствари, бидејќи граѓаните се определија за таква самостојна, суверена држава, чии што основни постулати за развивање на граѓанското општество беа вградени и во највисокиот законодавен акт - во Уставот на државата. 
Прочитај повеќе

Студиска посета на собраниска делегација на Словенечкиот па...

Петок, 6 септември 2019 година

Студиска посета на собраниска делегација на Словенечкиот парламент

Делегација на Собранието на Република Северна Македонија од Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, во состав: Бетиан Китев, Зоран Илиоски, Реџаил Исмаили, Сурија Рашиди, Снежана Калеска-Ванчева и Ане Лашкоска, како и генералната секретарка на Собранието, Цветанка Иванова, заедно со претставници на собраниската служба, независните тела и Мисијата на ОБСЕ во Скопје, од 3 до 5 септември 2019 година, оствари студиска посета на Словенечкиот парламент и самостојните државни органи. 

Прочитај повеќе

Разгледана Предлог-комуникациската стратегија на Клубот на ...

Четврток, 5 септември 2019 година

Разгледана Предлог-комуникациската стратегија на Клубот на пратенички

Клубот на пратенички на Собранието на Република Северна Македонија вчера ја разгледа Предлог-комуникациската стратегија, која е подготвена во соработка со Мисијата на ОБСЕ во Скопје.

Прочитај повеќе

Средба на претседателот Џафери со заменик-шефот на делегаци...

Понеделник, 2 септември 2019 година

Средба на претседателот Џафери со заменик-шефот на делегацијата на ЕУ и експертскиот тим на ЕУ-проектот за „Поддршка на Собранието во имплементацијата на реформите“

Денеска претседателот Џафери имаше протоколарна средба со заменик шефот на делегацијата на ЕУ во Скопје, г. Јулиан Васало, меѓутоа оваа средба воедно означуваше и завршување на двогодишниот проект финансиран од Европската Унија „Поддршка на Собранието во имплементација на реформите“. На средбата, покрај претседателот Џафери, присуствуваше и генералниот секретар Иванова и двајцата експерти кои го спроведуваа проектот, г. Едмонд Милетиќ и г. Тибор Драшковиќ.

Прочитај повеќе

Проштална средба на претседателот Џафери со амбасадорката н...

Петок, 30 август 2019 година

Проштална средба на претседателот Џафери со амбасадорката на Република Хрватска во Република Северна Македонија, г-ѓа Даниела Баришиќ

На средбата беше изразена благодарност за досегашната соработка и поддршка од пријателската Хрватска. Исто така, двајцата соговорници разговараа за актуелните прашања на Република Северна Македонија. Посебен акцент беше ставен на темата за членството во НАТО, како и за претстојното претседателство на Република Хрватска на Советот на Европската Унија и нивната програма и приоритети.
Прочитај повеќе

Учество на претседателот Џафери на Работниот состанок на Ам...

Понеделник, 26 август 2019 година

Учество на претседателот Џафери на Работниот состанок на Амбасадорскиот совет

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, г. Талат Џафери, на покана на министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија, г. Никола Димитров, денеска учествуваше на Работниот состанок со шефовите на дипломатско-конзуларните претставништва на Република Северна Македонија.

Прочитај повеќе

Средба на претседателот Џафери со поранешните претседатели ...

Четврток, 1 август 2019 година

Средба на претседателот Џафери со поранешните претседатели на Собранието

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, денеска оствари средба со поранешните претседатели на Собранието, Стојан Андов и Тито Петковски, по повод 2 Август, Денот на Републиката.

Прочитај повеќе

ОБРАЌАЊЕ НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ЏАФЕРИ ПО ПОВОД ОДБЕЛЕЖУВАЊЕТО НА...

Петок, 2 август 2019, Пелинце 

ОБРАЌАЊЕ НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ЏАФЕРИ ПО ПОВОД ОДБЕЛЕЖУВАЊЕТО НА 2 АВГУСТ - ДЕНОТ НА РЕПУБЛИКАТА

Чест ми е што денес стојам тука пред вас, како претседател на Собранието на Република Северна Македонија, и ја имам таа привилегија да ве поздравам и посакам добредојде од име на Собранието и пратениците во законодавниот дом, тука пред Меморијалниот центар АСНОМ во Пелинце.
Прочитај повеќе

Проштална средба на претседателот Џафери со амбасадорот на ...

Среда, 31 јули 2019 година

Проштална средба на претседателот Џафери со амбасадорот на Кралството Шведска, Н.Е.Г. Матс Стафансон

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија Талат Џафери, денес оствари проштална средба со амбасадорот на Кралството Шведска, Н.Е. Матс Стафансон. Претседателот изрази благодарност за  работата на амбасадата на Кралството Шведска, која и во текот на мандатот на амбасадорот Стафансон значајно придонесе за развој и унапредување на односите меѓу двете држави и даде силна поддршка на евроатланската интеграција на Република Северна Македонија. 

Прочитај повеќе
1...232425...117                                                                                                                      
Click