Јавна расправа на Комисијата за образование, наука и спорт ...

Понеденик, 3 февруари 2020

Јавна расправа на Комисијата за образование, наука и спорт

Комисијата  за  образование, наука и спорт,  на  45. Седница, одржана на 31 јануари 2019 година и на 3 февруари 2020 година, одржа Јавна расправа по Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за основање на Универзитет за информатички науки и технологии „Свети Апостол Павле“.

Прочитај повеќе

Обраќање на претседателот Џафери на Третиот Жан Моне Дијало...

Петок, 31 јануари 2020

Обраќање на претседателот Џафери на Третиот Жан Моне Дијалог

Денеска продолжуваме со нов Жан Моне Дијалог, трет по ред, и мене ми е драго што меѓу нас се наоѓа новиот состав на европратници, пријатели на Собранието и на Република Северна Македонија, наши колеги од Европскиот парламент, кои се тука да ја продолжат со нас соработката која започна во мај 2018 година во Охрид, продолжи во мај 2019 година во Собрание и сакам да ја искористам оваа прилика да се заблагодарам на претходната тројка европратеници, Вајгл, Кукан и Флекнштајн, за нивното пријателство и непоколебливата посветеност на нашиот законодавен дом, а Вас, г. Ќучјук, г. Шиедер и г-ѓа Валсман, дозволете да ве поздравам и да ви посакам добредојде во Собрание со верба дека заедно ќе постигнеме конкретни резултати и успеси за кои можеби во некое поранешно минато сме мислеле дека се невозможни, а сепак сме успеале да ги оствариме или постигнеме.
Прочитај повеќе

СРЕДБА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ЏАФЕРИ СО ПРЕТСТАВНИЦИ НА ЛИДЕРИТЕ ...

Петок, 31 јануари 2020

СРЕДБА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ЏАФЕРИ СО ПРЕТСТАВНИЦИ НА ЛИДЕРИТЕ НА МЛАДИНСКИТЕ СОЈУЗИ ОД КРУШЕВО И СОЛУН

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, денеска оствари средба со лидерите на Младинскиот сојуз Крушево и Младинскиот сојуз УНЕСКО од Солун, Методија Стојчевски и Бабис Папајоану, организатори на младинскиот културен настан во рамките на Преспанскиот договор, заедно со европратениците-копретседавачи на Жан Моне Дијалогот, Андреас Шидер, Илхан Кјучук и Марион Валсман, како и амбасадорот Самуел Жбогар.

Прочитај повеќе

ТРЕТ ЖАН МОНЕ ДИЈАЛОГ ЗА МИР И ДЕМОКРАТИЈА...

Петок, 31 јануари 2020 година

ТРЕТ ЖАН МОНЕ ДИЈАЛОГ ЗА МИР И ДЕМОКРАТИЈА

На 31 јануари и 1 февруари 2020 година, во Собранието се одржува Третиот Жан Моне дијалог за мир и демократија, развиен од Европскиот парламент како алатка на меката моќ во областа на парламентарната медијација.

Прочитај повеќе

СРЕДБА НА ПРАТЕНИЧКАТА СОЊА МИРАКОВСКА СО ЕВРОПРАТЕНИКОТ АН...

Петок, 31 јануари 2020

СРЕДБА НА ПРАТЕНИЧКАТА СОЊА МИРАКОВСКА СО ЕВРОПРАТЕНИКОТ АНДРЕАС ШИДЕР

Претседателката на Делегацијата на Собранието на Република Северна Македонија во Парламентарниот комитет за стабилизација и асоцијација (Мешовит парламентарен комитет – Република Северна Македонија и ЕУ), Соња Мираковска, денеска оствари средба со нејзиниот колега од европска страна, европратеникот Андреас Шидер.

Прочитај повеќе

РАБОТНА СРЕДБА НА ПРАТЕНИЦИ ЗА ПРЕНЕСУВАЊЕ НА ИСКУСТВА ОД С...

Четврток, 30 јануари 2020

РАБОТНА СРЕДБА НА ПРАТЕНИЦИ ЗА ПРЕНЕСУВАЊЕ НА ИСКУСТВА ОД САД

Потпретседателот на Собранието на Северна Македонија, Горан Мисовски; претседателот на Комисијата за европски прашања, Артан Груби и претседателката на Комисијата за финансирање и буџет, Лилјана Кузмановска, во соработка со Меѓународниот републикански институт (ИРИ), денеска одржаа работна средба на пратеници за пренесување на искуства од САД за законодавни инструменти за борба против корупцијата, транспарентноста и етиката на избрани и именувани лица на централно и локално ниво.

Прочитај повеќе

Собраниска делегација на редовната сесија на ПССЕ...

Четврток, 30 јануари 2020

Собраниска делегација на редовната сесија на ПССЕ

Делегација на Собранието на Република Северна Македонија, предводена од Бетијане Китев, а во чиј состав се Шпреса Хадри и Никола Попоски во својство на членови, присуствуваат на првиот дел од редовната сесија на Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ).

Прочитај повеќе

Средба на Собраниската комисија за здравство со Комисијата ...

Четврток, 30 јануари 2020

Средба на Собраниската комисија за здравство со Комисијата за здравство во германскиот Бундестаг

Делегација на Собранието на Република Северна Македонија, предводена од претседателката на Комисијата за здравство, Мирсада Емини-Асани, а во состав: Бети Рабаџиевска-Наумовска, Ванковер Манчев, Мери Лазарова и Сашо Василевски, од 27 до 30 јануари 2020 година, престојува во Берлин, Сојузна Република Германија, по покана од претседателот на Комисијата за здравство во германскиот Бундестаг.

Прочитај повеќе

Разгледан Предлогот на законот за урбанистичко планирање...

Среда, 29 јануари 2020

Разгледан Предлогот на законот за урбанистичко планирање

Комисијата за транспорт, врски и екологија, на својата 42. Седница, како матично работно тело, во второ читање, го разгледа Предлогот на законот за урбанистичко планирање.

Прочитај повеќе

Потпишување на заедничката Декларација на Самитот на претсе...

Среда, 29 јануари 2020

Потпишување на заедничката Декларација на Самитот на претседатели на парламенти од Западен Балкан

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери во Брисел учествува на Самитот на претседатели на парламенти на земјите од Западен Балкан и на Европскиот парламент, кој се организира под покровителство на претседателот на Европскиот парламент, Давид Сасоли.

Прочитај повеќе
1...456...117                                                                                                                      
Click