Интерпарламентарна конференција на тема "Инструмент за...

Петок, 13 април 2018 година, Белград

Интерпарламентарна конференција на тема "Инструмент за пред-пристапна помош во руралниот развој: Научени лекции и идни перспективи"

Во рамките на Интерпарламентарната конференција, во организација на Европскиот парламент и во соработка со Народното Собрание на Република Србија, денеска во Белград, се одржува семинар на тема: "Инструмент за пред-пристапна помош во руралниот развој: Научени лекции и идни перспективи". 

Прочитај повеќе

Јавна расправа по Предлогот на законот за изменување и допо...

Четврток, 12 април 2018 година

Јавна расправа по Предлогот на законот за изменување и дополнување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги

Комисијата за транспорт, врски и екологија на денешната 16.седница одржа Јавна расправа на тема: Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

Прочитај повеќе

Средба на Комисијата за европски прашања со колегите од Бун...

Четврток, 12 април 2018 година

Средба на Комисијата за европски прашања со колегите од Бундестагот

Претседателот на Комисијата за европски прашања, г. Артан Груби заедно со членовите и заменик-членовите на Комисијата, денеска оствари средба со хомолозите од Комисијата за ЕУ прашања при германскиот Бундестаг, предводена од претседателот г. Гинтер Крихбаум. Покрај Крихбаум (ЦДУ), во состав на Делегацијата беа и пратениците Харалд Вејл (АфД) и Томас Хакер (ФДП).

Прочитај повеќе

СРЕДБА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ЏАФЕРИ СО ДЕЛЕГАЦИЈА ОД ГЕРМАНСКИОТ...

Четврток, 12 април 2018 година

СРЕДБА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ЏАФЕРИ СО ДЕЛЕГАЦИЈА ОД ГЕРМАНСКИОТ БУНДЕСТАГ

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Талат Џафери, денеска оствари средба со Делегација од Комисијата за прашања на Европската унија од Бундестагот на Сојузна Република Германија, предводена од претседателот на Комисијата, г. Гинтер Крихбаум, во придружба на г. Харалд Вејер и г. Томас Хакер.
Прочитај повеќе

СРЕДБА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ЏАФЕРИ СО Г. ПАВЛО КЛИМКИН, МИНИСТЕ...

Среда, 11 април 2018 година

Средба на претседателот Џафери со г. Павло Климкин, министер за надворешни работи на Украина 

Претседателот Џафери изрази задоволство од интензивирањето на институционалната соработка меѓу Република Македонија и Украина, а особено на билатералната соработка меѓу двата парламенти, истакнувајќи дека Делегација на Врховната Рада на Украина оствари работна посета на земјава во ноември минатата година.
Прочитај повеќе

Одржан прв јавен настан за Законот за млади...

Среда, 11 април 2018 година

Одржан прв јавен настан за Законот за млади

По повод отпочнувањето на процесот за креирање на Законот за млади, денеска во Собранието на Република Македонија се одржа јавен настан на кој се дискутираше начинот на креирање на Законот, како и потребите, правата и обврските на младите кои треба да бидат уредени со овој закон.

Прочитај повеќе

Дванаесетта седница на Комисијата за култура...

Вторник, 10 април 2018 година

Дванаесетта седница на Комисијата за култура

Комисијата за култура на Собранието на Република Македонија, на денешната 12. седница, како матично работно тело, ја разгледа Националната стратегија за развој на културата во Република Македонија во периодот 2018 – 2022 година и Акцискиот план за имплементација на Националната стратегија.

Прочитај повеќе

Јавна расправа по Предлог-законот за високото образование, ...

Четврток, 5 април 2018 година

Јавна расправа по Предлог-законот за високото образование

Пред присутните се обрати министерката за образование и наука, г-ѓа Рената Тренеска Десковска која истакна дека новото законско решение за високото образование е  резултат на инклузивност на академската заедница и сите субјекти од сферата на образованието. Предложениот закон е одговор на проблемите во високото образование што произлегуваат меѓу другото од нефункционалните и контрадикторни законски решенија кои ја ограничуваат автономијата на универзитетите и на високообразовните установи. 

Прочитај повеќе

Средба на претседателот Џафери со словенечкиот премиер Цера...

Среда, 4 април 2018 година

Средба на претседателот Џафери со словенечкиот премиер Церар

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Талат Џафери, денеска оствари средба со Делегација од Република Словенија, предводена од премиерот Миро Церар. На средбата присуствуваа и пратениците од Пратеничката група за соработка со Парламентот на Република Словенија: г-ѓа Фросина Ташевска-Ременски, г-ѓа Шпреса Хадри, г-ѓа Лилјана Поповска и г. Неџбедин Каремани. 

Прочитај повеќе

Деветта седница на Комисијата за земјоделство, шумарство и ...

Среда, 4 април 2018 година 

Деветта седница на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство

Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство на Собранието на Република Македонија, на денешната 9. седница, како матично работно тело, во прво читање, ги разгледа:

  1. Предлогот на законот за изменување и дополнување на Законот за ловството;
  2. Предлогот на законот за изменување и дополнување на Законот за рибарство и аквакултура.
Прочитај повеќе
1...818283...117                                                                                                                      
Click