Петнаесетта седница на Комисијата за транспорт, врски и еко...

Вторник, 3 април 2018 година

Петнаесетта седница на Комисијата за транспорт, врски и екологија

Комисијата за транспорт, врски и екологија на Собранието на Република Македонија, на денешната 15. Седница, како матично работно тело, во скратена постапка го разгледа Предлогот на законот за дополнување на Законот за реализација на инфраструктурни проекти за изградба на патна делница Миладиновци-Штип и патна делница Кичево-Охрид.

Прочитај повеќе

Осма седница на Комисијата за земјоделство, шумарство и вод...

Вторник, 3 април 2018 година

Осма седница на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство

Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство на Собранието на Република Македонија, на вчерашната 8. Седница, како матично работно тело во прво читање ги разгледа:

Прочитај повеќе

Јавна расправа на тема: „Ефектите од примената на паралелен...

Вторник, 3 април 2018 година

Јавна расправа на тема: „Ефектите од примената на паралелен увоз на лекови“

Со седницата раководеше претседателката на Комисијата за здравство, г-ѓа Мирсада Емини-Асани, која истакна дека излагањата на јавната расправа треба да бидат квалитетна основа во подобрувањето на законските решенија на Законот за лековите и медицинските средства.

Прочитај повеќе

Отворен ден во Собранието 3.4.18...

Вторник, 3 април 2018 година

Отворен ден во Собранието

Во поддршка на отвореноста на законодавната власт, Собранието на Република Македонија, на 30 март 2018 година, организираше Отворен ден во Собранието.

Вкупно 238 посетители, организирани во три групи, имаа можност да слушнат за улогата на законодавната власт, да ги видат: пленарната сала, салите на работните тела, како и свечените и протоколарните простории.

Прочитај повеќе

Обраќање на претседателот Џафери на Првата годишна конферен...

Понеделник, 2 април 2018 година

Обраќање на претседателот Џафери на Првата годишна конференција на Министерството за финансии по повод 26-годишнината од носењето на првиот Буџет на независна Република Македонија на тема „Управување со јавните финансии и економски раст - комплементарни или спротивставени?“

Пред дваесет и шест години, кога е донесен првиот буџет на Република Македонија, покажавме на домашната јавност, а пред сè на економските субјекти, но и на меѓународната јавност и меѓународните финансиски организации, дека како држава сме способни да го испланираме, да го донесеме, да го полниме и да го реализираме буџетот без кој не може да се замисли ниту една функција на државата.
Прочитај повеќе

Јавна расправа на тема: „Предлог-национална стратегија за р...

Петок, 30 март 2018 година

Јавна расправа на тема: „Предлог-национална стратегија за развој на културата во Република Македонија во периодот 2018 – 2022 година“

Комисијата за култура на Собранието на Република Македонија одржа јавна расправа за Предлог-национална стратегија за развој на културата во Република Македонија во периодот 2018 – 2022 година, со која претседаваше претседателката на Комисијата, г-ѓа Ирена Стефоска.

Прочитај повеќе

Обраќање на претседателот Џафери на Четвртата годишна конфе...

Петок, 30 март 2018 година

Обраќање на претседателот Џафери на Четвртата годишна конференција на Асоцијацијата на балкански универзитети, на тема „Соработката помеѓу универзитетите и културната коегзистенција - премиса за одржлива платформа во целиот Балкански регион“ 

Денеска, имам чест да учествувам на Четвртата годишна конференција на Асоцијацијата на Балкански универзитети и да бидам пред овој ценет универзитетски аудиториум. Универзитетите се лулката на знаењето, лулка на иднината, тие се институциите каде се детерминира визијата за иднината и целосно се согласувам со темата на Конференцијата, односно „Соработката помеѓу универзитетите и културната коегзистенција - премиса за одржлива платформа на целиот Балкански регион“, затоа што навистина е суштинско универзитетите да соработуваат помеѓу себе, и ова е од уште поголемо значење доколку го земеме предвид целиот балкански контекст. 
Прочитај повеќе

Учество на генералната секретарка Иванова на Заседанието на...

Среда, 28 март 2018 година, Женева

Учество на генералната секретарка Иванова на Заседанието на Здружението на генералните секретари на парламентите

Генералната секретарка на Собранието на Република Македонија, г-ѓа Цветанка Иванова, учествува на Заседанието на Здружението на генералните секретари на парламентите (ЗГСП), што се одржува во рамките на 138. Собрание на Интерпарламентарната унија (24-28 март 2018 година, Женева, Швајцарска Конфедерација).

Прочитај повеќе

Излагање на пратеничката Николова на дебата на тема: „Зацвр...

Среда, 28 март 2018 година, Женева

Излагање на пратеничката Николова на дебата на тема: „Зацврстување на меѓупарламентарната соработка за миграцијата и управување со миграцијата, со перспектива за усвојување на Глобален компакт за сигурна, уредна и регуларна миграција“

Пратеничката Јулиана Николова учествуваше на седница на Третата постојана комисија за демократија и човекови права и имаше излагање на дебатата на тема: „Зацврстување на меѓупарламентарната соработка за миграцијата и управување со миграцијата, со перспектива за усвојување на Глобален компакт за сигурна, уредна и регуларна миграција“.
Прочитај повеќе

Средба на претседателот Џафери и Делегацијата на Собранието...

Среда, 28 март 2018 година

Средба на претседателот Џафери и Делегацијата на Собранието во ИПУ со Швајцарската делегација во ИПУ

Делегацијата на Собранието на Република Македонија во ИПУ, предводена од  г. Талат Џафери, претседател на Собранието на Република Македонија, во рамките на учеството на 138. Собрание на Интерпарламентарната унија во Женева, Швајцарска Конфедерација, имаше работен ручек со Швајцарската делегација во ИПУ, предводена од г. Андреа Корони, шеф на Делегацијата.

Прочитај повеќе
1...828384...117                                                                                                                      
Click