Сабота, 12 јуни 2021, Тетово
Обраќање на претседателот Џафери на церемонијата за промоција на седумнаесеттата генерација апсолвенти на УЈИЕ
Денес е значаен ден за Универзитетот, за академскиот кадар и пред сѐ, за студентите на седумнаесеттата генерација на апсолвенти на Универзитетот на Југоисточна Европа и гордите родители и јас сум почестен што денес сум во можност во мое лично име во својство на Претседател и од име на пратениците во Собранието на Република Северна Македонија да ве поздравам и да ви честитам за постигнатиот успех, за заокружувањето на првиот циклус од вашето високо образование, со желби знаењето, сознанијата, навиките што ги стекнавте во овој сегмент од вашето патешествие да бидат темел, или сигурна, солидна и силна основа врз која ќе продолжите да се усовршувате, да се развивате и специјализирате во вашиот професионален живот и кариерен развој.