Билатерална средба на претседателот Џафери и претседателот ...

Понеделник, 28 јуни 2021 година, Брисел

Билатерална средба на претседателот Џафери и претседателот Зорчиќ

Денеска, на маргините на Самитот на претседатели на Парламенти: Европски парламент – Западен Балкан претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, г. Талат Џафери оствари билатерална средба со претседателот на Националното собрание на Република Словенија, г. Игор Зорчиќ. Република Словенија го презема претседателството со Советот на Европа во втората половина на 2021 година. 

Прочитај повеќе

Обраќање на претседателот Џафери на Изложбата на Вишеградск...

Четврток, 24 јуни 2021 година

Обраќање на претседателот Џафери на Изложбата на Вишеградската група В4 

Почитувани присутни,
Најпрво, дозволете ми да изразам задоволство за реализација на идејата за оваа денешна Изложба, чија организација и покрај актуелните вонредни услови, јасно ја потврдува поддршката на Чешка, Унгарија, Полска и Словачка за европската перспектива на Република Северна Македонија и на целиот регион. 
Прочитај повеќе

Пратеничките прашања се всушност прашања на граѓаните...

Среда, 23 јуни 2021 година

Пратеничките прашања се всушност прашања на граѓаните

Собраниска делегација во Парламентарното собрание на ОБСЕ, предводена од Игор Јанушев, шеф на Делегацијата и членовите: Моника Зајкова, Халил Снопче, Диме Велковски, Гордана Сиљановска-Давкова и Берат Ајдари, вчера попладне оствари средба со Ан Линде, министерка за надворешни работи на Кралството Шведска и претседавач со ОБСЕ.

Прочитај повеќе

Претседателот Џафери го посети Меѓународниот секретаријат н...

Среда, 23 јуни 2021 година

Претседателот Џафери го посети Меѓународниот секретаријат на ПАБСЕК во Истанбул

На средбата претседателот Џафери го истакна своето задоволство што Република Северна Македонија стана 13 членка на ова важно Парламентарно собрание и надеж дека сорботката на сите нивоа меѓу државите членки дополнително ќе се продлабочи преку редовните контакти и пленарни сесии.
Прочитај повеќе

Единствен пат за Албанија и Северна Македонија е заедничкио...

Среда, 23 јуни 2021 година

Единствен пат за Албанија и Северна Македонија е заедничкиот пат кон ЕУ

Претседателот на Пратеничка група на Собранието на Република Северна Македонија за соработка со Парламентот на Република Албанија, Изет Меџити  со членовите, вчера оствари средба со Мими Кодели, претседателка на Комисијата за надворешна политика на Собранието на Република Албанија и членовите на Делегацијата.

Прочитај повеќе

Средба на претседателот Џафери со Мустафа Шентоп...

Среда, 23 јуни 2021 година

Средба на претседателот Џафери со Мустафа Шентоп

Претседателот Талат Џафери му честиташе на претседателот Шентоп за успешното претседавање на Турција со ПСЈИЕ која претставува прва автохтона регионална форма за соработка и автентичен глас на регионот кој промовира вредности за зачувување на мирот и стабилноста, преку градење на добрососедски односи и унапредување на регионалната соработка. 
Прочитај повеќе

Онлајн средба Адеми-Сантош...

Вторник, 22 јуни 2021 година

Онлајн средба Адеми-Сантош

Адеми честитајќи му го Четвртото португалско претседателство со ЕУ, истакна дека  Португалија како актуелна земја претседавач со Европската унија, од самиот почеток го поддржува проширувањето и дава континуирана поддршка на процесот за отпочнување на преговори со Северна Македонија и Албанија.

Прочитај повеќе

Учество на собраниска делегација на 57 Генерално собрание н...

Вторник, 22 јули 2021 година

Собранието стана 13-та полноправна членка на ПАБСЕК

Денеска, преку видео-конференциска врска, се одржа 57-то Генерално собрание на Парламентарното Собрание на  Црноморската економска соработка (ПАБСЕК). На сесијата учествуваа пратениците: потпретседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Горан Мисовски, шефот на Делегацијата на Собранието во ПАБСЕК, Лидија Тасевска и  Вјолца Адеми, член на Делегацијата.

Прочитај повеќе

Јунска сесија на ПССЕ: Работна средба со коизвестителот на ...

Вторник, 22 јуни 2021 година

Јунска сесија на ПССЕ: Работна средба со коизвестителот на Мониторинг комисијата

Членовите на Делегацијата на Собранието на Република Северна Македонија во Парламентарното собрание на Советот на Европа, Бисера Костадиновска Стојчевска,заменик шеф, Арта Биљали Зендели и Александар Николоски, членови, во текот на јунската сесија која оваа седмица се одржува во Стразбур, остварија средба со ново назначениот коизвестител за пост монитoринг дијалогот со нашата земја, г. Ценгер Залан Золтан од Унгарија од Европските народни партии. Тој заедно со г-ѓа Лисе Кристоферсен од Норвешка, од партијата на Социјалистите се надлежни за спроведување на така наречениот пост-мониторинг дијалог на Парламентарното собрание со Република Северна Македонија. 

Прочитај повеќе

ОБРАЌАЊЕ НА ПОТПРЕТСЕДАТЕЛОТ МИСОВСКИ НА 57 ГЕНЕРАЛНО СОБРА...

Вторник, 22 јуни 2021 година

ОБРАЌАЊЕ НА ПОТПРЕТСЕДАТЕЛОТ МИСОВСКИ НА 57 ГЕНЕРАЛНО СОБРАНИЕ НА ПАБСЕК

Почитувани пријатели,  
Од самиот почеток, БСЕК и ПАБСЕК преставуваа независен обид на земјите од регионот да ги организираат своите меѓусебни односи на мултилатерално ниво во духот на соработливоста и колегијалоста. Соработката меѓу учесниците останува главнен стожер за успешен  политички и дипломатски дијалог, за јакнење на процесите на евроинтеграции, за јакнење на економските врски во регионот како и за натамошна демократизација на нашите општества.
Сакам да ве информирам дека нашиот парламент ќе го активира своето членство од јануари 2022 година.

Прочитај повеќе
1...232425...57                                                          
Click