Претседателот Џафери на традиционален прием кај г. г. Стефа...

Сабота, 9 јануари 2021

Претседателот Џафери на традиционален прием кај г. г. Стефан

Денеска, претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, на покана на Поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, г.г. Стефан, присуствуваше на приемот што се приредува редовно по повод божиќните празници и неговиот именден - празникот на архиѓакон и првомаченик Св.Стефан.

Прочитај повеќе

Новогодишна честитка на претседателот Џафери...

Четврток, 31 декември 2020

Новогодишна честитка на претседателот Џафери

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, упати честитка до граѓаните на земјава за Новата 2021 година, посакувајќи им сѐ најдобро на индивидуален и фамилијарен план. Тој посака во новата година надминување на пандемиската состојба и остварување на стратешката цел - членство во Европската Унија.

Прочитај повеќе

Завршена амандманската расправа по Предлог-законот за попис...

Среда, 30 декември 2020 

Завршена амандманската расправа по Предлог-законот за пописот во Комисијата за европски прашања

Денеска успешно заврши вториот ден од амандманската расправа по Предлог-законот за попис на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија во 2021 година, по скратена постапка, во Комисијата за европски прашања на Собранието, со која претседаваше претседателот на Комисијата, Арбер Адеми. Комисијата, по расправата по поднесените 37 амандмани од овластени предлагачи,  го проследи овој Предлог-закон на натамошна постапка во Собранието.

Прочитај повеќе

Конститутивната седница на Клубот на пратенички...

Среда, 30 декември 2020

Конститутивната седница на Клубот на пратенички

Денеска се одржа конститутивната седница на Клубот на пратенички на Собранието на Република С. Македонија, која ја свика и со неа претседаваше пратеничката Гордана Сиљановска-Давкова.

Прочитај повеќе

Обраќање на претседателот Џафери на Конститутивната седница...

Среда, 30 декември 2020

Обраќање на претседателот Џафери на Конститутивната седница на Клубот на пратенички

Дозволете во мое лично име и од име на пратениците во Собранието на Република Северна Македонија, да изразам задоволство што денес можам да го поздравам конституирањето на новиот состав на Клубот на пратенички во рамките на законодавниот дом, кое е неформално консултативно тело за унапредување на правата и положбата на жените и во чиј состав влегуваат пратеничките од актуелните состави. Ви посакувам да имате навистина успешен мандат, кој што ќе ве прави Вас почитувани колешки, меѓутоа и сите нас горди и исполнети.
Прочитај повеќе

Предновогодишна средба на претседателот Џафери со претставн...

Вторник, 29 декември 2020 

Предновогодишна средба на претседателот Џафери со претставниците на медиумите 

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, денеска имаше редовна, традиционална предновогодишна средба со претставниците на медиумите во земјава, на која информираше за актуелните и идните активности на законодавниот дом. Воедно, тој им упати и искрени честитки за претстојните празници и им посака добро здравје, колективен успех и семејна среќа и благосостојба, како и плодна заемна соработка во Новата 2021 година.

Прочитај повеќе

Втора седница на Комисијата за култура 29.12.2020...

Вторник, 29 декември 2020

Втора седница на Комисијата за култура

Комисијата за култура на денешната 2. седница го разгледа Предлог-законот за остварување на јавниот интерес во културата.

Министерката за култура, Ирена Стефоска, образложи дека станува збор за системски закон со кој се уредуваат основните односи во културата, каде се предвидени низа суштински и концепциски измени кои произлегуваат, пред сѐ, од Националната стратегија за култура 2018 - 2022.
Прочитај повеќе

Седма седница на Комисијата за транспорт, врски и екологија...

Понеделник, 28 декември 2020

Седма седница на Комисијата за транспорт, врски и екологија

Комисијата за транспорт, врски и екологија на Собранието, на денешната 7. седница, како матично работно тело, во прво читање, го разгледа Предлог-законот за изменување на Законот за поштенските услуги.

Прочитај повеќе

Сподели среќа: Претседателот на Собранието испрати новогоди...

Петок, 25 декември 2020

Сподели среќа: Претседателот на Собранието испрати новогодишни пакетчиња

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, испрати новогодишни пакетчиња со книги за дечињата хоспитализирани на Детската клиника во Скопје. До Посебното основно училиште „Иднина“ во Скопје и до Посебното основно училиште „Златан Сремец“, испрати нагледни средства за настава за секое училиште, согласно потребите на учениците и наставниците и соодветните наставни програми. 

Прочитај повеќе

Онлајн средба на пратеникот Кастриот Реџепи со Мартин Викер...

Вторник, 22 декември 2020 година

Онлајн средба на пратеникот Кастриот Реџепи со Мартин Викерс

Разговорот мина во срдечна и пријателска атмосфера, а на почетокот г. Викерс изрази особено задоволство од првата виртуелна средба и се заложи за интензивирање на соработката во иднина. Господин Реџепи ја поздрави иницијативата, ја претстави Групата за соработка и истакна дека се радува за идна соработка со парламент кој има повеќе од 700 годишна традиција што е неисцрпен извор на најдобри парламентарни практики. Воедно, му ја честиташе новата функција на г. Викерс, кој е назначен за трговски претставник на премиерот Џонсон за земјите од Западен Балкан, вклучително и за Република Северна Македонија. Нагласи дека посетата на г. Викерс на нашата земја, што беше одложена поради предвремените парламентарни избори, а подоцна и поради светската КОВИД-пандемија, ќе се реализира во најсоодветен период наредната година. 
Прочитај повеќе
1...454647...57                                                          
Click