ПОЛОЖУВАЊЕ СВЕЖО ЦВЕЌЕ 4.2.21...

Среда, 3 февруари 2021

ПОЛОЖУВАЊЕ СВЕЖО ЦВЕЌЕ

Делегација на Собранието, предводена од Горан Мисовски, потпретседател на Собранието, во состав Снежана Калеска-Ванчева и Велика Стојкова-Серафимовска, по повод 149-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев, на 4 февруари 2021 година, во 09:30 часот, ќе положи свежо цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св. Спас“.

Прочитај повеќе

Јавна расправа по „Нацрт-концепцијата за основното образова...

Среда, 3 февруари 2021

Јавна расправа по „Нацрт-концепцијата за основното образование“

Комисијата за образование, наука и спорт, на 5 февруари 2021 година (петок), во 12:00 часот, во Големата сала во Собранието, во рамките на својата 7. седница, ќе одржи Јавна расправа по „Нацрт-концепцијата за основното образование“.

Прочитај повеќе

Онлајн презентација на омисијата за еднакви можности на жен...

Четврток, 14 јануари 2021

Онлајн презентација на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите

Комисијата за еднакви можности на жените и мажите на Собранието, заедно со Клубот на пратенички, а во соработка со Мисијата на ОБСЕ во Скопје, на 15 јануари 2021 година  (петок), во 11:00 часот, ќе одржи онлајн презентација на наодите од анализата на Деловникот и Законот за собрание од аспект на родот и различностите изработена од експерти на ОДИХР.

Прочитај повеќе

Јавна расправа за Предлог-законот за спречување и заштита о...

Вторник, 15 декември 2020

Јавна расправа за Предлог-законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејно насилство

Комисијата за еднакви можности на жените и мажите на Собранието, во рамките на Втората седница, денеска во 11:00 часот, во Сала „Борис Трајковски“, ќе одржи Јавна расправа на тема: Предлог-закон за спречување и заштита од насилство врз жените и семејно насилство.

Јавната расправа се организира на иницијатива на Здружението за родова еднаквост ЕДНА МОЖЕ!

Прочитај повеќе

ПОЛОЖУВАЊЕ ВЕНЕЦ СВЕЖО ЦВЕЌЕ 8.12.2020...

Петок, 6 декември 2020

ПОЛОЖУВАЊЕ ВЕНЕЦ СВЕЖО ЦВЕЌЕ

По повод празникот 8 Декември - „Св. Климент Охридски“, делегација на Собранието, во состав: Горан Мисовски, Марија Георгиевска и Велика Стојкова-Серафимовска, на 8 декември 2020 година (вторник), во 11:00 часот, ќе положи венец свежо цвеќе пред споменикот на Св. Климент Охридски во НУБ „Св. Климент Охридски“.
Прочитај повеќе

ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДРЖАВНАТА НАГРАДА „22 НОЕМВРИ“ 2020...

Четврток, 19 ноември 2020 

ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДРЖАВНАТА НАГРАДА „22 НОЕМВРИ“

На 22 ноември 2020 година (недела), во Кристалната сала на Собранието на Република Северна Македонија, во 12:00 часот, Одборот за доделување на државната награда „22 Ноември“ ќе ја додели државната награда „22 Ноември“ за 2020 година за признание на луѓе од политичкиот, културниот и општествениот живот во Република Северна Македонија, кои дале свој придонес во унапредување на меѓучовечкиот соживот и меѓусебното разбирање меѓу припадниците на различните заедници, култури и вери во Република Северна Македонија.

Прочитај повеќе

ПОЛОЖУВАЊЕ ВЕНЦИ СВЕЖО ЦВЕЌЕ ПО ПОВОД 13 НОЕМВРИ 12.11.20...

Четврток, 12 ноември 2020 година

ПОЛОЖУВАЊЕ ВЕНЦИ СВЕЖО ЦВЕЌЕ ПО ПОВОД 13 НОЕМВРИ

По повод 13 Ноември - Денот на ослободување на Градот Скопје, собраниска делегација во состав: Снежана Калеска-Ванчева и Велика Стојкова-Серафимова, на 13 ноември 2020 година (петок), ќе положи венци свежо цвеќе, и тоа:

Прочитај повеќе

Надзорна расправа за Еуростандард банка...

Среда, 11 ноември 2020

Надзорна расправа за утврдување на причините и извршувањето на законите во постапката за доведување до стечај на Еуростандард банка

Комисијата за финансирање и буџет, на 5. Седница, на 13 ноември 2020 година (петок), во 13:00 часот, во Сала„ Борис Трајковски“, ќе одржи надзорна расправа на тема: „Утврдување на причините и извршувањето на законите во постапката за доведување до стечај на Еуростандард банка АД Скопје“.

Прочитај повеќе

Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и прав...

Понеделник, 26 октомври 2020

Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот на Конференција за имплементирање на Европската конвенција за човекови права

Претседателот на Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот, Халил Снопче, и пет членови на Комисијата, на 27 октомври 2020 година, од 10:00 до 13:00 часот, ќе учествуваат на Парламентарна веб конференција за имплементирање на стандардите на Европската конвенција за човекови права: клучна улога на националните парламенти.

Прочитај повеќе

ПОЛОЖУВАЊЕ ВЕНЕЦ СВЕЖО ЦВЕЌЕ 23.10.2020...

Четврток, 22 октомври 2020

ПОЛОЖУВАЊЕ ВЕНЕЦ СВЕЖО ЦВЕЌЕ

По повод 23 Октомври - Денот на Македонската револуционерна борба, на 23 октомври 2020 година (петок), собраниски делегации ќе положат венци свежо цвеќе, и тоа:

Прочитај повеќе
1...456       
Click