Претседателот Џафери со свечен прием им посака добредојде н...

Недела, 2 јуни 2019 година

Претседателот Џафери со свечен прием им посака добредојде на генералниот секретар на НАТО и на Северноатлантскиот совет на Алијансата

Со свечен прием во Собранието на Република Северна Македонија, претседателот на Собранието na Република Северна Македонија Талат Џафери, вечерва им посака добредојде на генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг и на Северноатлантскиот совет на НАТО, кои од денеска се во дводневна посета на земјава. Генералниот секретар Столтенберг ја предводи делегацијата од 29-те амбасадори на земјите членки на НАТО во Брисел.

Прочитај повеќе

Норвешки искуства за Парадата на гордоста...

Петок, 31 мај 2019 година

Норвешки искуства за Парадата на гордоста

Пратениците, членови на Интерпартиската парламентарна група за правата на ЛГБТИ лицата, Ивана Туфегџиќ, Јагода Шахпаска, Јулиана Николова, Нола Исмајлоска-Старова, Снежана Калеска-Ванчева и Самка Ибраимоски, одржаа состанок со Стајн Рунар Естигард, координатор на меѓународната програма на Парадата на гордоста во Осло и со Антонио Михајлов од Субверзивен Фронт.

Прочитај повеќе

Џафери: Очекуваме ЕУ да стои на својата определба за отворе...

Четврток, 30 мај 2019 година

Џафери: Очекуваме ЕУ да стои на својата определба за отворени врати 

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија Талат Џафери, во заедничката изјава на државниот врв, по примањето на Извештајот од Европската комисија во претседателската Вила Водно, рече дека „Извештајот јасно покажува дека Република Северна Македонија целосно ги има постигнато и исполнето препораките од Самитот на Европската Унија од минатиот јуни за можноста до овој јуни да ги исполниме тие препораки, и тоа е доказ дека ние нашиот дел сме го завршиле.

Прочитај повеќе

Семинарска подготовка на земјата за идната улога како 30-та...

Четврток, 30 мај 2019 година

Семинарска подготовка на земјата за идната улога како 30-та членка на НАТО

Денеска во Собранието продолжи Специјалниот семинар за Република Северна Македонија на тема „Следните чекори кон НАТО“, во време кога е во тек процесот на ратификација за зачленување на нашата земја во Алијансата.

Прочитај повеќе

Свечено отворање на автопатот „Арбен Џафери" – Републи...

Среда, 29 мај 2019 година

Свечено отворање на автопатот „Арбен Џафери" – Република Косово

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, на покана од неговиот хомолог, претседателот на Собранието на Република Косово, Кадри Весели, присуствуваше на свеченото отворање на автопатот „Арбен Џафери", кој ќе има големо влијание врз севкупната економска соработка и развојот на приватниот бизнис-сектор. Со ова инфраструктурно поврзување на коридорите, Приштина и Скопје ќе бидат многу поблиску. 

Прочитај повеќе

Специјален семинар за следните чекори кон НАТО...

Среда, 29 мај 2019 година

Специјален семинар за следните чекори кон НАТО

Во Собранието се одржува дводневен Специјален семинар за Република Северна Македонија на тема „Следните чекори кон НАТО“, на кој учествуваат експерти од НАТО и други организации.

Прочитај повеќе

Обраќање на претседателот Џафери на Специјалниот семинар за...

Среда, 29 мај 2019 година

Обраќање на претседателот Џафери на Специјалниот семинар за Република Северна Македонија на тема „Следните чекори кон НАТО“ 

Денешниов настан е јасен индикатор дека споделуваме иста цел и исти вредности, а тоа е веќе јасно видливото постигнување на полноправното членство во НАТО, а основните вредности во кои веруваме се мир, стабилност, борба против секој вид на тероризам, владеење на правото, почитување на човековите права и слободи и јакнење на демократските процеси.

Прочитај повеќе

Собранието и граѓанскиот сектор – „Сами можеме многу, но за...

Вторник, 28 мај 2019 година

Собранието и граѓанскиот сектор – „Сами можеме многу, но заедно можеме сѐ“

Во Собранието денеска се одржа Национален форум на Цивика Мобилитас за соработка меѓу Собранието и граѓанските организации.

Прочитај повеќе

Обраќање на претседателот Џафери на Националниот форум на Ц...

Вторник, 28 мај 2019 година

Обраќање на претседателот Џафери на Националниот форум на Цивика мобилитас за соработка меѓу Собранието и граѓанските организации

На самиот почеток, сакам да го изразам моето задоволство што учествувам на овој настан. Подготвувајќи се за денешнава конференција, се потсетив на едно мое претходно обраќање на слична тема пред две години. Дозволете да цитирам само еден мал дел: „Кога ќе се спомне парламентарната демократија, се мисли на работењето и функционирањето на Собранието. 
Прочитај повеќе

Собраниска делегација на регионална работилница за трговски...

Вторник, 28 мај 2019 година

Собраниска делегација на регионална работилница за трговските политики, правилата и функционирањето на Светската трговска организација

Делегација на Собранието на Република Северна Македонија, во состав: Анета Симеска-Димоска и Зоран Илиоски, заменик-членови на Комисијата за економски прашања, учествува на регионална работилница во организација на Светската трговска организација, која од 27 до 29 мај 2019 година се одржува во Виена, Австрија. 

Прочитај повеќе
1...313233...117                                                                                                                      
Click