Петок, 30 април 2010 година

Четириесет и петта седница на Комисијата за транспорт, врски и екологија 

Комисијата за транспорт, врски и екологија на Собранието на Република Македонија, на Четириесет и петтата седница, одржана на 27 април 2010 година, како матично работно тело го разгледа Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за превоз во патниот сообраќај - I читање.                    

На седницата, во својство на претставник на Владата на Република Македонија, присуствуваше г. Горан Михајловски, заменик на министерот за транспорт и врски.

Во образложението на Предлог-законот, претставникот на Владата ја нагласи потребата за донесување на законот, целите што ќе се постигнат и основните решенија што се уредуваат со законот.

Заменик-министерот особено ја потенцираше определбата на Владата на Република Македонија за усогласување на домашното со европското законодавство. 

На седницата со своја дискусија учествуваа пратениците: г. Томе Чинговски, г. Никола Ќуркчиев, г. Томе Даневски, г. Јован Лазарев, г-ѓа Катерина Димеска и г. Цветко Грозданов.

На крајот од седницата, Комисијата едногласно оцени дека Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за превоз во патниот сообраќај - I читање е прифатлив и дека треба да се даде на натамошно читање.


Среда, 28 април 2010 година

Претседателот на Собранието на Република Македонија Трајко Вељаноски оствари средба со претседателот на Секинескиот Народен Конгрес Ву Бангуо

Во рамките на посетата на Народна Република Кина на Делегацијата на Собранието на Република Македонија, предводена од претседателот Трајко Вељаноски, во чиј состав се пратениците Силвана Бонева, Цветанка Иванова и Џеват Адеми, денеска во Пекинг, во зградата на Секинескиот народен конгрес беше остварена средба со претседателот на Секинескиот народен конгрес, Ву Бангуо, што воедно претставува прва средба на ниво на претседатели на парламенти од двете земји



Вторник, 27 април 2010 година

Пролетна сесија на Парламентарното собрание на Советот на Европа

Од 26 до 30 април во Стразбур се одржува пролетна сесија на Парламентарното собрание на Советот на Европа, на која, меѓу другото, ќе се расправа за последиците од економската криза и климатските промени, за Европската конвенција за човекови права и за дискриминацијата врз основа на сексуалната ориентација и половата еднаквост



Понеделник, 26 април 2010 година

Делегација на Собранието на Република Македонија предводена од претседателот Трајко Вељаноски денеска замина во посета на Народна Република Кина

Во текот на посетата, претседателот на Собранието, Вељаноски и членовите на собраниската делегација ќе остварат средба со претседателот на Постојаниот комитет на Секинескиот народен конгрес на Народна Република Кина, Ву Бангоу, што претставува прва средба на претседатели на парламенти меѓу двете држави, како и средба со претседателот и членовите на парламентарната група за соработка меѓу Република Македонија и Народна Република Кина



Вторник, 20 април 2010 година

Мадрид ги поддржува македонските евроатлантски интеграции

Претседателот на Националниот совет за евроинтеграции, г-ѓа Радмила Шекеринска, заедно со членовите и претставниците на Советот, остварија средба со г. Мигел Анхел Моратинос, министер за надворешни работи на Кралството Шпанија



Вторник, 20 април 2010 година

Пленарна сесија на Европскиот парламент

Пленарната седница на Европскиот парламент денеска започна со модифицирана дневна агенда поради неодамна настанатите проблеми со авиосообраќајот. Повеќето од дебатите ќе се одржат како што беше планирано, но гласањето е одложено за следната пленарна сесија на 5 и 6 мај



Вторник, 20 април 2010 година

Педесет и деветта седница на Комисијата за финансирање и буџет

Комисијата за финансирање и буџет на Собранието на Република Македонија на 16 април 2010 година ја одржа Педесет и деветтата седница



Петок, 16 април 2010 година

Четириесет и прва седница на Комисијата за економски прашања

Комисијата за економски прашања на Собранието на Република Македонија на Четириесет и првата седница, одржана на 13 април 2010 година, како матично работно тело ги разгледа Годишниот извештај за работата во 2009 година на Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија и Годишниот извештај за работата на Комисијата за заштита на конкуренцијата во 2009 година



Четврток, 15 април 2010 година, Комисија за транспорт, врски и екологија

Надзорна расправа на тема: Депонии и собирање на отпад, преглед на надлежностите на Владата на Република Македонија и на општините, со посебен осврт на регионалната депонија „Русино“

Комисијата за транспорт, врски и екологија заедно со Националниот демократски институт (НДИ) денеска за прв пат организираше надзорна расправа на тема: Депонии и собирање на отпад, преглед на надлежностите на Владата на Република Македонија и на општините, со посебен осврт на регионалната депонија „Русино“



Четврток, 15 април 2010 година

Триесет и трета седница на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство

Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство на Собранието на Република Македонија, на 33.седница, одржана на 31 март 2010 година и првото продолжение на 33-та седница одржано на 14 март 2010 година, како матично работно тело ја разгледа Информацијата за субвенционирање и развојот на пчеларството во Република Македонија



Четврток, 15 април 2010 година, Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство

Разгледан Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за рибарство и аквакултура

Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство на Собранието на Република Македонија, на 34. Седница, одржана на 14 април 2010 година, како матично работно тело во второ читање го разгледа Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за рибарство и аквакултура (второ читање).



Среда, 14 април 2010 година

Претседателот на Собранието на Република Македонија, Трајко Вељаноски, се сретна со претседателот на Република Албанија, Н.Е. Бамир Топи

Претседателот на Собранието на Република Македонија, Трајко Вељаноски, денеска оствари средба со претседателот на Република Албанија, Н.Е. Бамир Топи. На средбата, претседателот Вељаноски го потенцираше високото ниво на билатерални односи меѓу двете земји, како и интензивната парламентарна соработка која се движи во постојана нагорна линија и изрази надеж дека оваа динамика на соработка ќе продолжи и во иднина, го нагласи значењето на реформите кои ги правиме како држава и значењето на економската соработка меѓу Република Македонија и Република Албанија и, како што истакна претседателот Вељаноски, посебно значење за соседните земји од регионот претставува целосната интеграција во НАТО и ЕУ.

Вторник, 13 април 2010 година

Претседателот на Собранието, г. Трајко Вељаноски, го прими генералниот секретар на Советот на Европа, г. Торнбјорн Јагланд

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски, денеска го прими генералниот секретар на Советот на Европа г. Торнбјорн Јагланд. На средбата, претседателот Вељаноски истакна дека Република Македонија и сите нејзини институции продолжуваат со реформите кои се потребни за нашето членство во Европската унија и европските институции

„Нашето Собрание и нашата Делегација во Парламентарното собрание на Советот на Европа даваа и се подготвени да дадат полн и ангажиран придонес на остварување на задачите во македонското претседателство со Советот на Европа. Уште минатата година бевме една од оние земји членки во која беше одбележана 60-годишнината на СЕ со свечена седница, со пригодни трибини, тркалезни маси, во кои беа вклучени пратеници, дипломати, научници и невладини организации. На тој начин придонесовне на зголемување на присутноста и видливоста во јавноста на она што го прави Советот на Европа. Во рамките на Советот на Европа ние се наоѓаме во фаза на финализација на постмониторинг дијалогот кој се води повеќе години, а во најголема мера е надминато она што како обврска е барано од нас при приемот во Советот на Европа“, изјави претседателот Вељаноски.

Претседателот Вељаноски истакна дека оваа година во мај не очекува да организираме сесија на Постојаниот комитет, како прв настан со кој ќе биде најголем меѓународен парламентарен собир организиран кај нас, на кој ќе учествуваат парламентарци од 47 земји-членки. 

„Во исто време, продолжуваме со преговорите кои се водат под покровителство на ОН и господинот Нимиц за изнаоѓање на решение за спорот со името наметнат од соседна Грција. Решавањето на спорот со името и нашето членство во ЕУ, секако, е во интерес на Република Македонија, но исто така е значајно за стабилноста и интеграцијата на регионот, како и за Европа во целост“, изјави претседателот Вељаноски. 

Генералниот секретар на Советот на Европа, г. Јагланд, истакна дека не се сомнева дека македонското председавање ќе биде успешно и квалитетно. 

„Вашата држава поседува потенцијал, имате успешни реформи, влегувате во фаза на отворање преговори со ЕУ, повеќе немате визен режим, поседувате кредибилитет на демократска земја и вашето претседавање доаѓа во многу значаен и важен период за Советот на Европа“, изјави г. Јагланд. 

Генералниот секретар на Советот на Европа, г. Јагланд, истакна дека во пресрет на преземањето на претседавањето свесен е за сензитивноста на прашањето околу името и изрази надеж дека тоа нема да ги засени сите други важни задачи и работи за време на претседавањето на Република Македонија со Советот на Европа.


Петок, 9 април 2010 година

Претседателот на Собранието Вељаноски прими делегација на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата на република македонија

На средбата, претседателот на Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата, г. Никола Ангеловски, на претседателот на Собранието, г. Трајко Вељаноски, му додели Плакета во знак на соработка и посебни заслуги во унапредувањето на работата на Републичкиот совет и воопшто јакнење на безбедноста на сообраќајот на патиштата.



Петок, 9 април 2010 година, Комисија за економски прашања

Разгледан Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за концесии и други видови јавно приватно партнерство

Комисијата за економски прашања на Собранието на Република Македонија, на Четириесеттата седница, одржана на 8 април 2010 година, како матично работно тело го разгледа Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за концесии и други видови јавно приватно партнерство, по скратена постапка



Среда, 7 април 2010 година

ОБРАЌАЊЕ НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ВЕЉАНОСКИ НА ЈАВНАТА ДИСКУСИЈА „кон побрза интеграција и инклузија на ромите во република македонија“

Дозволете на почетокот на сите наши сограѓани, припадници на ромската етничка заедница да им го честитам Меѓународниот ден на Ромите, кој од 1971 година, на 8 април се одбележува ширум светот.
Денес сме овде не само свечено да го одбележиме Меѓународниот ден на Ромите, туку и да погледнеме што сме направиле и што треба да направиме за целосна интеграција на овие наши сограѓани во сите пори на општеството. 



Среда, 7 април 2010 година

Средба на потпретседателот на Собранието на Република Македонија, г-ѓа Светлана Јакимовска со делегација на Комисијата за хармонизација со Европската унија

Потпретседателот на Собранието на Република Македонија, г-ѓа Светлана Јакимовска денеска се сретна со делегација на Комисијата за хармонизација со Европската унија на Големото национално собрание на Република Турција



Среда, 7 април 2010 година

Република Турција е силен поддржувач на Македонија во евроинтегративниот процес

Претседателот на Комисијата за европски прашања, г. Петар Поп Арсов, заедно со членовите: г. Хајрула Мисини, г-ѓа Славица Грковска-Лошкова, г. Панче Дамески, г-ца Христина Рунчева, г. Ванчо Коцев, г. Миле Пачемски, г. Игор Ивановски и г. Андреј Жерновски, денеска остварија средба со Делегација на Комисијата за хармонизација со Европската унија на Големото национално собрание на Република Турција



Среда, 7 април 2010 година

Потребно е зајакнување на економската и трговската соработка меѓу Македонија и Турција

Односите меѓу Република Македонија и Република Турција се посебно пријателски, нема отворени прашања, нема област што не е поткриена со договори и протоколи, е заедничкиот став на присутните на денешната средба на Комисијата за надворешна политика на Собранието на Република Македонија и Делегацијата на Комисијата за хармонизација со Европската унија на Големото национално собрание на Република Турција



Среда, 7 април 2010 година

Јавна расправа на тема: „Кон побрза интеграција и инклузија на Ромите во Република Македонија“

По повод Меѓународниот ден на Ромите 8 Април, во Собранието на Република Македонија се одржа јавна расправа на тема: „Кон побрза интеграција и инклузија на Ромите во Република Македонија“, која ја отвори претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски



Вторник, 6 април 2010 година

Триесет и трета седница на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство

Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство на Собранието на Република Македонија, на Триесет и третата седница, одржана на ден 31 март 2010 година, како матично работно тело во второ читање ги разгледа Предлогот на закон за дополнување на Законот за здравјето на растенијата и Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за рибарство и аквакултура (прво читање)

Click