Петок, 26 февруари 2010 година

Триесет и седма седница на Комисијата за економски прашања

Комисијата за економски прашања на Собранието на Република Македонија на својата Триесет и седма седница, одржана на 22 февруари 2010 година, како матично работно тело ги разгледа Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за трговски друштва (прво читање) и Предлогот на закон за надзор на пазарот (прво читање).                                   

Образложение на Предлог-законите даде претставникот на предлагачот, заменик-министерот за економија, д-р Методиј Хаџи-Васков. 

Во врска со Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за трговски друштва, заменик-министерот истакна дека со предложените измени и дополнувања се врши интервенција во две клучни области, и тоа во делот на усогласувањата коишто важат во ЕУ и во делот на подобрување на функционирањето на пазарот, посебно во делот на основањето и управувањето со нови и постоечки трговски друштва.

Во делот на усогласувањето за законодавството на ЕУ, заменик-министерот истакна две клучни целини коишто се предвидени во овој Предлог на закон и кои се предлагаат да бидат усвоени како изменувања и дополнувања на веќе постојниот закон за трговски друштва. 

Во првиот дел станува збор за усогласување на сите одредби во делот на ревизијата и сметководственото работење со оние одредби коишто важат во ЕУ. Покрај терминолошките усогласувања, се вршат и усогласувања и во делот на постапките коишто треба да се следат во делот на внатрешната ревизија. 

Втората целина се однесува на воведување на ново поглавје во постојниот закон, а се однесува на прекуграничното спојување на трговските друштва. Тоа всушност претставува спојување на трговските друштва од Република Македонија со друштва од ЕУ. 

Покрај усогласувањето со овие две целини, се нуди и едно дополнување, односно подобрување на веќе постоечките одредби коишто постојат во делот на физичките и правните лица коишто имаат можност да формираат трговско друштво и со истото да можат да управуваат.

Врз основа на член 142 од Деловникот на Собранието на Република Македонија, Комисијата со мнозинство гласови оцени дека  Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за трговски друштва е прифатлив и треба да се даде на натамошно читање.

Во однос на Предлогот на закон за надзор на пазарот,  заменик-министерот за економија истакна дека со донесувањето на овој закон произлезе општа рамка во која се дадени сите принципи и постапки кои треба да се направат, а со цел добра и ефикасна координација на сите државни органи задолжени за надзор на пазарот во делот на остварување на своите законски одредби.

Со него се предвидува подобрување на координацијата меѓу државните органи кои работат на контрола на безбедноста и квалитетот на производите кои се пласираат на пазарот на Република Македонија.

Станува збор за нов закон кој за прв пат се донесува и е дел од обврските кои ги има преземено Република Македонија во делот на пристапување кон Европската Унија.

Со законот се предвидува донесување на Програма за координација и спроведување на ефективни мерки за надзор на пазарот, којашто Владата на Република Македонија треба да ја донесе во рок од шест месеци од донесување на законот.

Исто така се предлага формирање на координативно тело од сите надлежни институции кое ќе врши мониторинг од самиот влез на производите во Република Македонија.

Во Предлог-законот е опфатен и начинот на постојано информирање на Европската комисија во врска со евентуалното појавување на производи кои можат да бидат опасни по безбедноста и животот на граѓаните и заштитата на животната средина.

По завршувањето на расправата Комисијата со мнозинство гласови заклучи дека Предлогот на закон за надзор на пазарот е прифатлив и може да се даде на натамошно читање.


Четврток, 25 февруари 2010 година

Јавна расправа на тема: Родови политики во Европската унија

Клубот на пратенички, на 24 февруари 2010 година, организираше јавна расправа на тема: Родови политики во Европската унија. Трибината ја отвори координаторката на Клубот на пратенички Славица Грковска-Лошкова



Четврток, 25 февруари 2010 година

Десетта седница на Буџетскиот совет

Буџетскиот совет на Собранието на Република Македонија на Десеттата седница го разгледа Предлог-стратешкиот план на Собранието на Република Македонија за 2010 година и врз основа на расправата едногласно го усвои следниот заклучок:

  • Буџетскиот совет на Собранието на Република Македонија  согласно член 27 став (1) од Законот за Собранието на Република Македонија го разгледа и утврди Предлог-стратешкиот план на Собранието на Република Македонија за 2010 година.
  • Овој  заклучок да се достави до претседателот на Собранието на Република Македонија и до генералниот секретар на Собранието на Република Макeдонија.


Среда, 24 февруари 2010 година

Потпретседателот на Собранието на Република Македонија, г. Рафис Аљити, прими делегација од Комисијата за образование, наука и спорт при Долниот дом на Парламентот на Романија

Потпретседателот на Собранието на Република Македонија, г. Рафис Аљити, денеска во протоколарна посета прими делегација од Комисијата за образование, наука и спорт при Долниот дом на Парламентот на Романија



Среда, 24 февруари 2010 година

Средба на Комисијата за образование, наука и спорт со делегација од Комисијата за образование, наука и спорт при Долниот дом на Парламентот на Романија

Комисијата за образование, наука и спорт денеска со имаше средба со делегација од Комисијата за образование, наука и спорт при Долниот дом на Парламентот на Романија



Среда, 24 февруари 2010 година, Национален совет за евроинтеграции

Јавна расправа по Предлогот на законот за јавни службеници

Националниот совет за евроинтеграции денес организираше Јавна расправа по Предлог на законот за јавни службеници. За потребата за донесување на законот и објаснување на целите, начелата и основните решенија на Предлог-законот, образложи г. Михајло Маневски, Министер за правда.



Среда, 24 февруари 2010 година

Дводневна пленарна сесија на Европскиот парламент

Европскиот парламент на 24 и 25 февруари во Брисел ќе одржи пленарна сесија, на која, меѓу другото, ќе расправа за стратегијата за стартување на проектот за економијата во Европа, како и за човековите права, со посебен акцент на Хаити



Среда, 24 февруари 2010 година, Мадрид

Средба на Шпанското претседателство со ЕУ и Европската комисија

Претседателот  на Европската комисија, г. Жозе Мануел Баросо, заедно со 27-те членови на Комисијата, вчера во Мадрид остварија средба со Шпанското претседателство со Европската унија.



Вторник, 23 февруари 2010 година, Национален совет за евроинтеграции

Јавна расправа по Предлог-законот за здруженија и фондации

Националниот совет за евроинтеграции денес организираше Јавна расправа по Предлог на законот за здруженија и фондации. Образложение за потребата за донесување на законот и објаснување на целите, начелата и основните решенија на Предлог-законот даде г. Михајло Маневски, министер за правда.

На јавната расправа, со свои дискусии, предлози, коментари и забелешки учествуваа г-ѓа Радмила Шекеринска, претседател на Националниот совет за евроинтеграции, г-ѓа Силвана Бонева, потпретседател на Советот, г. Димитар Мирчев и г. Александар Николоски,  членови на Советот, г. Сашо Клековски, прв извршен директор на Македонски центар за меѓународна соработка, г-ѓа Кети Јандријеска Јованова, претставник од Хелсиншки комитет за човекови права на Република Македонија, г-ѓа Ана Медарска, претставник на Фондација институт отворено општество, г-ѓа Лидија Димова од Македонскиот центар за европско образование, г-ѓа Маријана Лончар Велкова од Организацијата на потрошувачи на Македонија, г-ѓа Виолета Кузмановска од Црвениот крст на Република Македонија, г. Дарко Алексов, извршен директор на граѓанската асоцијација МОСТ и г.Суад Мисини од Истражувачкиот центар за граѓанско општество. 

Учесниците на јавната расправа ја поздравија иницијативата на Националниот совет за организирањето на јавната расправа, а во текот на истата беа изнесени мислења, предлози и забелешки во насока на подобрување на одредбите на предлогот на законот.

По Предлогот на законот за здруженија и фондации свои мислења, коментари и забелешки во писмена форма доставија Македонскиот центар за меѓународна соработка, Фондацијата институт отворено општество, Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија, организацијата „Отворете ги прозорците", организацијата КОНЕКТ, Фондацијата „Фокус“ - Велес и еколошкото друштво „Еко-мисија“.



Вторник, 23 февруари 2010 година, Постојана анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот

Јавна расправа по Предлог на законот за спречување и заштита од дискриминација

Поаѓајќи од значењето и потребата од донесување на Закон за заштита од дискриминација во Република Македонија, Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот на Собранието на Република Македонија, на 22 февруари 2010 година, организираше Jавна расправа по Предлог законот за спречување и заштита од дискриминација



Вторник, 23 февруари, 2010 година

Дваесет и осма седница на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство

Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство на Собранието на Република Македонија, на Дваесет и осмата седница, одржана на 22 февруари 2010 година, како матично работно тело го разгледа Предлогот на закон за вино (прво читање)



Петок, 19 февруари 2010 година

Средба на претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски, со Комесарот за проширување и политика на соседство, г. Штефан Фуле

На средбата, претседателот Вељаноски истакна дека Република Македонија и сите нејзини институции продолжуваат со реформите кои се потребни за нашето членство во Европската унија.
„Иако не добивме датум за започнување на преговорите, а тоа Европската комисија го препорача, ние многу сериозно и одговорно продолжуваме да работиме на остварувањето на нашата интеграција во европското семејство на кое му припаѓаме. На ова нe обврзува и фактот дека над 92 проценти од граѓаните на Република Македонија се за членство во ЕУ и НАТО. Во исто време, продолжуваме со преговорите кои се водат под покровителство на ОН и господинот Нимиц за изнаоѓање на решение за спорот со името наметнат од соседна Грција. Решавањето на спорот со името и нашето членство во ЕУ, секако, е во интерес на Република Македонија, но исто така е значајно за стабилноста и интеграцијата на регионот, како и за Европа во целост“, изјави претседателот Вељаноски



Петок, 19 февруари 2010 година

Еврокомесарот за проширување и европска политика на соседството, г. Штефан Фуле, се обрати пред Мешовитиот парламентарен комитет - Република Македонија и Европска унија

Во рамките на Седмиот состанок на Мешовитиот парламентарен комитет - Република Македонија и Европска унија, кој се одржа на 18 и 19 февруари 2010 година, во Собранието на Република Македонија, пред пратениците од Делегацијата на Собранието на Република Македонија и европратениците во Делегацијата на Европскиот парламент во комитетот свое обраќање имаше г. Штефан Фуле, еврокомесар за проширување и европска политика на соседство на Европската комисија. На обраќањето присуствуваа и потпретседателите на Собранието на Република Македонија, координаторите на пратеничките групи, членовите на Националниот совет за евроинтеграции, членовите на Комисијата за европски прашања и членовите на Комисијата за надворешна политика на Собранието на Република Македонија



Петок, 19 февруари 2010 година

Препораки Мпк рм-еу - Продолжување со реформите и напредокот во политичкиот дијалог

На Седмиот состанок на Мешовитиот парламентарен комитет - Република Македонија и Европската унија, кој се одржа на 18 и 19 февруари 2010 година, во Собранието на Република Македонија учествува пратениците од Делегацијата на Собранието на Република Македонија и европратениците во Делегацијата на Европскиот парламент во комитетот, а свои обраќања имаа и г. Васко Наумовски, вице-премиер задолжен за европски прашања, г. Антонио Милошоски, министер за надворешни работи на Република Македонија, во име на Владата на Република Македонија, Н.Е. г. Ерван Фуере, специјален претставник на Европската унија и шеф на Делегацијата на Европската унија во Република Македонија, во име на Европската унија и г-ѓа Александра Кас Грање, директор на Генералниот директорат Б за проширување, во име на Европската комисија



Петок, 19 февруари 2010 година

Учество на пратеникот Хисен Џемаили на Деветтата зимска сесија на ПС на ОБСЕ во Виена

Во специјалната дебата за состојбата во Авганистан земаа учество педесеттина пратеници, меѓу кои и г. Хисен Џемаили, кој информираше за учеството на Република Македонија во мисијата ИСАФ во Авганистан



Петок, 19 февруари 2010 година

Средба на Флора Кадриу со делегација на Комисијата за надворешна политика во Европскиот парламент (АФЕТ)

Координаторот на пратеничката група на Нова демократија, г-ѓа Флора Кадриу денеска имаше средба со делегација на Комисијата за надворешна политика во Европскиот парламент



Четврток, 18 февруари 2010 година

Средба на претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски, со г. Јорго Шацимаркакис и г. Алојз Петерле

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г.Трајко Вељаноски, денеска ги прими копретседавачот на Мешовитиот парламентарен комитет - Република Македонија и Европска унија, г. Јоргос Шацимаркакис и шефот на Делегацијата на Комисијата за надворешни работи на Европскиот парламент, г. Алојз Петерле



Четврток, 18 февруари 2010 година

Средба на Конгреската делегација со претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски, денеска ја прими Конгреската делегација, предводена од конгресменот г. Ерл Померој, амбасадорот на САД во Република Македонија, г. Филип Рикер и директорот на Агенцијата за меѓународен развој на САД, г. Мајкл Фриц.

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски, се осврна на досегашната соработка на Собранието на Република Македонија и Конгресот на САД, истакнувајќи дека со нивна помош се реализирани повеќе проекти, како салата „Борис Трајковски“, која има мултифункционален карактер, реализација на проектот „Собраниска библиотека“ со цел создавање на нов библиотечен фонд, создавање на просторно-технички претпоставки за нова библиотечна просторија, итн.

Но, што е поважно, истакна претседателот Вељаноски, оваа соработка влијае на натамошното пријателство на Република Македонија и САД, како и принципите на парламентарната демократија кај нас.

Конгресменот г. Ерл Померој, истакнувајќи дека повеќепати бил во посета на Република Македонија, изрази признание за позитивниот развој на државата, а во тие рамки секако и Собранието на Република Македонија, како и  парламентаризмот во целост.

„Односите помеѓу Собранието на Република Македонија и Конгресот ние ги гледаме како квалитетно партнерство од кои двете страни можат да ги пренесат своите искуства. Посебно сум импресиониран од ефикасноста на донесувањето на законите, што значајна улога има и претседателот на Собранието на Република Македонија, а тоа зборува дека во Парламентот на Република Македонија политичкиот дијалог е на високо ниво“, истакна конгресменот г. Ерл Померој.

Во текот на разговорите двете страни ја истакнаа потребата оваа соработка и пријателство континуирано да продолжи во најразлични форми.



Четврток, 18 февруари 2010 година

Средба на Националниот совет за евроинтеграции со делегација на Комисијата за надворешна политика во Европскиот парламент

Националниот совет за евроинтеграции денеска имаше средба со делегација на Комисијата за надворешна политика во Европскиот парламент (АФЕТ),предводена од г. Алојз Петерле, шеф на делегацијата и членовите г. Георгиос Кумуцакос, г. Зоран Талер, г-ѓа Норика Николаи, г-ѓа Марије Корнелисен и г. Чарлс Танок



Четврток, 18 февруари 2010 година

Средба на Комисијата за надворешна политика и Комисијата за европски прашања со делегација на Комисијата за надворешна политика во Европскиот парламент

Комисијата за надворешна политика и Комисијата за европски прашања денеска имаа средба со делегација на Комисијата за надворешна политика во Европскиот парламент, која престојува во Република Македонија на покана на Комисијата за надворешна политика на Собранието на Република Македонија



Понеделник, 15 февруари 2010 година

Педесет и прва седница на Комисијата за финансирање и буџет

Комисијата за финансирање и буџет на Собранието на Република Македонија, на Педесет и првата седница, одржана на 12 февруари 2010 година, како матично работно тело ги разгледа Предлогот на закон за издавање на вредносни бонови-ваучери (прво читање) и Предлогот на закон за задолжување на Република Македонија со заем кај Меѓународната банка за обнова и развој - Светската банка по Договорот за заем за Првиот заем за развојна политика - ДПЛ 1 (второ читање)



Петок, 12 февруари 2010 година

Четириесет и трета седница на Комисијата за европски прашања

Комисијата за европски прашања на Cобранието на Reпублика Македонија на 10 февруари 2010 година ја одржа Четириесет и третата седница

Четврток, 11 февруари 2010 година, Брисел

Неформален самит на земјите-членки на Европската унија

Лидерите на земјите-членки на Европската унија денеска ќе се состанат на неформален самит во Брисел, под раководство на новиот претседател на Советот на ЕУ, г. Херман ван Ромпуј.

На оваа прва средба на лидерите, главна тема ќе биде економската политика на Унијата, односно осмислување на економската стратегија на ЕУ за наредните десет години, што се очекува да биде усвоена на самитот во јуни.

Воедно, ќе се разговара и за резултатите од меѓународната конференција за климатските промени одржана во декември во Копенхаген, за најновите меѓународни настани и помошта за настраданите во Хаити.

Претседателот на Советот на ЕУ, г. Херман ван Ромпуј, изјави дека овој состанок го смета за почеток на процесот на поблиско и континуирано заедничко работење на шефовите на држави и влади за сите поважни прашања со кои се соочува Унијата и изрази надеж дека Европскиот совет и понатаму редовно ќе ги разгледува овие теми со цел да обезбеди јасно раководење за решавање на проблемите.


Среда, 10 февруари 2010 година

Средба на претседателот на Собранието на Република Македонија, Трајко Вељаноски, со вонредниот и ополномоштен амбасадор на Република Србија, Н.Е. Томислав Ѓурин

Претседателот на Собранието на Република Македонија, Трајко Вељаноски, го прими новоименуваниот и ополномоштен амбасадор на Република Србија за Република Македонија, Н.Е. Томислав Ѓурин. На средбата, претседателот Вељаноски ја нагласи својата подготвеност како претседател на Собранието да помогне во интензивирање на севкупната политичка и економска соработка меѓу двете земји, ја потенцираше исто така и заедничката придобивка со добивањето на визната либерализација, како за Република Македонија, така и за Република Србија, и ја искажа својата подготвеност да биде домаќин на возвратната официјална посета на неговата колешка, претседателот на Народното Собрание на Република Србија, Славица Ѓукиќ-Дејановиќ



Среда, 10 февруари 2010 година

Европарламентот го усвои Извештајот за Македонија

Членовите на Европскиот парламент со мнозинство го усвоија Извештајот за Република Македонија, поднесен од словенечкиот пратеник г. Зоран Талер, известувач за нашата земја. За резолуцијата гласаа 548 европратеници, 45 беа против, а 35 останаа воздржани



Среда, 10 февруари 2010 година

Дваесет и седма седница на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство

Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство на Собранието на Република Македонија, на Дваесет и седмата седница, одржана на 9 февруари 2010 година, како матично работно тело го разгледа Предлогот на закон за изменување на Законот за тутун и тутунски производи (второ читање)



Среда, 10 февруари 2010 година, Стразбур

Одобрен новиот состав на Европската комисија

Пратениците во Европскиот парламент со 488 гласа „за“, 137 „против“ и 72 „воздржани“ вчера во Стразбург дадоа зелено светло за новата, 26-члена екипа на Европската комисија, на чело со претседателот, г. Жозе Мануел Баросо. Воедно, ова е втор мандат за г. Баросо на чело на Европската комисија



Вторник, 9 февруари 2010 година

Воведно обраќање на претседателот Вељаноски на јавната расправа по повод 9 февруари - Европски ден на безбеден интернет

Како да обезбедиме побезбеден интернет? Мислам дека одговорот на ова не може да го даде само една институција или една научна дисциплина, туку одговорот треба да го бараме интердисциплинарно и меѓуресорски, а секако во тоа да бидат активно вклучени невладиниот и приватниот сектор. Притоа мора да внимаваме и на уште една димензија, а тоа е да се зачува слободата на говорот и слободата на пристап до информации, односно да не ги повредиме општите начела од корпусот на човекови права.



Вторник, 9 февруари 2010 година

Jавна расправа по повод 9 февруари - Европски ден на безбеден интернет

Делегацијата на Собранието на Република Македонија во Мешовитиот парламентарен комитет - Република Македонија и Европска унија по повод Европскиот ден за безбеден интернет денеска организираше јавна расправа на тема „Побезбеден интернет“.



Понеделник, 8 февруари 2010 година

Пленарна седница на Европарламентот

Европскиот парламент оваа седмица ќе одржи пленарна седница во Стразбур, на која, меѓу другото, ќе стане збор и за проширувањето на Европската унија. В среда европратениците со Комисијата и Советот ќе расправаат за напредокот кој го постигнаа Македонија, Хрватска и Турција на патот кон членство во Унијата. Неопходно е одобрение од Парламентот за присоединување на било која нова земја кон ЕУ



Петок, 5 февруари 2010 година, Мадрид

Учество на претседателот на Комисијата за европски прашања, г. Петар Поп Арсов на КОСАК

Во рамките на Конференцијата на претседателите на комисиите за европски прашања, КОСАК на земјите-членки на ЕУ, што се одржува денес во Мадрид, а на која учествува и претседателот на Комисијата за европски прашања на Собранието на Република Македонија, г. Петар Поп-Арсов, се расправаше за приоритетите на шпанското претседавање со Европската унија, кои ги претстави министерот за надворешни работи на Кралството Шпанија, г. Мигуел Ангел Моратинос



Четврток, 4 февруари 2010 година

европратениците ќе расправаат за стремежите на Македонија кон ЕУ

В среда, на 10 февруари, европратениците ќе расправаат за стремежите на Македонија, Хрватска и Турција кон Европската унија. Прашањата на кои Република Македонија треба да обрне внимание се: реформите во јавната администрација и судството, борбата против корупцијата и подобрување на правата на жените и меѓуетничките односи, како и „засилени напори во изнаоѓањето на заеднички прифатливо решение во спорот со името“ со Грција



Четврток, 4 февруари 2010 година

Педесетта седница на Комисијата за финансирање и буџет

Комисијата за финансирање и буџет на Собранието на Република Македонија на Педесеттата седница, одржана на 3 февруари 2010 година, како матично работно тело го разгледа Предлогот на закон за задолжување на Република Македонија со заем кај Меѓународната банка за обнова и развој - Светската банка по Договорот за заем за Првиот заем за развојна политика - ДПЛ 1 (прво читање)



Четврток, 4 февруари 2010 година

Четврта седница на Комисијата за локална самоуправа

Комисијата за локална самоуправа на Собранието на Република Македонија на Четвртата седница, одржана на 3 февруари 2010 година, како заинтересирано работно тело го разгледа Предлогот на законот за плаќање на рати на даночни долгови на јавните претпријатија и трговските друштва основани од Република Македонија, односно од општините или Град Скопје, по скратена постапка



Среда, 3 февруари 2010 година

Обраќање на претседателот Вељаноски по повод наградата „Бисер на мудроста“, доделена од Европската асоцијација за цервикален канцер

Како пратеник и како претседател на Собранието на Република Македонија навистина ми причинува големо задоволство фактот дека оваа награда, меѓу другите институции и невладини организации, од Македонија ја добива и Комисијата за еднакви можности на жените и мажите при Собранието на Република Македонија. Со ова не само што се потврдуваат активностите и резултатите на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите, туку е и признание за активноста и работењето на Собранието, како и за нивото на парламентаризмот кај нас, кој не се сведува само на процесот на донесување на закони туку многу пошироко. 



Среда, 3 февруари 2010 година

Средба на потпретседателката на Собранието на Република Македонија, г-ѓа Светлана Јакимовска со амбасадорката на Сојузна Република Германија во Република Македонија, Н.Е. г-ѓа Урлике Марија Кноц

Емил Амедов, Хамди Шахини и Далибор Трендафиловски, учесници во ИПС 2010 истакнаа дека за нив има големо значење посетата на Собранието на Република Македонија и запознавањето со работата на пратениците и на работните тела на собранието

Среда, 3 февруари 2010 година, Комисија за еднакви можности на жените и мажите

Јавна расправа на тема: Наградата „Бисери на мудроста“ за Македонија од Европската асоцијација за цервикален канцер

Добитници на наградата се Комисијата за еднакви можности на жените и мажите на Собранието на Република Македонија, Министерството за здравство, Организацијата на жени од Свети Николе, Центарот за регионални истражувања и соработка „Студиорум“ и Македонското женско лоби.



Вторник, 2 февруари 2010 година

Четириесет и деветта седница на Комисијата за финансирaње и буџет

Комисијата за финансирaње и буџет на Собранието на Република Македонија, на Четириесет и деветтата седница, одржана на 1 февруари 2010 година, како матично работно тело ги разгледа Предлогот на закон за задолжување на Република Македонија со заем кај Банката за развој при Советот на Европа по Рамковниот договор за заем за делумно финансирање на Проектот за реконструкција и доградба на јавните здравствени установи-прва фаза ( второ читање) и Предлогот на закон за плаќање на рати на даночни долгови на јавните претпријатија и трговските друштва основани од Република Македонија, односно од општините или Град Скопје, по скратена постапка



Понеделник, 1 февруари 2010 година

Дваесет и четврта седница на Комисијата за одбрана и безбедност

Комисијата за одбрана и безбедност на Собранието на Република Македонија, на Дваесет и четвртата седница, одржана на 29-ти јануари 2010 година, како матично работно тело го разгледа Предлогот на закон за служба во Армијата на Република Македонија - I читање и водеше амандманска расправа по Предлогот на закон за испитување и жигосување, односно обележување на огненото оружје и муниција



Понеделник, 1 февруари 2010 година

ПРАТЕНИЦИТЕ СПАСЕНОВСКИ, ПЕТРОВ И РУШИТИ ЌЕ УЧЕСТВУВААТ НА 58. МОЛИТВЕН ПОЈАДОК ВО ВАШИНГТОН

Пратениците во Собранието на Република Македонија, г. Александар Спасеновски, г. Андреј Петров и г. Сулејман Рушити ќе присуствуваат на 58. молитвен појадок, во Вашингтон, на кој ќе учествува и претседателот на Соединетите Американски Држави (САД), г. Барак Обама.

Молитвениот појадок е во организација на американскиот Конгрес и, според воспоставената традиција, се одржува секој прв четврток во февруари. На настаните што се одвиваат во рамките на манифестацијата, чиј централен настан е молитвениот појдаок, најавено е присуството на поголем број светски лидери, политичари, како и на американски сенатори и конгресмени.

За време на посетата на САД, се очекува пратениците да остварат повеќе средби со членови на Конгресот и на Сенатот, со високи претставници на Стејт департментот и американската администрација, како и со политички личности од други држави, кои ќе земат учество на молитвениот појадок.

Click