Вторник, 23 јули 2013 година

Надзорна расправа на тема „Користење на фондовите од инструментот за претпристапна помош-ИПА во Република Македонија“

Првото продолжение на 42. седница на Комисијата за европски прашања, посветена на Надзорната расправа на тема „Користење на фондовите од инструментот за претпристапна помош-ИПА во Република Македонија“, ќе се одржи на 26 јули 2013 година, со почеток од 11.00 часот, во Сала „Борис Трајковски", во зградата на Собранието на Република Македонија



Вторник, 23 јули 2013 година

Јавна расправа на тема: „Предлог на закон за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги“

Јавната расправа ќе се одржи на 29 јули (понеделник) 2013 година, со почеток од 11.00 часот, во Сала „Борис Трајковски", во зградата на Собранието на Република Македонија



Вторник, 23 јули 2013 година

Јавна расправа на тема: „Предлог на закон за медиуми“

Јавната расправа ќе се одржи на 30 јули (вторник) 2013 година, со почеток од 11.00 часот, во Сала „Борис Трајковски", во зградата на Собранието на Република Македонија



Петок, 5 јули 2013 година

Учество на Конференција на Комисиите за европски прашања на земјите-членки на Европската унија и на земјите-кандидатки-КОСАК

Претседателот на Комисијата за европски прашања на Собранието на Република Македонија, г. Хајрула Мисини од 7 до 8 јули во Вилнус, Република Литванија, ќе учествува на Конференција на Комисиите за европски прашања на земјите-членки на Европската унија и на земјите-кандидатки-КОСАК



Вторник, 2 јули 2013 година

Учество на собраниска делегација на парламентарен состанок во Секретаријатот на енергетската заедница во Виена

На покана од Секретаријатот на енергетската заедница и Регионалниот совет за соработка делегација на Собранието на Република Македонија во состав, г-ѓа Владанка Авировиќ, г. Драган Цуклев, г. Реџаил Исмаили и г. Николче Ацевски ќе учествува на „Првиот состанок на пратеници од земјите-учеснички и пријатели на Енергетската заедница“, кој ќе се одржи на 4 јули 2013 година во Секретаријатот на енергетската заедница во Виена, Австрија



Вторник, 2 јули 2013 година

Надзорна расправа на тема: „Користење на фондовите од Инструментот за претпристапна помош-ИПА во Република Македонија“

Целта на надзорната расправа е да се утврди ефикасноста на искористувањето на средствата од претпристапните фондови во Република Македонија (ИПА), нивното влијание, како и да се проценат апсорпционите капацитети на Република Македонија



Понеделник, 1 јули 2013 година

Учество на 3. меѓународна конфереција на Законодавно-правни комсии

Од Собранието на Република Македонија, на конференцијата ќе учествуваат пратениците: г. Малиша Станковиќ, заменик на претседателот на Законодавно-правната комисија, г-ѓа Сузана Салиу, потпретседател на Собранието на Република Македонија и член на Законодавно-правната комисија и г-ѓа Марија Рашковска член на Законодавно-правната комисија

Click