Петок, 31 јули 2009 година
Шеесет и три милиони евра од Европската комисиja за истражувачки проекти за помош на Африка
Европската комисиja побара проект-предлози целосно посветени на истражувања за Африка, кои ќе донесет решенија за сериозните проблеми со кои се соочува „Црниот континент“. Околу 63 милиони евра ќе бидат распределени за истражувачки проекти во текот на 2010 година, насочени кон подобрување на санитарните услови, обезбедување храна и вода во Африка.
Одбраните проекти ќе имаат за цел заживување на земјоделството, промовирање на поодржливи системи за производство, гаранција за безбедна храна, како и алармантни системи за ризици како суша или болести.
Проектите ќе се фокусираат на намалување на маларијата, рано откривање и лечење на најчестите инфекции поврзани со рак, подобрување на здравјето на мајките и бебињата, контрола на здравјето на мигрантите и решавање на проблемот со недостиг од медицински персонал.
Оваа специјална иницијатива за Африка ќе вклучи некои од научните и технолошките цели од стратегиското партнерство ЕУ – Африка, договорено од Европската комисија и Комисијата на Африканската унија во декември 2007 година.
На 18 септември ЕУ комесарот за наука и истражување, г-дин Јанез Поточник, заедно со претставник на Африканската унија ќе го отвори Информацискиот ден „Повик на Африка“.
Прочитај повеќе
Среда, 29 јули 2009 година
Триесетта седница на Комисијата за финансирање и буџет
На Триесеттата седница, Комисијата за финансирање и буџет, како матично работно тело, го разгледа Предлогот на закон за задолжување на Република Македонија со заем кај Меѓународната банка за обнова и развој - Светската банка по Договорот за заем по Проектот за условени парични трансфери, по скратена постапка.
Прочитај повеќе
Среда, 29 јули 2009 година
Дваесет и прва седница на Комисијата за транспорт, врски и екологија
Комисијата за транспорт, врски и екологија на Дваесет и првата седница, одржана на 28 јули 2009 година, како матично работно тело ги претресе Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за превоз во патниот сообраќај (прво читање), Предлогот на закон за изменување на Законот за јавните патишта (прво читање) и Предлогот на закон за електронско управување (второ читање).
Прочитај повеќе
Вторник, 28 јули 2009 година, Комисија за економски прашања
Јавна расправа во врска со текстот на Нацрт-стратегијата за развој на енергетиката во Република Македонија за периодот 2008 - 2020
Комисијата за економски прашања на Собранието на Република Македонија на 27 јули 2009 година организираше јавна расправа во врска со текстот на Нацрт-стратегијата за развој на енергетиката во Република Македонија за периодот 2008 - 2020 година.
Прочитај повеќе
Вторник, 28 јули 2009 година
Дваесет и прва седница на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците
Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците на Дваесет и првата седница, одржана на 27 јули 2009 година, како матично работно тело ги разгледа:
Прочитај повеќе
Вторник, 28 јули 2009 година, Брисел
Состанок на ЕУ министрите по општи прашања и надворешни работи

ЕУ министрите по општи прашања и надворешни работи на вчерашниот состанок во Брисел, меѓу другото, ја потенцираа својата поддршка за земјите од Западен Балкан. Советот расправаше за проширувањето на Европската унија и се согласи апликацијата на Исланд за членство во ЕУ да ја достави до Комисијата. Министрите на Комисијата и ја претставија и Стратегијата за Балтичкото Море, решија да го продолжат мандатот на набљудувачката мисијата за ЕУ во Грузија, а беа усвоени и заклучоци за Сомалија и се разговараше за Иран.
Прочитај повеќе
Вторник, 28 јули 2009 година
Буџетскиот совет ги усвои Насоките за подготовка на Предлог-буџетското барање на Собранието на Република Македонија за 2010 година и периодот 2010 - 2012 година
Буџетскиот совет на Собранието на Република Македонија на Петтата седница, одржана на 23 јули 2009 година, ги разгледа Насоките за подготовка на Предлог-буџетското барање на Собранието на Република Македонија за 2010 година и периодот 2010 - 2012 година и врз основа на расправата едногласно ги усвои следниве заклучоци:
Прочитај повеќе
Вторник, 28 јули 2009 година
Дваесет и деветта седница на Комисијата за финансирање и буџет
Комисијата за финансирање и буџет на Собранието на Република Македонија на 23 јули 2009 година ја одржа Дваесет и деветтата седница.
Прочитај повеќе
Понеделник, 27 јули 2009 година
Дваесет и втора седница на Комисијата за економски прашања
Комисијата за економски прашања на Дваесет и втората седница, одржана на 23 јули 2009 година, како матично работно тело ги разгледа Предлог-законот за дополнување на Законот за трговија (второ читање) и Предлог- законот за изменување и дополнување на Законот за трговија (второ читање).
Прочитај повеќе
Петок, 24 јули 2009 година
Европската комисија предложи донација од 494 милиони евра за разурнатата Аквила

Европската комисија предложи да се донираат 494 милиони евра од Европскиот фонд за солидарност за помош на разурнатиот италијански град Аквила, кој на 6 април беше погоден од силен земјотрес. Помошта, која треба да биде одобрена од земјите-членки на Европската унија, е насочена кон обнова на инфраструктурата, живеалиштата, електричните мрежи и водоснабдувањето.
Прочитај повеќе
Четврток, 23 јули 2009 година
Претседателот на Собранието, г.Трајко Вељаноски го прими комесарот на Европската комисија за проширување, г.Оли Рен

На средбата претседателот на Собранието, г.Трајко Вељаноски, изразувајќи задоволство од одлуката на Европската комисија да препорача укинување на визниот режим за македонските граѓани истакна дека тоа Македонија го заслужува бидејќи ги исполни сите услови, а во исто време македонските граѓани ќе можат да уживаат во едно од основните човекови права и европски стандард, а тоа е слободниот проток на луѓе.
Прочитај повеќе
Четврток, 23 јули 2009 година
Средба на комесарот за проширување на Европската комисија, г. Оли Рен со членовите на Националниот совет за евроинтеграции

Комесарот за проширување на Европската комисија, г. Оли Рен на средбата со членовите на Националниот совет за евроинтеграции, каде што присуствуваа и членови на Комисијата за надворешна политика, Комисијата за европски прашања и Мешовитиот парламентарен комитет Република Македонија - Европска унија беше запознат со работата на Националниот совет за евроинтеграции.
Прочитај повеќе
Четврток, 23 јули 2009 година
ЈАВНА РАСПРАВА ПО РАБОТНАТА ВЕРЗИЈА НА ЗАКОНОТ ЗА КРИВИЧНА ПОСТАПКА И ПРЕДЛОГ-ЗАКОНОТ ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА КРИВИЧНИОТ ЗАКОНИК
Националниот совет за евроинтеграции на 22 јули 2009 година организираше Jавна расправа по работната верзија на Законот за кривична постапка и Предлог-законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик.
Прочитај повеќе
Четврток, 23 јули 2009 година
Петнаесетта седница на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство
Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство на Собранието на Република Македонија на петнаесеттата седница одржана на 22 јули 2009 година, како матично работно тело го разгледа Предлогот на закон за изменување на Законот за пасиштата (второ читање).
Прочитај повеќе
Четврток, 23 јули 2009 година
Исланд официјално аплицираше за членство во Европската унија

Министерот за надворешни работи на Исланд, г-дин Осур Скарфединсон, на свечена церемонија во Стокхолм, официјално ја предаде апликацијата за членство на неговата земја во Европската унија. Апликацијата ја прими г-дин Карл Билт, шеф на дипломатија на Шведска, која председава со Унијата.
Прочитај повеќе
Четврток, 23 јули 2009 година
Европската комисија со нови мерки за спас од кризата

Европската комисиja усвои нови мерки, насочени кон поедноставување на правилата за управување со Кохезиската политика. Во услови на економска криза, целта е да се даде импулс на европската економија преку подобрување на условите за започнување повеќе проекти во одделни региони. Како дел од мерките за борба против кризата, Комисијата може да надомести 100% од трошоците, пријавени од земјите-членки за проекти финансирани од Европскиот социјален фонд (ЕСФ) во 2009 и 2010 година.
Прочитај повеќе
Среда, 22 јули 2009 година
Шведскиот министер за надворешни работи ја искоментира визната либерализација, кипарското прашање, апликацијата на Исланд во ЕУ и состојбите во Хондурас и Иран

На вчерашниот состанок на Комисијата за надворешни работи на Европскиот парламент, министерот за надворешни работи на Шведска, г-дин Карл Билт, како претставник на земјата која претседава со Европската унија, уште еднаш истакна дека граѓаните на Македонија, Србија и Црна Гора ќе можат да патуват слободно во шенгенската зона од 1 јануари 2010 година. Тој го искоментира решението Босна и Херцеговина да не биде дел од пакетот за пристап кон шенген-зоната.
Прочитај повеќе
Вторник, 21 јули 2009, Kомисија за политички систем и односи меѓу заедниците
Разгледан Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за финансирање на политички партии
На Дваесеттата седница, Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците го разгледа Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за финансирање на политички партии (второ читање).
Прочитај повеќе
Вторник, 21 јули 2009 година
Комплетиран изборот на претседатели и потпретседатели на Комисиите на Европарламентот

Откако во четвртокот Европскиот парламент на Конститутивната седница во Стразбур избра претседатели и потпретседатели на дванаесет комисии, на вчерашната седница го докомплетира изборот на преостанатите комисии, како и на две поткомисии, за идниот 2,5 годишен мандат.
Прочитај повеќе
Петок, 17 јули 2009 година
ТЕЛЕФОНСКА АНКЕТА ЗА РАБОТАТА НА СОБРАНИЕТО НА РеПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
Во рамките на проектот за зајакнување на капацитетите на Собранието на Република Македонија, финансиран од страна на Британската амбасада во Република Македонија и Вестминстер фондацијата за демократија, Институтот за демократија "Societas Civilis" Скопје спроведе анкета за работата на Собранието на Република Македонија.
Прочитај повеќе
Петок, 17 јули 2009 година
Европарламентот го осуди насилството во Иран, Кина и Хондурас

Покрај изборот на претседател и потпретседатели на Европскиот парламент, како и на Комисиите од истиот, на Конститутивната седница во Стразбур, европратениците заедно со претставници на Европската комисија и Советот, расправаа и за надворешни теми, како насилството по одржаните избори во Иран, етничките проблеми во Кина и државниот удар во Хондурас.
Прочитај повеќе
Четврток, 16 јули 2009 година
Шведска ја презентираше шестмесечната програма за претседавањето со ЕУ

На вчерашната конститутивна седница на Европскиот парламент во Стразбур, Шведска ја презентираше шестмесечната програма за претседавањето со Европската унија, Чешка го образложи досега сработеното на истата позиција, а беа избрани и пет нови квестори на Европарламентот.
Прочитај повеќе
Четврток, 16 јули 2009 година
Дванаесет Комисии во Европскиот парламент добија нови претседатели и потпретседатели

Европскиот парламент на денешната Конститутивната седница во Стразбур ги избра новите претседатели и потпретседатели на дванаесет Комисии - за надворешни работи; меѓународна трговија; буџет; економски и финансиски прашања; труд и социјална политика; екологија, јавно здравство и безбедност на храна; индустрија, истражување и енергетика; внатрешен пазар и заштита на потрошувачите; правни прашања; граѓански слободи; правата на жените и еднаквост меѓу половите и петиции.
Прочитај повеќе
Четврток, 16 јули 2009 година, Стокхолм
Неформална средба на ЕУ министрите за правда и внатрешни работи

Во Стокхолм од 15 до 17 јули се одржува неформалната средба на ЕУ министрите за правда и внатрешни работи. Домаќини на средбата се министерот за правда Беатриче Еск и министерот за миграции и азилна политика Тобијас Билстром
Прочитај повеќе
Среда, 15 јули 2009
Европската комисија препорача укинување на визите за Македонија

На денешната прес-конференција во Брисел заменик-претседателот и министер за правда Жак Баро и еврокомесарот за проширување на ЕУ Оли Рен ја соопштија препораката на Европската комисија за укинување на визите за граѓаните на Македонија, Србија и Црна Гора од 1 јануари 2010 година.
Прочитај повеќе
Среда, 15 јули 2009 година
Дваесет и осма седница на Комисијата за финансирање и буџет
Комисијата за финансирање и буџет на Собранието на Република Македонија на 14 јули 2009 година ја одржа Дваесет и осмата седница.
Прочитај повеќе
Среда, 15 јули 2009 година
Деветнаесетта седница на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците
Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците на Деветнаесеттата седница, одржана на 14 јули 2009 година, како матично работно тело ги разгледа Предлог-законот за Собранието на Република Македонија (прво читање) и Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за финансирање на политичките партии (прво читање).
Прочитај повеќе
Среда, 15 јули 2009 година
Се чека препорака од ЕК за визна либерализација

Европската комисија денес треба да достави предлог за безвизен режим за три балкански земји: Македонија, Црна Гора и Србија. Одлуката на Европската комисија за укинување на визниот режим на прес-конференција во Брисел ќе ја соопштат еврокомесарите за правда и проширување, г-дин Жак Баро и г-дин Оли Рен
Прочитај повеќе
Среда, 15 јули 2009, Националниот совет за евроинтеграции
Јавна расправа по работната верзија на Предлог-законот за бесплатна правна помош
Националниот совет за евроинтеграции на 14 јули 2009 година организираше Jавна расправа по Предлог-законот за бесплатна правна помош.Образложение за причините за донесување на законот и објаснување на содржината на одредбите од законот даде министерот за правда Михајло Маневски.
Прочитај повеќе
Вторник, 14 јули 2009 година
Јержи Бузек - нов претседател на Европскиот парламент

Поранешниот полски премиер и член на Европската народна партија, г-дин Јержи Бузек, е избран за нов претседател на Европскиот парламент. Уште на првото гласањето на конститутивната седница на Европарламентот во Стразбур, г-дин Бузек доби 555 гласови, додека вториот кандидат за оваа функција, Ева Брит Свенсон, од Конфедеративната група на Европската обединета левица - Северна зелена левица освои 89 гласа.
Прочитај повеќе
Вторник, 14 јули 2009 година, Комисија за економски прашања
Разгледан Предлог-законот за дополнување на Законот за трговија
Комисијата за економски прашања на Дваесет и првата седница одржана на 13 јули 2009 година, како матично работно тело го разгледа Предлог на законот за дополнување на Законот за трговија (Прво читање).
Прочитај повеќе
Вторник, 14 јули 2009 година, Стразбур
Гласање во Европарламентот

На конститутивна седница Европскиот парламент во Стразбур со тајно гласање ќе избере нов претседател, 14 заменик-претседатели, како и претседатели на парламентарните комисии, кои ќе бидат на овие функции во наредните 2,5 години.
Прочитај повеќе
Понеделник, 13 јули 2009 година
Седница на Комисијата за надворешна политика
Комисијата за надворешна политика, на седницата одржана на 9 јули 2009 година, ги разгледа Предлогoт на законот за ратификација на Meѓународната конвенција за заштита на новите видови на растенија и Предлогот на законот за ратификација на Анексот за изменување на Анекс 1 на Спогодбата меѓу Европската заедница и нејзините земји-членки, Република Албанија, Босна и Херцеговина, Република Бугарија, Република Хрватска, Република Македонија, Република Исланд, Република Црна Гора, Кралството Норвешка, Романија, Република Србија и Мисијата на Обединетите нации за привремена администрација на Косово за основање на Европска заедничка воздухопловна област.
Прочитај повеќе
Понеделник, 13 јули 2009 година
Одлуката за визна либерализација одложена за в среда

Наместо утре, предлогот за визна либерализација за Западен Балкан, Европската комисија ќе го усвои в среда. Прес-конференцијата на еврокомесарите г-дин Жак Баро и г-дин Оли Рен е одложена за 15 јули во Брисел, кога тие на Советот на министри на Европската унија ќе му ја соопштат одлуката граѓаните на Македонија, Србија и Црна Гора да патуваат без визи во земјите-членки на ЕУ.
Прочитај повеќе
Понеделник, 13 јули 2009 година
Усвоени седум документи на Г-8 Самитот во Аквила

На тридневниот самит на Г-8, кој се одржа од 8 до 10 јули во италијанскиот град Аквила и на кој учествуваа вкупно 39 шефови на држави или влади, беа усвоени седум документи кои треба да помогнат за решавање на глобалните прашања.
Прочитај повеќе
Петок, 10 јули 2009 година
Во вторник ќе се бира нов претседател на Европарламентот

Новиот Европски парламент на конститутивната седница на 14 јули во Стразбур ќе го избере новиот претседател за наредните 2,5 години. Својата кандидатура за наследник на г-дин Ханс-Герт Петеринг ја објавија поранешниот полски премиер и член на Европската народна партија, г-дин Јежи Бизек, како и Ева-Брит Свенсон од Шведска, европратеник на Конфедеративната група на Европската обединета левица - Северна зелена левица.
Прочитај повеќе
Петок, 10 јули 2009 година
За прв пат ограничено глобалното затоплувањето

На Самитот на Г-8 во италијанскиот град Аквила, најголемите индустриски гиганти во светот во врска со климатските промени се договорија глобалното затоплувањето да го ограничат на два степени Целзиусови, а намалувањето на издувните гасови штетни за атмосферата за 50% до 2050 година.
Прочитај повеќе
Четврток, 9 јули 2009 година
Дваесет и седма седница на Комисијата за финансирање и буџет
На 3 јули 2009 година, Комисијата за финансирање и буџет на Собранието на Република Македонија ја одржа Дваесет и седмата седница, на која, меѓу другото, како матично работно тело го разгледа Годишниот извештај на Државниот завод за ревизија за 2008 година.
Прочитај повеќе
Четврток, 9 јули 2009 година, Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство
Разгледан Предлог-законот за изменување на Законот за пасишта
Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство на Четиринаесеттата седница одржана на 3 јули 2009 година, како матично работно тело го разгледа Предлогот на закон за изменување на Законот за пасиштата (прво читање).
Прочитај повеќе
Четврток, 9 јули 2009 година
на 14 јули Европската комисија ќе го усвои Предлогот за визна либерализација за Западен Балкан

Европската комисија на 14 јули во Стразбур ќе го усвои предлогот за визна либерализација за земјите од Западен Балкан, меѓу кои и Република Македонија. Со ова ќе им се даде можност на граѓаните од овој регион да патуваат без визи во земјите од шенген-зоната, а со тоа ќе се оствари долгото залагање на Европската комисија за безвизно патување. Олеснетото патување во ЕУ може значително да допринесе за процесот на интеграција на балканските земји во Европската унија.
Прочитај повеќе
Четврток, 9 јули 2009 година
ЕУ официјално ја поддржа кандидатурата на Жозе Мануел Баросо

Земјите од Европската унија денеска официјално ја поддржаа кандидатурата на г-дин Жозе Мануел Баросо за претседател на Европската комисија. Ниту една од 27-те земји-членки на ЕУ не се спротистави на вториот петгодишен мандат на г-дин Баросо, па останува неговата номинација да биде потврдена од Европскиот парламент.
Прочитај повеќе
Среда, 8 јули 2009 година, Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците
Прифатен Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за државни службеници
Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, на седницата одржана на 6 јули 2009 година, како матично работно тело, го разгледа Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за државните службеници (прво читање).
Прочитај повеќе
Среда, 8 јули 2009 година
На 2 октомври втор референдум за Лисабонскиот договор во Ирска

Вториот референдум за Лисабонскиот договор во Ирска ќе се одржи на 2 октомври. По првичното неприфаќање на Договорот минатата година, се очекува Ирците овојпат да го поддржат истиот, со оглед на тоа што ги добија побараните гаранции од Европската унија.
Прочитај повеќе
Среда, 8 јули 2009 година
Г-8 Самит во Аквила

Во италијанскиот град Аквила денеска започна тридневниот Самит на Г-8, на кој, покрај лидерите на водечките земји во светот - Велика Британија, Канада, Франција, Германија, Италија, Јапонија, Русија и САД, учествуваат и претставници од Бразил, Кина, Индија, Мексико и ЈАР, како и од Египет, Данска, Шпанија и Холандија.
Прочитај повеќе
Вторник, 7 јули 2009 година
Претседателот Вељаноски го отвори 48-то издание на Балканскиот фестивал на народни песни и игри во Охрид
Балканскиот фестивал на народни песни и игри со својата содржина денеска претставува препознатлива културна манифестација не само за Охрид и за Макeдонија, туку и во регионот, но и пошироко. Причината за ова е фактот дека неговата содржина ни ја претставува една од оние најзначајни креативности на човекот, но и универзална вредност на човековата цивилизација, а тоа е музиката и фолклорот. Во истовреме народните песни и фолклорот се дел од културното и националното битие на секој народ.
Ваквите манифестации имаат и уште една многу значајна димензија, а тоа е запознавањето со културата на најразлични народи и надминување на некои стереотипи, па, ако сакатe и антагонизми кои за жал се присутни.
Прочитај повеќе
Вторник, 7 јули 2009 година
Деветнаесетта седница на Комисијата за транспорт, врски и екологија
Комисијата за транспорт, врски и екологија на Деветнаесеттата седница, одржана на 2 јули 2009 година, како матично работно тело ги претресе Предлог законот за трансформација на Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор на Република Македонија (прво читање) и Предлог законот за електронско управување (прво читање).
Прочитај повеќе
Понеделник, 6 јули 2009 година
Учество на пратеникот Хисен Џемаили на 18. годишна сесија на ПС на ОБСЕ

Господинот Хисен Џемаили, член на Делегацијата на Собранието на Република Македонија во Парламентарното собрание на ОБСЕ (ПС на ОБСЕ), учествуваше на 18. годишна сесија на ПС на ОБСЕ, што се одржа од 29 јуни до 3 јули 2009 година во Парламентот на Литванија во Вилнус. Собранието усвои „Декларација од Вилнус“, што опфаќа препораки до Владите на земјите учеснички во ОБСЕ и содржи 28 резолуции, меѓу кои и резолуциите за зацврстувањето на ОБСЕ, набљудувањето на избори, безбедноста на храната во областа на ОБСЕ, светската економска криза и социјалните последици од истата, Иран, Авганистан, човековите права и граѓанските слободи, контролата на оружјето и разоружувањето во Европа, трудовата миграција во Централна Азија, безбедноста во полето на енергијата, климатските промени, водниот менаџмент, слободата за изразување на Интернет и аболицијата на смртната казна.
Прочитај повеќе
Понеделник, 6 јули 2009 година
Конференција на претседателите на парламентарните комисии за европски прашања на земјите-членки на ЕУ-КОСАК

Во рамките на работниот дел на Конференцијата на комисиите за европски прашања (КОСАК), што вчера и денеска (5 и 6 јули) се одржува во Стокхолм, Шведска, на која учествува претседателот на Комисијата за европски прашања на Собранието на Република Македонија, Петар Поп Арсов, беа претставени приоритетите и програмата за работа на актуелното шведско претседателство од страна на министерот за надворешни работи г. Карл Билд и министерката за европски прашања г-ѓа Сесилија Малстром.
Прочитај повеќе
Понеделник, 6 јули 2009 година
Микрофинансирање за невработените во Европа

Европската унија предлага механизам за микрофинансирање со цел поттикнување на невработените да започнат сопствен бизнис. Предлогот е прецизиран во акциониот план за работа и со него ќе им се помогне на луѓето кои ја загубиле својата работа, со мали кредити да развијат свој бизнис или да го прошират постоечкиот.
Прочитај повеќе
Понеделник, 6 јули 2009 година, Стразбур
Летно училиште за демократија

Од 6 до 10 јули во Стразбур ќе се одржи Четвртото летно училиште за демократија, на тема „Глобалните предизвици на демократијата“, а во организација на Советот на Европа, со поддршка од Европската унија, француската влада и локалните власти на Алзас и Стразбур.
Прочитај повеќе
Понеделник, 6 јули 2009 година
Седница на Комисијата за образование, наука и спорт
Комисијата за образование, наука и спорт на седницата одржана на 2 јули 2009 година, во прво читање ги разгледа Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за високото образование и Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за учебници за основно и средно образование.
Прочитај повеќе
Понеделник, 6 јули 2009 година, Комисија за економски прашања
Прифатен Предлогот на законот за изменување и дополнување на Законот за трговија
Комисијата за економски прашања на Собранието на Република Македонија, на Дваесеттата седницата одржана на 3 јули 2009 година, како матично работно тело го разгледа Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за трговија (Прво читање).
Прочитај повеќе
Петок, 3 јули 2009 година
новиот Европски парламент ќе го посети Стокхолм

Во понеделник, на 6 јули 2009 година, новоизбраната група лидери на Европскиот парламент, предводена од претседателот во заминување, г-дин Ханс-Герт Петеринг, ќе го посети Стокхолм.
Прочитај повеќе
Петок, 3 јули 2009 година, Комисија за труд и социјална политика
Разгледан Предлогот на закон за употреба на знаковниот јазик
Комисијата за труд и социјална политика на Дваесет и третата седница, одржана на 2 јули 2009, како матично работно тело го разгледа Предлогот на закон за употреба на знаковниот јазик (прво читање).
Прочитај повеќе
Четврток, 2 јули 2009 година
Пратеникот Оливер Шамбевски ќе ги набљудува парламентарните избори во Бугарија
Пратеникот Оливер Шамбевски од име на Групата на европски народни партии е предложен да биде член на ад хок Комисијата на Парламентарното собрание на Советот на Европа која ќе ги набљудува парламентарните избори во Бугарија на 5 јули 2009 година.
Прочитај повеќе
Четврток, 2 јули 2009 година
Шведското претседавање со ЕУ пред огромни предизвици

По повеќе од две години подготовка, Шведска вчера го презеде претседателството со Европската унија. Во Стокхолм, шведскиот премиер, г-дин Фредерик Рејнфелт, го пречека претседателот на Европската комисија, г-дин Жозе Мануел Баросо. Церемонијалната прослава се одржа во музејот Скансен, каде присуствуваше и кралот на Шведска, Карл XVI Густав. Се очекува оваа скандинавска земја во својот шестмесечен мандат да оствари над 3.000 средби, повеќето во Брисел и Луксембург, но и над сто средби во своите градови.
Прочитај повеќе
Среда, 1 јули 2009 година
Шведска го преземa претседателството со ЕУ

Ротационото претседателство со Европската унија денеска Чешка официјално и го предава на Шведска, која ќе го води наредните шест месеци, односно до 31 декември 2009 година.
Прочитај повеќе