Среда, 31 јули 2013 година

Давање свечена изјава пред претседателот Вељаноски

Новоизбраните заменици на народниот правобранител на Република Македонија: г-ѓа Елена Ѓоргоноска-Маневска, г. Насер Весељи, г-ѓа Ирина Стојановска, г. Васил Јовановски, г. Славчо Тимов, г-ѓа Васка Бајрамовска-Мустафа и г. Даут Селими, денеска дадоа свечена изјава пред претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски



Вторник, 30 јули 2013 година

Јавна расправа по „Предлог на закон за медиуми“

На седницата присуствуваа овластените предлагачи на законот, претставник од Владата на Република Македонија, медиумите, невладини организации и други организации институции и здруженија, претставници од странските амбасади, НДИ, ОБСЕ, УСАИД, мисијата на ЕУ во Република Македонија и др



Вторник, 30 јули 2013 година

Седумдесет и трета седница на Комисијата за финансирање и буџет

Комисијата за финансирање и буџет на Собранието на Република Македонија, на Седумдесет и третата седница,  одржана на 29 јули 2013 година, како матично работно тело, ги разгледа:



Вторник, 30 јули 2013 година

Триесет и петта седница на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство

Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство на Собранието на Република Македонија, на 35. седница, одржана на 24 јули 2013 година, како матично работно тело ги разгледа:



Понеделник, 29 јули 2013 година

Јавна расправа на тема: „Предлог на закон за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги“

Денеска, во рамките на шеесет и првата седница, Комисијата за транспорт, врски и екологија, одржа јавна расправа на тема „Предлог на закон за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги“.

На расправата, покрај претседателот на Комисијата за транспорт, врски и екологија, г. Реџаиљ Исмаили присуствуваа членовите на Комисијата: Марија Рашковска, Славе Гошев, Павле Саздов, Лилјана Затуроска, Јани Макрадули, Борче Ставров, Благоја Стојановски, Рејхан Дурмиши и Газменд Алији; замениците на членовите на Комисијата: Панче Дамески, Тони Трајановски, Саве Марачков, Тања Томиќ и Панче Орцев.

На седницата присуствуваа и пратениците Миле Андонов, Голупчо Ангелов, Надица Танчева Тулиева, Дарко Димитриески, Неџати Јакупи, Марјанчо Николов, Михајло Џолонга, Павле Трајанов, Силвана Бонева, Фламуре Демири Креци, Наџи Џелили, Нада Ципушева, Јулиета Марку, Орхан Ибраими, Беким Ќоку, Елена Павлова, Миле Пачемски, Јордан Пачков, Хајрие Мисими, Беким Фазлиу, Цветанка Иванова, Митре Велјаноски, Менде Диневски, Билјана Казанџиска, Сафет Бишевац, Бети Кузмановска, Станка Анастасова, Васко Пашовски, Ѓорѓи Коџобашиев, Вјолца Мехмети Нуредини, Сузана Салиу, Ердоган Сарач, Ромео Тренов, Светлана Карапетрова, Весна Пемова, Имер Алиу, Драган Цуклев, Трајче Димков, Емилијан Станковиќ, Хајрула Мисими, Драгиша Милетиќ, Светлана Мазгалоска Вучетиќ, Весна Бендевска, Александар Николоски, Илија Димовски, Дешира Имери и Џеват Адеми.

На седницата присуствуваа овластените предлагачи на законот, претставник од Владата на Република Македонија, медиумите, невладини организации и други организации институции и здруженија, претставници од странските амбасади, НДИ, ОБСЕ, УСАИД, мисијата на ЕУ во Република Македонија и др.

Воведно излагање имаше претседателот на Комисијата за транспорт, врски  и екологија кој даде кратко потсетување за целта на јавната расправа и министерот за информатичко општество Иво Ивановски.

На јавната расправа усмени искази дадоа следниве учесници: Дејан Ѓеорѓиевски од Центарот за развој на медиуми, Насер Селмани од Здружението на новинари, Мирка Велиновска - новинар, Ивона Талевска, главен и одговорен уредник на весникот Вечер, Миленко Неделковски - новинар, Тамара Чаушидис од самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници, Драган Павловиќ-Латас главен и одговорен уредник во Сител телевизија, Мирче Адамчевски од Македонскиот институт за медиуми, Горан Гаврилов сопственик на Канал 77, Зоран Трајчевски претседател на Советот за радиодифузија, Бисера Јордановска од Групацијата на национални ТВ радиодифузери и Зоран Стефановски поранешен претседател на Советот за радиодифузија.

Од причини што беше исцрпена листата на повикани учесници, претседателот на Комисијата за транспорт, врски и екологија, г. Реџаиљ Исмаили, ја затвори седницата.

 

Петок, 26 јули 2013 година
 
прво продолжение од надзорната расправа на тема „Користење на фондовите од Инструментот за претпристапна помош-ИПА во Република Македонија“

Комисијата за европски прашања на 26 јули, во рамките на 42. седница, го одржа првото продолжение на надзорната расправа на тема „Користење на фондовите од Инструментот за претпристапна помош-ИПА во Република Македонија“.

На расправата, покрај претседателот на Комисијата за европски прашања, г. Хајрула Мисини, присуствуваа и членовите на Комисијата и други пратеници, како и г. Мартин Клауке од Делегацијата на Европската унија во Република Македонија и претставници од Канцеларијата на НДИ во Скопје.

Со седницата претседаваше претседателот на Комисијата за европски прашања, г. Хајрула Мисини, кој даде кратко потсетување за целта на надзорната расправа, согласно законските прописи во Република Македонија.

На денешното прво продолжение на надзорната расправа на Комисијата, во улога на сведоци, усни искази дадоа г. Ризван  Сулејмани од Охрид - Институт за економски стратегии и меѓународни односи, г-ѓа Радица Коцева, раководител на Секторот за централно финансирање и склучување на договори и г. Фатмир Адеми, национален координатор за авторизација (НАО) во Министерство за финансии.

Во текот на расправата прашања поставија членовите на Комисијата за европски прашања, г-ѓа Силвана Бонева, г-ѓа Дешира Имери, г-ѓа Владанка Авировиќ, како и  пратениците г. Рејхан Дурмиши и г. Беким Ќоку, на кои што сведоците одговорија  усмено, а на неодговорените прашања најавија писмени одговори.

Пратениците, меѓу другото, побараа повеќе одговори во однос на: степенот на  искористеноста, односно неискористеноста на 622,5 милиони евра доделени од Европската унија за ИПА I фондовите (за периодот од 2007-2013), за  институционалниот  капацитет за нивно искористување и  во таа насока за  ефикасноста на  администрацијата, како за националната структура на вработените во Секторот за централно финансирање и склучување на договори, како и во  Секторот за авторизација (НАО) во Министерство за финансии.

По исцрпување на листата на повикани учесници (сведоци), претседателот на Комисијата, г. Мисини информира дека  надзорната расправа ќе продолжи во септември  со ислушување на исказите на останатите учесници (сведоци) повикани од Комисијата за европски прашања,  а кои  дополнително  ќе бидат утврдени  на координација со членовите на Комисијата.

 

Вторник, 23 јули 2013 година

Заедничка седница на Националниот совет за евроинтеграции и Комисијата за европски прашања

Националниот совет за евроинтеграции и Комисијата за европски прашања на Собранието на Република Македонија, денеска, одржаа заедничка седница на која беше презентирана програмата и приоритетите за работа на Литванското претседателство со Советот на Европската унија за периодот јули - декември 2013 година, од страна на амбасадорот на Република Литванија задолжен за Република Македонија со седиште во Будимпешта, Н.Е. г. Ренатас Јушка.



Вторник, 23 јули 2013 година

Триесет и шеста седница на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство

Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство на Собранието на Република Македонија, на 36. седница, одржана денеска, како матично работно тело, во скратена постапка ги разгледа:



Понеделник, 22 јули 2013 година

Седумдесет и втора седница на Комисијата за финансирање и буџет

Комисијата за финансирање и буџет на Собранието на Република Македонија, на 72. седница, одржана на 18 јули 2013 година, како матично работно тело, го разгледа Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за јавните набавки (во прво читање).



Понеделник, 22 јули 2013 година

Седумдесет и прва седница на Комисијата за финансирање и буџет

Комисијата за финансирање и буџет на Собранието на Република Македонија, на 71. седница,  одржана на 16 јули 2013 година, како матично работно тело, ги разгледа:



Четврток, 18 јули 2013 година

Триесет и втора седница на Комисијата за економски прашања

Комисијата за економски прашања на Собранието на Република Македонија, на 32. седница, одржана на 17 јули 2013 година, како матично работно тело, во прво читање, ги разгледа



Среда, 17 јули 2013 година

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски оствари средба со претседателот на Република Словенија, г. Борут Пахор

Претседателот Вељаноски го запозна гостинот со актуелната политичка состојба на Република Македонија, со одржаните локални избори, со покажаната волја на народот на истите и нормализираната состојба по настаните кон крајот на минатата година.

Петок, 12 јули 2013 година

ТРИЕСЕТ И ЧЕТВРТО ИЗДАНИЕ НА БИЛТЕНОТ НА МПК

Посетата на претседателот на Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ), г. Жан Клод Мињон, на Собранието на Република Македонија, средбата со претседателот Трајко Вељаноски, средбата со Делегацијата на Собранието во ПССЕ  и неговото обраќањето пред македонските пратеници зазема централно место во актуелниот број на Билтенот на МПК.



Среда, 10 јули 2013 година

Претседателот Вељаноски го прими новиот извршен директор на холандска конституенца на Светската банка, г. Франк Химскерк

На средбата двајцата соговорници разменија мислење за повеќе прашања значајни за соработката меѓу Република Македонија и Светската банка. Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски, го запозна гостинот со големиот интерес и оправданоста за соработката со Светската банка, особено од аспект дека се работи за помош која Република Македонија ја добива под многу поволни услови и дека, меѓу останатото и помошта од Светската банка во екот на економска криза овозможи истата да не земе поголем замав во Република Македонија



Среда, 10 јули 2013 година

Триесет и четврта седница на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство

Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство на Собранието на Република Македонија, на денешната 34. седница, како матично работно тело, во итна постапка, го разгледа Предлогот на законот за изменување на Законот за тутун и тутунски производи.



Понеделник, 8 јули 2013 година

Средба на претседателот Вељаноски со г. Ендру Елсбери, пратеник од Викторија, Комонвелт Австралија

Австралискиот пратеник, г. Ендру Елсбери, изрази задоволство од можноста да ја посети Република Македонија, како и од можноста за средба со претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски



Понеделник, 8 јули 2013 година

Средба на претседателот Вељаноски со Делегација на Комисијата за европски прашања од Парламентот на Холандија

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски, изрази задоволство од посетата на Делегацијата на Комисијата за европски прашања на Парламентот на Холандија и воедно се заблагодари за поддршката која Република Македонија во континуитет ја добива од пријател како што е Холандија во однос на евроатлантското интегрирање



Понеделник, 8 јули 2013 година, Вилнис, Литванија

Литванија ќе се залага за кредибилна, развојна и отворена Европа

Во рамките на литванското претседателство со ЕУ во Вилнис, денеска се одржува Конференицијата на комисиите за европски прашања на земјите-членки на Европската унија и на земјите-кандидатки - КОСАК



Понеделник, 8 јули 2013 година

Холандија како пријателска земја со континуирана поддршка за Македонија

Националниот совет за евроинтеграции и Комисијата за европски прашања во Собранието на Република Македонија денеска остварија средба со Делегација од Комисијата за европски прашања на Холандскиот парламент.



Понеделник, 8 јули 2013 година

Отворено небо меѓу Македонија и Австралија е во интерес на двете држави

Пратеникот Илија Димовски, во својство на претседател на Пратеничката група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Австралија, оствари средба со г. Ендру Елсбери, пратеник од Викторија, Комонвелт Австралија



Понеделник, 8 јули 2013 година

Туризмот - најсилната врска меѓу Македонија и Холандија

Туризмот и земјоделството беа во фокусот на средбата помеѓу Пратеничката група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Кралството Холандија и Делегацијата на Комисијата за европски прашања од Холандскиот парламент



Сабота, 6 јули 2013 година, Охрид

Обраќање на претседателот Вељаноски на отвoрањето на 52. издание на Балканскиот фестивал на народни игри и песни

Со големо задоволство сум вечерва присутен на отвoрањето на 52-рото издание на Балканскиот фестивал на народни игри и песни, особено имајќи ги во предвид значењето и континуитетот кои се карактеристика на овој фестивал.



Петок, 5 јули 2013 година

Средба на претседателот Вељаноски со помошникот на генералниот секретар на НАТО, г. Дирк Бренгелман

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски, го запозна соговорникот со актуелните политички случувања во Република Македонија, со огромната заинтересираност на граѓаните за членството во НАТО и посветеноста на институциите во остварувањето на тој интерес



Петок, 5 јули 2013 година

Учество на собраниска делегација на парламентарен состанок на Енергетската заедница

Делегација на Собранието на Република Македонија, во состав: г-ѓа Владанка Авировиќ, г. Драган Цуклев, г. Реџаил Исмаили и г. Николче Ацевски, учествуваше на Првиот состанок на пратеници од земјите учеснички и пријатели на Енергетската заедница, кој се одржа вчера во Секретаријатот на Енергетската заедница во Виена, Австрија



Среда, 3 јули 2013 година

Средба на претседателот Вељаноски со министерот за надворешни работи на Република Романија, г. Титус Корлацеан

На средбата претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски, изрази благодарност за поддршката која Република Македонија ја добива од Република Романија и го запозна соговорникот со актуелната политичка состојба во однос на евроатлантското интегрирање на Република Македонија, изразувајќи жалење што Република Македонија повторно не доби датум за отпочнување на преговори со Европската унија



Среда, 3 јули 2013 година

Седумдесетта седница на Комисијата за финансирање и буџет

Комисијата за финансирање и буџет на Собранието на Република Македонија, на Седумдесеттата седница, одржана вчера, како матично работно тело, во второ читање, го разгледа Предлогот на закон за изменување на Законот за издавање на обврзници на Република Македонија за денационализација



Среда, 3 јули 2013 година

Триесет и прва седница на Комисијата за економски прашања

Комисијата за економски прашања на Собранието на Република Македонија, на вчерашната Триесет и прва седница, во второ читање, го разгледа Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за државна статистика



Понеделник, 1 јули 2013 година, Истанбул

Учество на Делегација на Собранието на Република Македонија на 22. Годишна сесија на ПС на ОБСЕ

Делегацијата на Собранието на Република Македонија во Парламентарното собрание на ОБСЕ (ПС на ОБСЕ) во состав д-р Ана Павловска Данева, шеф на Делегацијата и г. Џеват Адеми, заменик-член на Делегацијата учествува на 22. Годишна сесија на Парламентарното собрание на ОБСЕ, што се одржува од 28 јуни до 3 јули 2013 година во Истанбул, Република Турција



Понеделник, 1 јули 2013 година

Хрватска – 28. земја-членка на ЕУ

Денеска Хрватска официјално стана 28. земја-членка на Европската унија. Синоќа во Загреб, на свечена церемонија, со богата музичка програма и во присуство на голем број светски лидери, Хрватска го прослави влезот во европското семејство.



Понеделник, 1 јули 2013 година

Започнува Литванското претседателство со ЕУ

Литванија денеска го презеде шестмесечното претседавање со Европската унија. Под слоганот „Кредибилна, растечка и отворена Европа“, оваа балтичка земја ќе има за цел да ѝ помогне на Европа да излезе од економската криза



Понеделник, 1 јули 2013 година

Пленарна седница на Европарламентот

Од 1 до 4 јули, Европскиот парламент, во Стразбур, одржува пленарна седница, во чиј фокус, меѓу другото, ќе биде буџетот на Европската унија за периодот 2014-2020 година.



Понеделник, 1 јули 2013 година

Шеесет и деветта седница на Комисијата за финансирање и буџет

Комисијата за финансирање и буџет на Собранието на Република Македонија, на Шеесет и деветтата седница, одржана на 27 јуни 2013 година, како матично работно тело, по скратена постапка, ги разгледа

Click