Вторник, 31 јули 2012 година

ЗАЕДНИЧКА СЕДНИЦА НА НАЦИОНАЛНИОТ СОВЕТ ЗА ЕВРОИНТЕГРАЦИИ И КОМИСИЈАТА ЗА ЕВРОПСКИ ПРАШАЊА

Националниот совет за евроинтеграции и Комисијата за европски прашања на Собранието на Република Македонија, денес ја одржаа шестата заедничка седница посветена на Извештајот на Владата на Република Македонија до Европската комисија за статусот на реализација на активностите од Патоказот за реализација на приоритетните цели усвоени на Пристапниот дијалог на високо ниво.



Вторник, 31 јули 2012 година

Триесет и петта седница на Комисијата за финансирање и буџет

Комисијата за финансирање и буџет на Собранието на Република Македонија, на Триесет и петтата седница, одржана на 20 јули 2012 година, како матично работно тело ги разгледа Годишниот извештај за работењето на Народната банка на Република Македонија во 2011 година и Извештајот на Народната банка на Република Македонија за банкарскиот систем на Република Македонија во 2011 година



Понеделник, 30 јули 2012 година

СРЕДБА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ВЕЉАНОСКИ СО Г. СТЕФАН ЏОУНС, ПРАТЕНИК ОД ТРОСБИ, АВСТРАЛИЈА И ПРЕТСЕДАТЕЛ НА АВСТРАЛИСКО-МАКЕДОНСКАТА ПАРЛАМЕНТАРНА ГРУПА ЗА СОРАБОТКА

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски, изразувајќи задоволство за средбата, ги истакна своите позитивни впечатоци од неодамнешната официјална посета на Австралија. Претседателот Вељаноски истакна дека средбите ќе ги подобрат билатералните односи со пријателската Австралија, кои во континуитет имаат нагорна линија.



Четврток, 26 јули 2012 година

Триесет и шеста седница на Комисијата за финансирање и буџет

Комисијата за финансирање и буџет на Собранието на Република Македонија, на Триесет и шестата седница, одржана на 24 јули и првото продолжение на 25 јули 2012 година, како матично работно тело ги разгледа



Среда, 25 јули 2012 година

Средба на претседателот Вељаноски со генералниот секретар на Обединетите нации, г. Бан Ки-мун

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски, изразувајќи задоволство за средбата, посебно ја истакна улогата на ОН, како и на генералниот секретар, г. Бан Ки-мун, во решавањето на многу светски прашања, а особено зачувувањето на светскиот мир. Во продолжение, тој накратко го престави работењето на Собранието, неговиот состав и активности



Понеделник, 23 јули 2012 година

Триесет и петта седница на Комисијата за финансирање и буџет

Комисијата за финансирање и буџет на Собранието на Република Македонија на Триесет и петтата седница, одржана на 18 и 19 јули 2012 година, како матично работно тело  ги разгледа:



Понеделник, 23 јули 2012 година

Триесет и четврта седница на Комисијата за транспорт, врски и екологија

Комисијата за транспорт, врски и екологија на Собранието на Република Македонија, на Tриесет и четвртата седница, одржана на 19 јули 2012 година, како матично работно тело, во прво читање ги разгледа



Понеделник, 23 јули 2012 година

Дваесет и втора седница на Комисијата за европски прашања

Комисијата за европски прашања на Собранието на Република Македонија, на 22. седница, одржана на 18 јули 2012 година, во прво читање ги разгледа:

Четврток, 19 јули 2012 година

Дваесет и трето издание на билтенот на МПК РМ-ЕУ

Во последното издание на Билтенот на Мешовитиот парламентарен комитет РМ-ЕУ за месец јуни 2012 година, централно место зазема успехот на македонската Делегација на 10-тиот Состанок на МПК во Брисел и усвоените препораки од состанокот, со кои парламентарците го повикаа Советот да ја потврди препораката на комисијата и да ѝ даде на земјата датум за почеток на преговори во текот на следното претседателство во 2012 година, изразија жалење за испуштањето на придавката „македонски" која се однесува на идентитетот, културата и јазикот на земјата, во Извештајот на Комисијата и ѝ препорача на Европската комисија повторно да ја воспостави својата пракса од претходните извештаи за напредокот и ја поздравија пресудата на Меѓународниот суд на правдата, констатирајќи дека истата претставува обврска за Грција да не го попречува членството на земјата во НАТО и почетокот на преговорите за членство во ЕУ. 



Четврток, 12 јули 2012 година

Триесет и трета седница на Комисијата за транспорт, врски и екологија

Комисијата за транспорт, врски и екологија  на Собранието на Република Македонија, како матично работно тело, на  вчерашната Триесет и трета седница, го разгледа Предлогот на законот за комунални дејности - II читање.

Комисијата по Предлогот на законот претресе и усвои 5 амандмани поднесени од овластените предлагачи.

Врз основа на член 149 став (2) од Деловникот на Собранието на Република Македонија, Комисијата за транспорт, врски и екологија поднесе еден амандман.

Амадманот се предлага заради допрецизирање на начинот на распределба и висината на средствата кои согласно наведените членови можат да се користат за предвидените намени.

По расправата Комисијата заклучи Предлогот на законот за комунални дејности - II читање да се проследи на натамошна постапка во Собранието на Република Македонија.



Четврток, 12 јули 2012 година

Триесет и четврта седница на Комисијата за финансирање и буџет

Комисијата за финансирање и буџет на Собранието на Република Македонија, на Триесет и четвртата седница, одржана на 5, 9, 10 и 11 јули 2012 година, како матично работно тело во второ читање ги разгледа: Предлогот на законот за вршење на сметководствени работи и Предлогот на закон за експропријација.

По Предлогот на законот за вршење на сметководствени работи, Комисијата разгледа вкупно 86 амандмани, поднесени од овластени предлагачи, од кои 14 беа усвоени.

Врз основа на членот 149 став 2 од Деловникот на Собранието на Република Македонија, по Предлогот на законот на предлог на пратеникот Марјанчо Николов, Комисијата  за финансирање и буџет поднесе и усвои два амандмани.

Во однос на Предлогот на закон за експропријација беа поднесени 3 амандмани кои Комисијата не ги усвои.

Комисијата со шест гласа „за“ и еден глас „воздржан“ заклучи дека согласно Деловникот на Собранието на Република Македонија се исполнети условите за подготвување на Дополнет предлог на Закон за вршење на сметководствени работи. 

Комисијата со пет гласа „за“ и два гласа „против“ заклучи дека согласно Деловникот на Собранието на Република Македонија не се исполнети условите за подготвување на Дополнет предлог и му предлага на Собранието на Република Македонија да го разгледа и донесе Законот за експропријација.



Среда, 11 јули 2012 година

Излагање на г. Трајко Вељаноски, претседател на Собранието на Република Македонија на официјалното затворање на ИПА Проектот - Техничка помош на Парламентот

Ми претставува задоволство што денеска, по 18 месеци од започнувањето на проектот наменет за зајакнување на капацитетите на Собранието на Република Македонија во процесот на евроинтегрирање и особено процесот на преговори за членство, можеме истиот официјално да го затвориме и да ги констатираме досегашните постигнувања и резултати. Истовремено, проектот претставува и верификација на постигнувањата на Собранието кои беа нотирани во Извештаите за напредокот на Република Македонија на Европската комисија.



Среда, 11 јули 2012 година

Македонија и Индија – пријателски земји со успешна соработка

Претседателот на Комисијата за надворешна политика на Собранието на Република Македонија, г. Антонио Милошоски, оствари средба со државниот министер за надворешни работи на Индија, г-ѓа Пренит Кор.



Вторник, 10 јули 2012 година

СРЕДБА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ВЕЉАНОСКИ СО Г. MИХАЕЛ ШПИНДЕЛЕГЕР И Г. МИРОСЛАВ ЛАЈЧЕК

На средбата, претседателот Вељаноски истакна дека односите на Република Македонија со Република Австрија и Словачката Република се карактеризираат со пријателство и разбирање и го потврди фактот дека поддршката што ја добива од овие две држави е искрена и значајна



Вторник, 10 јули 2012 година

Австрија и Словачка - силни поддржувачи на евроинтегративниот процес на Македонија

Комисијата за надворешна политика и Комисијата за европски прашања на Собранието на Република Македонија одржаа заедничка средба со потпретседателите и министри за надворешни работи на Република Австрија и Словачката Република, г. Михаел Спинделегер и г. Мирослав Лајчак.



Понеделник, 9 јули 2012 година, Лимасол, Република Кипар

Македонија во континуитет испорачува реформски резултати

За време на подготвителниот состанок на 48. заседание на КОСАК, кој се одржува денеска во Лимасол, Република Кипар, во рамките на кипарското претседателство со ЕУ, свое учество има и претседателот на Комисијата за европски прашања на Собранието на Република Македонија, г. Хајрула Мисини



Петок, 6 јули 2012 година

Претседателот Вељаноски го отвори 51. Балкански фестивал на народни игри и песни

Ми причинува задоволство да бидам денеска овде и уште поголемо задоволство што неколку години по ред заедно го одбележуваме почетокот на Балканскиот фестивал на народни песни и игри, особено имајќи ги предвид долгогодишната традиција, континуитетот и значењето кое го има оваа манифестација. Ме радува сознанието дека токму Балканскиот фестивал на народни игри и песни е манифестација препознатлива не само во Охрид, и не само во Македонија, туку и надвор од нашата држава, манифестација која заслужено добива особено внимание и почит.



Петок, 6 јули 2012 година, Монако

Република Македонија ги поддржува заложбите за зајакнување на ОБСЕ

Делегацијата на Собранието на Република Македонија во Парламентарното собрание на ОБСЕ (ПС на ОБСЕ) во состав: д-р Ана Павловска Данева, шеф на делегацијата, г. Владимир Ѓорчев и г. Зиадин Села, членови на делегацијата учествува на 21. Годишна сесија на Парламентарното собрание на ОБСЕ, што се одржува од 4 до 9 јули 2012 година во Монако



Понеделник, 2 јули 2012 година

Македонските искуства како помош во создавањето подобар здравствен систем на Косово

Законот за здравствено осигурување и Законот за здравствена заштита, како закони врз кои се базира здравството во Република Македонија, беа во фокусот на средбата помеѓу Комисијата за здравство на Собранието на Република Македонија и Комисијата за здравство, труд и социјална политика на Собранието на Република Косово



Понеделник, 2 јули 2012 година

Петнаесетта седница на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство

Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство на Собранието на Република Македонија, на 15. Седница, одржана на 27 јуни 2012 година, како матично работно тело во второ читање ги разгледа



Понеделник, 2 јули 2012 година

Пленарна седница на Европарламентот

Европскиот парламент оваа работна седмица одржува пленарна седница во Стразбур, на која вообичаено ќе стане збор за економската криза на Стариот континент, а ќе се дебатира и за повторното воведување гранична контрола во рамките на шенген-зоната



Понеделник, 2 јули 2012 година

Кипар – нов претседавач со ЕУ

Од 1 јули, Република Кипар, преземајќи ја улогата на Кралството Данска, го започна своето шестмесечно претседавање со Европската унија, за кое време ќе се фокусира на оставање подобра Европа на младите генерации

Click