Петок, 31 мај 2013 година
Надзорна расправа на тема „Имплементација на процесот на децентрализација“
Целта на надзорната расправа е потребата да се добијат информации и стручни мислења за одвивањето на досегашниот процес на децентрализација, започнат на 1 јули 2005 година, со воспоставувањето на нормативната и институционална рамка
Прочитај повеќе
Четврток, 30 мај 2013 година
Учество на собраниска делегација на Регионална конференција за Западен Балкан
Делегација на Собранието на Република Македонија, во состав: г-ѓа Владанка Авировиќ, претседател на Комисијата за економски прашања, г. Марјанчо Николов, претседател на Комисијата за финансирање и буџет и г. Хајрула Мисини, претседател на Комисијата за европски прашања, ќе присуствува на Регионална конференција за Западен Балкан на тема „Конкурентска политика“, која ќе се одржи на 1 и 2 јуни 2013 година во Бечиќи, Црна Гора.
Конференцијата е организирана од страна на Вестминстер фондацијата за демократија и парламентарните мрежи за економија и финансирање и буџет на земјите од Западен Балкан.
Учесници на Конференцијата ќе бидат членови на парламенти, владини претставници и експерти од Македонија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Србија и Косово.
Прочитај повеќе
Четврток, 23 мај 2013 година
Учество на пратеникот Александар Николоски на Мониторинг комисија во Талин
На Мониторинг седницата ќе се разгледува нацрт-резолуцијата и нацрт-препораката за постмониторинг дијалогот со Република Македонија за исполнување на обврските преземени при приемот во Советот на Европа
Прочитај повеќе
Среда, 22 мај 2013 година
Единаесетти состанок на Мешовитиот парламентарен комитет РМ-ЕУ
На овој состанок, од Делегацијата на Собранието на Република Македонија во Мешовитиот парламентарен комитет-Република Македонија и Европска унија, ќе учествуваат: г. Кенан Хасипи, претседател на Делегацијата на Собранието на Република Македонија во Парламентарниот комитет за стабилизација и асоцијација (копретседавач на овој Комитет); г-ѓа Ермира Мехмети-Деваја и г. Андреј Петров, потпретседатели на Делегацијата (заменик-копретседавачи на Комитетот); г-ѓа Силвана Бонева и г. Антонио Милошоски, членови на Делегацијата и г. Беким Фазлиу, заменик-член
Прочитај повеќе
Вторник, 21 мај 2013 година
Делегација на Комисијата за европски прашања во билатерална посета на Република Косово
Делегација на Комисијата за европски прашања на Собранието на Република Македонија, во состав: г. Хајрула Мисини, претседател на Комисијата; г. Јани Макрадули, потпретседател на Собранието; г. Миле Пачемски и г. Орхан Ибраими, членови на Комисијата, од 22 до 23 мај 2013 година, ќе оствари билатерална посета на Република Косово
Прочитај повеќе
Среда, 15 мај 2013 година
Учество на собраниска делегација на Пролетната сесија на ПС на НАТО
Делегација на Собранието на Република Македонија во Парламентарното собрание на НАТО, предводена од шефот на делегацијата, г-ѓа Ермира Мехмети, а во чиј состав се г. Павле Трајанов и г. Горан Сугарески, од 16 до 19 мај ќе учествува во работата на Пролетната сесија на ПС на НАТО што се одржува во Луксембург
Прочитај повеќе
Петок, 10 мај 2013 година
Пратеникот Владанка Авировиќ на Конференција во Загреб
Претседателот на Комисијата за економски прашања на Собранието на Република Македонија, г-ѓа Владанка Авировиќ, од 12 до 14 мај 2013 година, во Загреб, Република Хрватска, ќе учествува на Конференција на тема: Енергетика. Развој. Демократија „Успешни пристапи за нова енергетска иднина во Југоисточна Европа“.
Прочитај повеќе
Петок, 10 мај 2013 година
Пратеникот Александар Николоски набљудувач на парламентарните избори во Бугарија
Пратеникот Александар Николоски од име на Групата на европски народни партии е назначен за член на ад хок Комисијата на Парламентарното собрание на Советот на Европа која ќе ги набљудува парламентарните избори во Бугарија на 12 мај 2013 година
Прочитај повеќе
Четврток, 9 мај 2013 година
Пратеникот Шекеринска на Бизнис форум во Истанбул
Претседателот на Националниот совет за евроинтеграции, г-ѓа Радмила Шекеринска, е поканета да учествува на Бизнис форумот на Европската банка за обнова и развој (ЕБРД), кој оваа година се одржува во Истанбул, Република Турција
Прочитај повеќе
Четврток, 2 мај 2013 година
Вистината и почитување на правилата на ПССЕ мора да се на прво место
По повод денешниот објавен текст во одредени медиуми за искажувањата на пратеникот од Швајцарија во ПС на Совет на Европа, г. Андреас Грос, а доколку истите соодвествуваат на навистина кажаното од негова страна, би сакал да ја информирам јавноста за следното: Република Македонија е полноправен член на Советот на Европа
Прочитај повеќе
Четврток, 2 мај 2013 година
Полагање цвеќе на гробот на Гоце Делчев
По повод 110-годишнината од смртта на македонскиот револуционер Гоце Делчев, делегација на Собранието на Република Македонија во состав: г-ѓа Сузана Салиу, потпретседател на Собранието на Република Македонија, г-ѓа Силвана Бонева, г-ѓа Тања Томиќ, на 4 мај (сабота) во 10,00 часот во црквата „Свети Спас“, на гробот на Гоце Делчев, ќе положи венец свежо цвеќе.
Делегацијата во 11,00 часот ќе положи венец свежо цвеќе на споменикот Гоце Делчев на плоштад „Македонија“.
Прочитај повеќе
Четврток, 2 мај 2013 година
Учество на пратеникот, г-ѓа Поповска на подиумска дискусија во Хамбург
Во рамките на настанот, на 3 мај, ќе се одржи подиумска дискусија на тема Европа: Солидарност во кризата; Преглед на економската и финансиска криза, на која како претседател на ДОМ и член на Комисијата за надворешна политика на Собранието на Република Македонија, ќе земе учество пратеникот, г-ѓа Лилјана Поповска
Прочитај повеќе