Вторник, 26 мај 2009 година

Седум политички групи во Европарламентот

Во пресрет на европските избори, пратениците во Европскиот парламент се поделија во седум групи, не по национална, туку по политичка припадност. Групите се состојат од членови од различни земји-членки, кои делат исти идеолошки принципи и политички позиции.



Вторник, 12 мај 2009 година

Започна кампањата за европските избори

На речиси еден месец пред европските избори 2009-2014 година, со мотото „Вие решавате какви ќе бидат утрешните вести!“, започна кампањата на Европскиот Парламент. Годинешните избори за Европарламентот се закажани за 7 јуни, кога 375 милиони граѓани на Стариот континент ќе можат да го остварат своето право да ги изберат идните 736 европратеници.



Четврток, 7 мај 2009 година, Стразбур

Последен говор на актуелниот претседател на Европарламентот

На третиот ден од Пленарната седница на Европскиот парламент, претседателот Ханс-Герт Петеринг го одржа својот последен говор во својот 2,5-годишен мандат. Тој како свои успеси ги истакна проширувањето на исток, придонесот во законодавната дејност, како борбата со глобалното затоплување и работата по Лисабонскиот договор, како и засилувањето на позициите на Европарламентот. Во исто време, тој го поддржа мировниот процес на Блискиот Исток и меѓукултурниот дијалог.



Вторник, 5 мај 2009 година

60-годишнина на Советот на Европа

По повод 60 години од формирањето на Советот на Европа, генералниот секретар на ПССЕ Тери Дејвис, претседателот Луј Марија де Пуч и претседавачот на Комитетот на министри Мигуел Анхел Моратинос дадоа заедничка изјава во која велат дека Советот на Европа помогнал во помирувањето на континентот по декади на идеолошки поделби.



Вторник, 5 мај 2009 година, Стразбур

Европарламентот за заштита на животните

Пленарната сесија на Европскиот парламент во Стразбур, која ќе трае од 4 до 7 мај, започна со излагањето на претседателот на Парламентот Ханс-Герт Петеринг, кој го одбележа навршувањето на петте години од најголемото проширување на 1 мај 2004 година, кога кон Обединета Европа се присоединија десет нови држави од Централна и Источна Европа и Средоземјето. Европратениците го разгледаа Предлогот за заштита на животните и хуманиот однос кон нив. Она за што се залагаат е од етични причини искористувањето на животните за научни експерименти да биде ограничено, сите можни страдања да бидат отстранети или намалени до минимум, а искористувањето на загрозените видови да биде забрането.



Понеделник, 4 мај 2009 година, Стразбур

Пленарна седница на Европскиот парламент

Од 4 до 7 мај во Стразбур ќе се одржи Пленарна седница на Европскиот парламент, на која европратениците, меѓу другото, ќе дебатираат и за Предлогот за продолжување на породилното отсуство на мајките од 20 седмици, но и за воведување отсуство од две седмици за татковците. Европратениците бараат минимум 20 седмици отсуство за мајките по раѓањето, од кои во првите шест тие ќе добиваат 100% од платата, а минимум 85% во останатиот дел од отсуството.

Click