Четврток, 29 март 2012 година, Вашингтон

Делегацијата на собраниската Комисија за надворешна политика оствари средба со американски конгресмени

Делегацијата на собраниската Комисија за надворешна политика, во чиј состав се пратениците Антонио Милошоски, Игор Ивановски, Дешира Имери и Павле Саздов, која деновиве е во посета на Вашингтон, во текот на вчерашниот ден оствари средби со конгресмените Бил Паскрел, Алсе Хастингс, Дејвид Дреер и Кендис Милер



Среда, 28 март 2012 година

Средба на претседателот Вељаноски со делегација на Хрватскиот сабор, предводена од претседателот Борис Шпрем

Помеѓу Република Македонија и Република Хрватска нема отворени прашања, а билатералните односи на сите полиња во изминативе дваесет години се во постојан подем - ова е заедничка оценка на претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски и претседателот на Хрватскиот сабор, г. Борис Шпрем, по денешните разговори помеѓу двете парламентарни делегации



Среда, 28 март 2012 година

Хрватска со континуирана поддршка на Македонија

Претседателот на Пратеничката група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Република Хрватска, г. Фијат Цаноски, денеска оствари средба со г. Борис Шпрем, претседател на Хрватскиот сабор.



Среда, 28 март 2012 година

Пленарна седница на Европарламентот

Европскиот парламент, денеска и утре, во Брисел, ќе одржи пленарна седница, на која, меѓу останатото ќе стане збор за напредокот на Србија, Црна Гора и Косово на патот кон Европската унија.



Среда, 28 март 2012 година

Дваесет и четврта седница на Комисијата за финансирање и буџет

Комисијата за финансирање и буџет на Собранието на Република Македонија на Дваесет и четвртата седница, одржана на 26 март 2012 година, како матично работно тело ги разгледа



Вторник, 27 март 2012 година, Вашингтон

Пратеникот Антонио Милошоски оствари средба со заменикот помошен државен секретар, г. Филип Рикер

Главна тема на средбата беше НАТО интеграцијата на Република Македонија, пред и по Самитот во Чикаго



Петок, 23 март 2012 година

Во демократијата има место за сите

Европа е мала, но има голема историја, каде се преплетуваат јазици и истории, а во демократијата има место за сите, истакна г. Рикардо Миљори, потпретседател на Парламентарното собрание на ОБСЕ и шеф на Италијанската делегација во ПС на ОБСЕ, за време на средбата со Делегацијата на Собранието на Република Македонија во ПС на ОБСЕ



Четврток, 22 март 2012 година

Дваесет и прва седница на Комисијата за транспорт, врски и екологија

Комисијата за транспорт, врски и екологија на Собранието на Република Македонија, на вчерашната Дваесет и прва седница, како матично работно тело, го разгледа Предлогот на законот за изменување и дополнување на Законот за водите, по скратена постапка



Вторник, 20 март 2012 година

Средба на претседателот Трајко Вељаноски со амбасадорот на Државата кувајт, Н.Е Абдула ал-Дувајх

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски, вчера оствари протоколарна средба со нерезидентниот амбасадор од Анкара во Република Македонија на Државата Кувајт,Н.Е Абдула Ал-Дувајх



Понеделник, 19 март 2012 година

Проштална посета на амбасадорот на Португалската Република во Република Македонија, г. Луис де Алмеида Сампајо

Потпретседеталот на Собранието на Република Македонија, г. Јани Макрадули, денеска го прими во проштална посета амбасадорот на Португалската Република во Република Македонија, со седиште во Белград, г. Луис де Алмеида Сампајо



Понеделник, 19 март 2012 година

Дваесет и трета седница на Комисијата за финансирање и буџет

Комисијата за финансирање и буџет на Собранието на Република Македонија, на Дваесет и третата седница, одржана на 14 март 2012 година, како матично работно тело ги разгледа



Петок, 16 март 2012 година

Средба на претседателот Вељаноски со претседателот на Црна Гора, г. Филип Вујановиќ

 Претседателот на Црна Гора, г. Филип Вујановиќ уште еднаш изрази задоволство и благодарност за помошта што Македонија ја дава на Црна Гора во процесите на евроатлантските интеграции. На сите ни е јасно дека Македонија одамна ги исполни сите услови за членство во НАТО, а јас лично се надевам дека пресудата во Хаг ќе ја почитуваат сите меѓународни субјекти и организации



Петок, 16 март 2012 година

Средба на претседателот Вељаноски со заменик- претседателот на Владата и министер за надворешни работи на Република Албанија, г. Едмонд Хаџинасто

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски на средбата го увери г. Едмонд Хаџинасто дека Република Македонија сака и гради пријателски однос со сите соседи и дека ѝ придава голема важност на регионалната соработка и давајќи притоа целосна поддршка на Република Албанија за афирмирање во регионалните иницијативи



Петок, 16 март 2012 година

Десетта седница на Комисијата за економски прашања

Комисијата за економски прашања на Собранието на Република Македонија, на Десеттата седница, одржана на 15 март 2012 година, како матично работно тело, во прво читање, ги разгледа



Петок, 16 март 2012 година

Отворен пристапниот дијалог на високо ниво меѓу Македонија и ЕУ

Вчера беше отворен пристапниот дијалог на високо ниво меѓу Република Македонија и Европската унија, кој беше оценет како нова фаза во евроинтегративниот пат на нашата земја, мост кој води кон пристапни преговори со ЕУ.



Четврток, 15 март 2012 година

Деветта седница на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство

Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство на Собранието на Република Македонија, на денешната 9. седница, како матично работно тело во прво читање го разгледа Предлогот на законот за изменување и дополнување на Законот за квалитетот на земјоделските производи.



Четврток, 15 март 2012 година

Деветнаесетта седница на Комисијата за транспорт, врски и екологија

Комисијата за транспорт, врски и екологија на Собранието на Република Македонија, на Деветнаесеттата седница, одржана на 12 март 2012 година, ги разгледа



Четврток, 15 март 2012 година

Четиринаесетта седница на Комисијата за труд и социјална политика

Комисијата за труд и социјална политика на Собранието на Република Македонија, како матично работно тело, на Четиринаесеттата седница, одржана на 12 март 2012 година, ги разгледа



Четврток, 15 март 2012 година

Дванаесетта седница на Комисијата за здравство

Комисијата за здравство на Собранието на Република Македонија, на 12. Седница, одржана на 29 февруари, 2, 6 и 12 март 2012 година, како матично работно тело го разгледа Предлог-законот за здравствената заштита во второто читање



Среда, 14 март 2012 година

Европратениците ја усвоија Резолуцијата за Македонија

Со мнозинство гласови, Европскиот парламент ја усвои Резолуцијата за напредокот на Република Македонија за членство во Европската унија, во рамките на пленарната седница во Стразбур. 582 европратеници гласаа „за“ Резолуцијата, 70 се изјаснија „против“, додека 34 беа воздржани.

Европратениците го повторија повикот до Европскиот совет во најкраток рок да утврди датум за почеток на преговори. Се поттенцира и важноста да се поддржат напорите во процесот на европската интеграција на нашата земја.

Беа прифатени трите амандамани на известувачот Ричард Ховит, со кои се додава нов параграф во Резолуцијата, при што се нагласува дека „отворањето на дијалогот на високо ниво меѓу Комисијата и Македонија на 15 март 2012 година, претставува чекор напред во процесот на членството на земјата во Унијата“.

 

Среда, 14 март 2012 година

Заедничка седница на Комисијата за европски прашања и Националниот совет за евроинтеграции

Комисијата за европски прашања на Собранието на Република Македонија и Националниот совет за евроинтеграции, денеска одржаа заедничка седница со единствена точка на дневниот ред, посветена на Информацијата за реализираните активности од Националната програма за усвојување на правото на Европската унија - ревизија 2011 година, за периодот 1.10.2011 - 31.12.2011 година

Вторник, 13 март 2012 година

ЈАВНА РАСПРАВА ПО РАБОТНАТА ВЕРЗИЈА НА ПРЕДЛОГ-ЗАКОНОТ ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА

Националниот совет за евроинтеграции денеска одржа јавна расправа по работната верзија на Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за животна средина. Овој закон е еден од 10-те закони од Анексот 2 усвоен од Националниот совет за евроинтеграции и составен дел на Мислењето за усвојување на правото на Европската унија во текот на 2012 година, кое Советот со консензус го усвои на седницата одржана на 8 февруари годинава.



Понеделник, 12 март 2012 година

пратеникот Антонио Милошоски на Конференција во Копенхаген

Претседателот на Комисијата за надворешна политика на Собранието на Република Македонија, г. Антонио Милошоски, вчера и денеска учествува на Конференцијата на претседатели на комисии за надворешни работи на европските земји, која се одржува во Копенхаген, Данска



Понеделник, 12 март 2012 година

Македонија на дневен ред во Европарламентот

Европскиот парламент од 12 до 15 март ќе одржи пленарна седница во Стразбур, на која, меѓу другото, в среда, ќе се дебатира и гласа за напредокот на Република Македонија за членство во Европската унија



Понеделник, 12 март 2012 година

Петта седница на Комитетот за односи меѓу заедниците

Комитетот за односи меѓу заедниците, на седницата одржана на 9 март 2012 година, тргнувајќи од неговите надлежности утврдени со Уставот на Република Македонија и Законот за Комитетот за односи меѓу заедниците, расправаше за „Последните случувања и нивното влијание врз меѓуетничките односи и стабилноста на земјата".



Четврток, 8 март 2012 година

СРЕДБА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ВЕЉАНОСКИ СО ГРУПАТА ЗА ПРИЈАТЕЛСТВО СО МАКЕДОНИЈА ОД ПАРЛАМЕНТОТ НА ШВЕДСКА

Присутните се согласија дека Република Македонија ги има спроведено реформите и директивите на ЕУ, и покрај тоа што не е членка на Европската унија, зашто истите не се само услов за членство во Унијата, туку се придобивка и за граѓаните и за државата



Четврток, 8 март 2012 година

Шведска со традиционално позитивен однос за проширувањето на ЕУ

Пратеничката група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Кралството Шведска и Комисијата за европски прашањa, остварија средба со Делегација на Пратеничката група на Парламентот на Кралството Шведска за шведско-македонско пријателство, предводена од г. Оскар Охолм, пратеник и шеф на Делегацијата



Среда, 7 март 2012 година

Средба на претседателот Вељаноски со новиот шеф на Делегацијата на ЕУ во Република Македонија, г. Аиво Орав

Посакувајќи му добредојде на новиот амбасадор на Европската унија во Република Македонија, г. Аиво Орав, претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски, ја потенцираше личната подготвеност и подготвеноста на пратениците на Собранието на Република Македонија да дадат поддршка на секоја иницијатива во насока на ефикасна и плодна соработка.

Среда, 7 март 2012 година

ИЗЛЕЗЕ ДЕВЕТНАЕСЕТТОТО ИЗДАНИЕ НА БИЛТЕНОТ НА МЕШОВИТИОТ ПАРЛАМЕНТАРЕН КОМИТЕТ РМ-ЕУ

Денеска излезе новото, 19. издание на Билтенот на Мешовитиот парламентарен комитет РМ-ЕУ. Во актуелниот број, претставена е посетата на тројцата eвропарламентарци од Групата „Пријатели на Македонија”, г. Ричард Хауит, г. Едуард Кукан и г. Алојз Петерле и средбата со претседателот Трајко Вељаноски и со пратениците од Комисијата за надворешна политика, Комисијата за европски прашања, Мешовитиот парламентарен комитет – РМ и ЕУ и Националниот совет за евроинтеграции во Собранието на Република Македонија.



Вторник, 6 март 2012 година

Деветта седница на Комисијата за економски прашања

Комисијата за економски прашања на Собранието на Република Македонија, на Деветтата седница, одржана на 1 март 2012 година, како матично работно тело го разгледа Предлогот на закон за изменување на Законот за трговските друштва (прво читање), поднесен од пратеничките групи на СДСМ, НСДП и ЛП и ПЕИ и СЛ



Вторник, 6 март 2012 година

Дванаесетта седница на Комисијата за надворешна политика

Комисијата за надворешна политика на Собранието на Република Македонија, на Дванаесеттата седница, одржана на 28 февруари 2012 година, ги разгледа:



Понеделник, 5 март 2012 година

Пратениците Љубисав Иванов-Ѕинго и Марјанчо Николов на Конференција во Белград

Претседателот на Комисијата за економски прашања на Собранието на Република Македонија, г. Љубисав Иванов-Ѕинго и претседателот на Комисијата за финансирање и буџет, г. Марјанчо Николов, на 3 март 2012 година, учествуваа на Конференција во Белград, на тема: „Улогата на парламентите во процесот на одредување на приоритети: Kратење на јавните расходи или стимулирање на економијата", во организација на Народното собрание на Република Србија, Институтот за економски науки од Белград и Фондацијата „Фридрих Еберт"



Понеделник, 5 март 2012 година

Дваесет и втора седница на Комисијата за финансирање и буџет

Комисијата за финансирање и буџет на Собранието на Република Македонија, на Дваесет и втората седница, одржана на 29 февруари 2012 година, како матично работно тело, во прво читање, ги разгледа



Петок, 2 март 2012 година, Рокдеил

Претседателот Вељаноски оствари средба со градоначалникот на Рокдеил, г. Бил Сарвиновски

Претседателот Вељаноски истакна дека е горд што е претставник на Република Македонија во Австралија, зашто Македонија е татковина на заедницата која е лојална на Австралија и преку своето делување значително придонела и придонесува за целокупниот развој на Австралија. Тој истакна дека Македонската заедница, која зборува со единствен глас, може да ги исполни сите зацртани цели



Петок, 2 март 2012 година, Нов Јужен Велс

Средба на претседателот Вељаноски со претседателот на Парламентот и гувернерот на Нов Јужен Велс

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски и Делегацијата од Собранието на Република Македонија, составена од пратениците: г. Илија Димовски, г-ѓа Цветанка Иванова, г. Џеват Адеми и г. Милорад Додевски, денеска остварија средба со претседателот и потпретседателите на Парламентот на Нов Јужен Велс, г. Џон Хог, г. Вард и г-ѓа Мекларен Џонс, пратеникот Моселман и гувернерот на Нов Јужен Велс, г-ѓа Мери Бешир



Четврток, 1 март 2012 година, Канбера, Австралија

Претседателот Вељаноски оствари средби со Комисијата за надворешни работи и трговија на Парламентот на Австралија, заменик-лидерот на опозицијата, г-ѓа Џули Бишоп, и со пратеникот и поранешен спикер на австралискиот парламент, г. Хери Џенкинс

Соговорниците ја поздравија одлуката на австралиското МНР за исфрлување на терминот Славомакедонци наметнат со Директивата од 1994 и воведување на терминот Македонци во сите официјални документи. На крајот на средбата претседателот Вељаноски ја покани г-ѓа Бишоп да ја посети Република Македонија, за да ја запознае земјата од која доаѓа Македонската заедница во нејзината изборна единица

Click