Четврток, 7 април 2011 година

ИЗЛЕЗЕ ЧЕТИРИНАЕСЕТТОТО ИЗДАНИЕ НА БИЛТЕНОТ НА МЕШОВИТИОТ ПАРЛАМЕНТАРЕН КОМИТЕТ РМ-ЕУ

Денеска излезе новото издание на Билтенот на Мешовитиот парламентарен комитет РМ-ЕУ. Актуелниот број ја пренесува промоцијата на публикацијата „Да ја запознаеме Европа“ од страна на заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања, г. Васко Наумовски, амбасадорот на ЕУ, г. Питер Соренсен и копретседавачот на Мешовитиот парламентарен комитет РМ-ЕУ, г. Александар Спасеновски, пред учениците од ОУ „Кирил и Методиј“ во Скопје, со цел поблиско запознавање на младите генерации со европските вредности



Понеделник, 21 март 2011 година

Средба на г. Александар Спасеновски со европратеникот г-ѓа Сандра Калниете

Копретседавачот на Мешовитиот парламентарен комитет - Република Македонија и Европската унија (МПК РМ-ЕУ), г. Александар Спасеновски, истакна дека Република Македонија и Република Летонија споделуваат многу сличности, поради фактот што и двете сега се демократски држави со претходно социјалистичко уредување, како и со јасно изразена европска перспектива која ја посакуваат нивните граѓани. 



Понеделник, 14 март 2011 година

Средба на г. Александар Спасеновски со новоименуваниот шеф на Делегацијата на ЕУ, Н.Е. Питер Соренсен

Спасеновски му посака добредојде на Амбасадорот Соренсен и ја поздрави досегашната добра соработка со неговиот претходник во евроинтегративниот процес и активностите на Собранието на Република Македонија. Во однос на аспирациите за членство во ЕУ, Спасеновски нагласи дека во Собранието на Република Македонија, како и во целата држава, постои широк консензус меѓу сите политички партии за остварување на европските цели и споделена одговорност меѓу политичките чинители во Собранието кои раководат со носечките тела за евроинтеграции кои доаѓаат од редовите на позицијата, опозицијата, како и од етничките заедници во државата



Петок, 4 март 2011 година

ИЗЛЕЗЕ ТРИНАЕСЕТТИОТ БРОЈ НА БИЛТЕНОТ НА МЕШОВИТИОТ ПАРЛАМЕНТАРЕН КОМИТЕТ РМ-ЕУ

На почетокот на овој месец, излезе новото издание на Билтенот на Мешовитиот парламентарен комитет РМ-ЕУ. Во тековниот број, презентирани се заклучоците од седницата на Комитетот за комитетот за односи меѓу заедниците, со кои се осудува инцидентот на Кале и се апелира на одговорност, разум и мегуетничко почитување во Република Македонија.



Петок, 4 февруари 2011 година

ИЗЛЕЗЕ ДВАНАЕСЕТтИОТ БРОЈ НА БИЛТЕНОТ НА МЕШОВИТИОТ ПАРЛАМЕНТАРЕН КОМИТЕТ РМ-ЕУ

Во тековниот број на Билтенот содржани се информации за одбележувањето на 20-годишнината од конституирањето на првиот состав на Собранието на Република Македонија, за зедничкиот состанок на МПК, како и повеќе собраниски тела на кои беа претставени приоритетите на Унгарското претседателство со ЕУ, за посетата на израелски преставници во рамките на активностите на државно и парламентарно ниво за одбележување на Меѓународниот ден на Холокаусот и средбата што тие ја остварија во македонскиот законодавен дом, како и повеќе други теми, кои поблизу го определуваат текот на процесот на европските интеграции на Република Македонија.



Среда, 12 јануари 2011 година

ПРЕТСТАВЕНИ ПРИОРИТЕТИТЕ НА УНГАРСКОТО ПРЕТСЕДАТЕЛСТВО СО СОВЕТОТ НА ЕУ

На заедничка средба на релевантните тела задолжени за евроинтеграции во Собранието на Република Македонија на 11 јануари беше претставена Програмата и приоритетите за работата на Претседателството на Република Унгарија со Советот на Европската унија. Во име на Европската унија, се обрати Амбасадорот Ерван Фуере, истакнувајќи дека 2011-та е година за Македонија е година на јубилеи, кога се одбележува 20-годишнината од нејзиното осамостојување и 10 - годишнината од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, кој промовира дух на единство и помирување и е столб за унапредување на меѓуетничките односи во земјата. Неговата целосна имплементација налага посветеност од владата и секој член во општеството. Одржувањето на пописот оваа година е клучен тест за меѓуетничките односи во Македонија и за довербата во институциите и од владата е потребно да создаде најповолна клима за неговото спроведување.

Архива
Click