Четврток, 24 октомври 2013 година

Ден на Обединетите нации

Денеска, 24 октомври, Организацијата на Обединетите нации празнува годишнина од ратификувањето на Повелбата на ОН во 1945 година. ОН се основани по Втората светска војна како замена на Лигата на народите, со иницијатива да се сопрат војните меѓу државите и да обезбеди платформа за дијалог.



Четврток, 24 октомври 2013 година

Европски самит

Денеска и утре Европскиот совет ќе одржи Самит во Брисел, во чиј фокус ќе биде економската и социјалната политика, вклучувајќи ја и невработеноста кај младите, како клучна цел во стратегијата на Европската унија



Среда, 16 октомври 2013 година

Петта препорака за старт на преговори за членство на Македонија во ЕУ

Во Извештајот за напредокот на Република Македонија кој го презентираше еврокомесарот за проширување на Европската унија, г. Штефан Филе, по петти пат Европската комисија препорача отворање на пристапните преговори за членство во Европската унија.



Среда, 16 октомври 2013 година

Македонија во очекување на извештајот за напредокот

Денеска попладне, еврокомесарот за проширување на Европската унија, г. Штефан Филе, ќе го објави годишниот извештај за напредокот на Република Македонија. Нашата земја по петти пат очекува позитивен извештај и препорака за почеток на преговори за членство во ЕУ.



Четврток, 10 октомври 2013 година

Европски ден против смртната казна

Генералниот секретар на Советот на Европа, г. Торбјорн Јагланд и високиот комесар за надворешни работи и безбедносна политика на Европската унија, г-ѓа Кетрин Ештон, издадоа заедничка декларација за одбележување на 7. Европски ден против смртната казна - 10 октомври



Среда, 9 октомври 2013 година

Европскиот парламент усвои пакет мерки за цигарите

Цигарите со вкус на овошје и ментол, како и пакувањата со помалку од 20 цигари, во иднина ќе бидат забранети. Овој Предлог-закон, кој има за цел да ги направи цигарите помалку атрактивни за младите луѓе, беше усвоен од страна на Европскиот парламент



Понеделник, 7 октомври 2013 година

Пленарна седница на Европарламентот

Европскиот парламент, од 7 до 10 октомври во Стразбур, одржува пленарна седница, на која, меѓу другото, ќе стане збор за тутунската индустрија, со цел цигарите да станат помалку атрактивни кај младите луѓе



Среда, 2 октомври 2013 година

Меѓународен ден на ненасилството

Денеска се одбележува Меѓународниот ден на ненасилството, денот на раѓањето на Махатма Ганди, пионер на филозофијата и стратегијата на ненасилството, лидер на индиското движење за независност, најпознатиот миротворец во светот.

Click