Состанок на Комисија за миграции, бегалци и население на парламентарното собрание на Советот на Европа
20-21 септември 2010 година

Понеделник, 20 септември 2010
Поздравно обраќање на претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски, на Седницата на Комисијата за миграции, бегалци и население на ПС на СЕ

Собранието на Република Македонија ѝ посветува особено значење на можноста за прв пат да претседава со најстарата паневропска организација и да даде свој придонес во остварувањето на заедничките европски цели и вредности. Од добивањето на статусот полноправна членка во 1995 година, Република Македонија активно учествува во работењето на сите институции кои се во рамките на Советот на Европа, но истовремено и одговорно ги остварува своите обврски кои потекнуваат од самото членство.
Прочитај повеќе
Понеделник, 20 септември 2010 година
Поздравно обраќање на шефот на Делегацијата на Собранието на Република Македонија во Парламентарното Собрание на Советот на Европа г. Александар НиколOски

Со особено задоволство во име на Делегацијата на Собранието на РМ и од мое лично го поздравувам вашето учество на денешната и утрешната сесија на Комисијата на ПС на СЕ за миграција, бегалци и население. Таа се одржува среде интензивни активности во рамките на Македонското претседателство со СЕ - минатата недела туку што завршија Конференцијата посветена на религиозната димензија на мултикултурниот дијалог и улогата на медиумите и беше одржан младинскиот собир означен како Охридски процес, а ни претстои и министерска конференција посветена на унапредувањето на општествените вредности и културното наследство во Европа.
Прочитај повеќе
Вторник 21 септември 2010
Излагање на Андреј Жерновски, член на Комисијата на Парламентарното собрание на Советот на Европа за миграција, бегалци и население

Целта на ова сослушување е да ги информира членовите на Комисијата за организирањето на криумчарење и нелегална трговија со луѓе за трудова експлоатација. Многу значајно за членовите ќе биде да дознаат за маршрутите на криумчарите, за нивните мрежи, за парите кои се вртат во активностите на криумчарење и нелегална трговија со луѓе за трудова експлоатација, кои се жртвите, видот на присилна работа со која тие се соочуваат, институционалните мерки и можните решенија итн.
Прочитај повеќе
Понеделник 20 и вторник 21 септември 2010
Забелешки на претседателот на Комисијата на Парламентарното собрание на Советот на Европа за миграција, бегалци и население, г. Џон Гринвеј

Пред се сакам да изразам благодарност до македонската парламентарна делегација за поканата нашиот состанок да го одржиме во Националното собрание, особено за време на значајниот период во кој вашата земја претседава со Советот на министри. За многумина од нас кои учествуваа на состанокот на Постојаниот комитет во мај беа импресионирани од одличната организација и гостопримството на македонските власти. Затоа јас лично сум задоволен што овие два дена ќе ги поминеме овде. Имам особено големи очекувања од двете сослушувања кои се однесуваат на многу значајни прашања за нашата Комисија како и за регионот.
Прочитај повеќе
Понеделник, 20 септември 2010 година, 09,30 часот, Кристална сала
состанок на Комисија за миграции, бегалци и население на парламентарното собрание на Советот на Европа (ПС на СЕ)
Прочитај повеќе

Среда, 22 септември 2010
Соопштение на Комисијата
На состанокот на Комисијата за миграција, бегалци и население на Парламентарното собрание на Советот на Европа, одржан во Скопје, Република Македонија, Комисијата ги повика владите на европските земји да ги напуштат плановите за враќање на Ромите на Косово додека тоа не биде сигурно и одржливо.
Прочитај повеќе

Воведно обраќање на претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски, на Меѓудржавна консултативна средба за улогата на парламентите во промоцијата и мониторингот на детските права, 20 септември 2010 година
Прочитај повеќе
Поздравно обраќање на претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски, на Седницата на Комисијата за миграции, бегалци и население на ПС на СЕ, 20 септември 2010
Прочитај повеќе
ТРАЈКО ВЕЉАНОСКИ

ПРЕТСЕДАТЕЛ НА СОБРАНИЕТО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
Прочитај повеќе
АЛЕКСАНДАР НИКОЛОСКИ

ШЕФ НА ДЕЛЕГАЦИЈАТА НА СОБРАНИЕТО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ВО ПАРЛАМЕНТАРНОТО СОБРАНИЕ НА СОВЕТОТ НА ЕВРОПА
Прочитај повеќе
ЏОН ГРИНВЕЈ

ПРЕТСЕДАВАЧ НА КОМИСИЈАТА ЗА МИГРАЦИИ, БЕГАЛЦИ И НАСЕЛЕНИЕ
Прочитај повеќе