Учество на Парламентарното собрание, 22.4.2013...



Понеделник, 22 април 2013 година

Учество на Парламентарното собрание на Советот на Европа

Редовната пролетна сесија на Парламентарното собрание на Советот на Европа ќе се одржи од 22 до 26 април 2013 година во Стразбур, Франција. На сесијата ќе учествува делегација на Собранието на Република Македонија во состав Александар Николоски, шеф на делегацијата, Ермира Мехмети Деваја и Имер Алиу, членови.

Прочитај повеќе

Студиска посета на Комитетот за односи меѓу заедниците 22....



Понеделник, 22 април 2013 година

Студиска посета на Комитетот за односи меѓу заедниците

Како дел од тековната соработка со УНДП, Делегација на Комитетот за односи меѓу заедниците, во состав: г. Ѓорѓи Коџабашиев, г. Оливер Спасовски, г. Џеват Адеми и г. Кенан Хасипи, во периодот од 22 до 25 април 2013 година, ќе оствари студиска посета на Парламентите на Будимпешта, Унгарија и на Братислава, Словачка Република

Прочитај повеќе

Собраниска делегација на парламентарен семинар во Брисел 10...



Среда, 10 април 2013 година

собраниска делегација на парламентарен семинар во Брисел

Делегација на Собранието на Република Македонија, во состав: г-ѓа Владанка Авировиќ, претседател на Комисијата за економски прашања и г. Хајрула Мисини, претседател на Комисијата за европски прашања, ќе присуствува на парламентарен семинар, кој ќе се одржи на 12 април во Брисел, Кралството Белгија

Прочитај повеќе

Учество на Седмата конференција на КОСАП, 21.3.2013...



Четврток, 21 март 2013 година

Учество на Седмата конференција на КОСАП

Претседателот на Комисијата за европски прашања на Собранието на Република Македонија, г. Хајрула Мисини од 21 (денеска) до 23 март 2013 година, ќе учествува на Седмата конференција на парламентарните комисии за европски прашања на земјите кои учествуваат во Процесот за стабилизација и асоцијација на Југо-источна Европа (КОСАП), која се одржува во Сараево, Босна и Херцеговина

Прочитај повеќе

Положување свежо цвеќе, 11.3.2013...



Понеделник, 11 март 2013 година

Положување свежо цвеќе

По повод 70 години од депортацијата на 7144 македонски Евреи во логорот на смртта - Треблинка, делегација на Собранието на Република Македонија во состав г. Павле Трајанов, г-ѓа Благородна Дулиќ, г. Андреј Петров и г. Хајрула Мисини, ќе положи венци свежо цвеќе

Прочитај повеќе

Положување свежо цвеќе 25,2,13...

Понеделник, 25 февруари 2013 година

Положување свежо цвеќе

Делегација на Собранието на Република Македонија, на 26 февруари 2013 година, во 11 часот, ќе положи венец свежо цвеќе на гробот на претседателот Борис Трајковски, на Алејата на великаните, гробишта Бутел.

Собраниската делегација ќе биде предводена од потпретседателот, г-ѓа Светлана Јакимовска, а во состав: г-ѓа Сузана Салиу, г-ѓа Силвана Бонева и г-ѓа Владанка Авировиќ.
Прочитај повеќе

Учество на Зимската сесија на Парламентарното собрание на О...



Четврток, 21 февруари 2013 година

Учество на Зимската сесија на Парламентарното собрание на ОБСЕ

Пратениците г. Владимир Ѓорчев, член на Делегацијата на Собранието на Република Македонија во Парламентарното собрание на ОБСЕ (ПС на ОБСЕ) и г. Џеват Адеми, заменик-член на Делегацијата, учествуваат на Зимската сесија на ПС на ОБСЕ, што се оддржува на 21 и 22 февруари 2013 година во Виена, Австрија.

Прочитај повеќе

ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМИСИЈАТА ЗА ЕКОНОМСКИ ПРАШАЊА ВО БРИСЕЛ 18....



Понеделник, 18 февруари 2013 година

ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМИСИЈАТА ЗА ЕКОНОМСКИ ПРАШАЊА ВО БРИСЕЛ

Делегација на Комисијата за економски прашања на Собранието на Република Македонија, предводена од претседателот на Комисијата, г-ѓа Владанка Авировиќ, а во состав г. Малиша Станковиќ, заменик на претседателот на Комисијата за економски прашања; г. Реџаил Исмаили и г. Драган Цуклев, на 21 и 22 февруари 2013 година ќе престојува во Брисел, Кралството Белгија

Прочитај повеќе

Владанка Авировиќ во Белград, 5.2.2013...



Вторник, 5 февруари 2013 година

Учество на промоција на регионалнаТА студија Економски и европски перспективи на земјите од Западен Балкан

Во рамките на проектот на Вестминстер фондацијата за демократија „Улогата на парламентите и владите во промовирање на конкурентноста и економскиот раст во земјите од Западен Балкан, претседателот на Комисијата за економски прашања на Собранието на Република Македонија, г-ѓа Владанка Авировиќ, ќе учествува на промоцијата на регионалната студија: Eкономски и европски перспективи на земјите од Западен Балкан, што ќе се одржи денеска во Белград, Република Србија

Прочитај повеќе

Положување свежо цвеќе, 4.2.2013...

Понеделник, 4 февруари 2013 година
 
Положување свежо цвеќе 
 
По повод 141 година од раѓањето на македонскиот револуционер Гоце Делчев, делегација на Собранието на Република Македонија, предводена од потпретседателот, г-ѓа Светлана Јакимовска, а во состав на г. Антонио Милошоски  и г-ѓа Владанка Авировиќ, ќе положи венци свежо цвеќе во:

-  11,00 часот на гробот на Гоце Делчев, црква „Свети Спас";

-  12,00 часот на споменикот на Гоце Делчев, плоштад „Македонија".
Прочитај повеќе

Хајрула Мисини на Конференција на КОСАК, 25.1.2013...

Петок, 25 јануари 2013 година 

Пратеникот Хајрула Мисини на Конференција на КОСАК
 
Во рамките на ирското претседателство со Советот на Европската унија, претседателот на Комисијата за европски прашања, г. Хајрула Мисини, на 27 и 28 јануари, ќе присуствува на Конференцијата на претседатели на Комисиите за европски прашања на земјите-членки и земји-кандидатки на Унијата (КОСАК) во Даблин, Ирска.

На конференцијата ќе бидат презентирани програмата и приоритетите на ирското претседателство, а ќе се разговара и за идните предизвици поврзани со финансиската криза во ЕУ.
Прочитај повеќе

Собраниска делегација на ПССЕ, 22.1.2013...



Вторник, 22 јануари 2013 година

Собраниска делегација на редовна зимска сесија на Парламентарното собрание на Советот на Европа
 
Од 21 до 25 јануари 2013 година во Стразбур,  Франција, се одржува редовната зимска сесија на Парламентарното собрание на Советот на Европа, на која учествува Делегација на Собранието на Република Македонија.

Теми за кои ќе се расправа на оваа сесија ќе бидат состојбата во Косово, слободата на медиумите во Европа, ефикасноста на Судот за човекови права, претстојната Конвенција на Советот на Европа за спречување на недозволената трговија со човечки органи, пост-мониторинг дијалогот со Бугарија, како и хуманитарната состојба во конфликтните зони и областите зафатени од војната меѓу Грузија и Русија

Парламентарното собрание на Советот на Европа ќе дебатира и по две ургентни точки и тоа за последните случувања во Мали и Алжир и заканите по безбедноста и човековите права во медитеранскиот регион, како и за миграциите и азилот и растечките тензии во Источниот Медитеран. 

Свое обраќање на сесијата ќе имаат претседателот на Грузија, г. Михаил Саакашвили, комесарот за проширување и политика на соседство на Европската комисија г. Штефан Филе, министерот за правда на Италија г-ѓа Паола Северино, а министерот за надворешни работи на Андора г. Гилберт Сабоја ќе настапи во својство на претседавач со Комитетот на министрите.

Вообичаено на зимската сесија пред пратениците на Парламентарното собрание ќе се обрати и генералниот секретар на Советот на Европа, г. Торнбјорн Јагланд.

Прочитај повеќе

МПК во посета на Турција 17,1,13...



Четврток, 17 јануари 2013 година

Мешовитиот парламентарен комитет во посета на Големото народно собрание на Република Турција

Во рамките на билатералната соработка меѓу парламентите на Република Македонија и Република Турција, на иницијатива на копретседавачот на Мешовитиот парламентарен комитет - Република Македонија и Европската унија, Делегација од овој Комитет, денеска ќе оствари официјална посета на Големото народно собрание на Република Турција.

Прочитај повеќе
1...345      
Click