Јавна расправа, 4.6.2013...

Понеделник, 3 јуни 2013 година
 
Јавна расправа по Предлогот на законот за продажба на земјоделското земјиште во државна сопственост
 
Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство на 31 седница, ќе одржи Јавна расправа по Предлогот на законот за продажба на земјоделското земјиште во државна сопственост.

Јавната расправа ќе се одржи на 4 јуни (вторник) 2013 година, со почеток од 11,00 часот, во Сала на Уставна комисија во зградата на Собранието на Република Македонија.

Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство, покани претставници од различни организации, институции, здруженија и сојузи, да учествуваат на расправата и да дадат свои мислења и ставови во врска со овој Предлог на закон.

За дополнителни информации, контактирајте го лицето Данчо Јаневски - раководител на одделение и советник на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство и тоа на фиксен телефон: +389 2 3182-409; мобилен телефон: +389 70 396-915; е-пошта: d.janevski@sobranie.mk и kzemjod@sobranie.mk.
Прочитај повеќе

Надзорна расправа, 4.6.2013...



Петок, 31 мај 2013 година

Надзорна расправа на тема „Имплементација на процесот на децентрализација“

Целта на надзорната расправа е потребата да се добијат информации и стручни мислења за одвивањето на досегашниот процес на децентрализација, започнат на 1 јули 2005 година, со воспоставувањето на нормативната и институционална рамка

Прочитај повеќе

Учество на собраниска делегација на Регионална конференција...

Четврток, 30 мај 2013 година

Учество на собраниска делегација на Регионална конференција за Западен Балкан

Делегација на Собранието на Република Македонија, во состав: г-ѓа Владанка Авировиќ, претседател на Комисијата за економски прашања, г. Марјанчо Николов, претседател на Комисијата за финансирање и буџет и г. Хајрула Мисини, претседател на Комисијата за европски прашања, ќе присуствува на Регионална конференција за Западен Балкан на тема „Конкурентска политика“, која ќе се одржи на 1 и 2 јуни 2013 година во Бечиќи, Црна Гора.

Конференцијата е организирана од страна на Вестминстер фондацијата за демократија и парламентарните мрежи за економија и финансирање и буџет на земјите од Западен Балкан.

Учесници на Конференцијата ќе бидат членови на парламенти, владини претставници и експерти од Македонија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Србија и Косово.
Прочитај повеќе

Пратеникот Александар Николоски во Талин, 23.5.2013...



Четврток, 23 мај 2013 година

Учество на пратеникот Александар Николоски на Мониторинг комисија во Талин

На Мониторинг седницата ќе се разгледува нацрт-резолуцијата и нацрт-препораката за постмониторинг дијалогот со Република Македонија за исполнување на обврските преземени при приемот во Советот на Европа

Прочитај повеќе

Единаесетти состанок на МПК РМ-ЕУ 22,5,13...



Среда, 22 мај 2013 година

Единаесетти состанок на Мешовитиот парламентарен комитет РМ-ЕУ

На овој состанок, од Делегацијата на Собранието на Република Македонија во Мешовитиот парламентарен комитет-Република Македонија и Европска унија, ќе учествуваат: г. Кенан Хасипи, претседател на Делегацијата на Собранието на Република Македонија во Парламентарниот комитет за стабилизација и асоцијација (копретседавач на овој Комитет); г-ѓа Ермира Мехмети-Деваја и г. Андреј Петров, потпретседатели на Делегацијата (заменик-копретседавачи на Комитетот); г-ѓа Силвана Бонева и г. Антонио Милошоски, членови на Делегацијата и г. Беким Фазлиу, заменик-член

Прочитај повеќе

Делегација на Комисијата за европски прашања во посета на К...



Вторник, 21 мај 2013 година

Делегација на Комисијата за европски прашања во билатерална посета на Република Косово

Делегација на Комисијата за европски прашања на Собранието на Република Македонија, во состав: г. Хајрула Мисини, претседател на Комисијата; г. Јани Макрадули, потпретседател на Собранието; г. Миле Пачемски и г. Орхан Ибраими, членови на Комисијата, од 22 до 23 мај 2013 година, ќе оствари билатерална посета на Република Косово

Прочитај повеќе

Учество на собраниска делегација на ПС на НАТО, 15.5.2013...



Среда, 15 мај 2013 година

Учество на собраниска делегација на Пролетната сесија на ПС на НАТО

Делегација на Собранието на Република Македонија во Парламентарното собрание на НАТО, предводена од шефот на делегацијата, г-ѓа Ермира Мехмети, а во чиј состав се г. Павле Трајанов и г. Горан Сугарески, од 16 до 19 мај ќе учествува во работата на Пролетната сесија на ПС на НАТО што се одржува во Луксембург

Прочитај повеќе

Пратеникот Владанка Авировиќ на Конференција во Загреб 10.5...



Петок, 10 мај 2013 година

Пратеникот Владанка Авировиќ на Конференција во Загреб

Претседателот на Комисијата за економски прашања на Собранието на Република Македонија, г-ѓа Владанка Авировиќ, од 12 до 14 мај 2013 година, во Загреб, Република Хрватска, ќе учествува на Конференција на тема: Енергетика. Развој. Демократија „Успешни пристапи за нова енергетска иднина во Југоисточна Европа“.

Прочитај повеќе

Пратеникот Александар Николоски набљудувач, 10.5.2013...



Петок, 10 мај 2013 година

Пратеникот Александар Николоски набљудувач на парламентарните избори во Бугарија

Пратеникот Александар Николоски од име на Групата на европски народни партии е назначен за член на ад хок Комисијата на Парламентарното собрание на Советот на Европа која ќе ги набљудува парламентарните избори во Бугарија на 12 мај 2013 година

Прочитај повеќе

Пратеникот Шекеринска во Истанбул, 9.5.2013...



Четврток, 9 мај 2013 година

Пратеникот Шекеринска на Бизнис форум во Истанбул

Претседателот на Националниот совет за евроинтеграции, г-ѓа Радмила Шекеринска, е поканета да учествува на Бизнис форумот на Европската банка за обнова и развој (ЕБРД), кој оваа година се одржува во Истанбул, Република Турција

Прочитај повеќе

Александар Николоски, 2.5.2013...



Четврток, 2 мај 2013 година

Вистината и почитување на правилата на ПССЕ мора да се на прво место

По повод денешниот објавен текст во одредени медиуми за искажувањата на пратеникот од Швајцарија во ПС на Совет на Европа, г. Андреас Грос, а доколку истите соодвествуваат на навистина кажаното од негова страна, би сакал да ја информирам јавноста за следното: Република Македонија е полноправен член на Советот на Европа

Прочитај повеќе

Полагање цвеќе на гробот на Гоце Делчев, 2.5.2013...

Четврток, 2 мај 2013 година
 
Полагање цвеќе на гробот на Гоце Делчев

По повод 110-годишнината од смртта на македонскиот револуционер Гоце Делчев, делегација на Собранието на Република Македонија во состав: г-ѓа Сузана Салиу,  потпретседател на Собранието на Република Македонија, г-ѓа Силвана Бонева, г-ѓа Тања Томиќ, на 4 мај (сабота) во 10,00 часот во црквата „Свети Спас“, на гробот на Гоце Делчев, ќе положи венец свежо цвеќе.

Делегацијата во 11,00 часот ќе положи венец свежо цвеќе на споменикот Гоце Делчев на плоштад „Македонија“.
Прочитај повеќе

Лилјана Поповска во Хамбург, 2.5.2013...



Четврток, 2 мај 2013 година

Учество на пратеникот, г-ѓа Поповска на подиумска дискусија во Хамбург

Во рамките на настанот, на 3 мај, ќе се одржи подиумска дискусија на тема Европа: Солидарност во кризата; Преглед на економската и финансиска криза, на која како претседател на ДОМ и член на Комисијата за надворешна политика на Собранието на Република Македонија, ќе земе учество пратеникот, г-ѓа Лилјана Поповска

Прочитај повеќе

Потпретседателот, г-ѓа Сузана Салиу, 22.4.2013...



Понеделник, 22 април 2013 година

Потпретседателот, г-ѓа Сузана Салиу ќе учествува на Семинар за национална безбедносна политика

На покана на Европскиот центар за безбедносни студии „Џорџ Ц. Маршал“, а во соработка со амбасадата на САД во Скопје, Македонија, потпретседателот на Собранието на Република Македонија, г-ѓа Сузана Салиу и пратениците: Марјанчо Николов, Тони Трајановски, Ивон Величковски, Цветанка Иванова, Марија Рашковска, Орхан Ибраими, Сафет Бишевац, Тања Томиќ, Димитар Стевананџија, Косана Николиќ Мазнева и Вјолца Мехмети-Нурединисо ќе учествуваат на Семинарот за национална безбедносна политика наменет за пратеници, што ќе се одржи од 23 до 26 април 2013 год., во Гармиш-Партeнкирхен, Германија

Прочитај повеќе

Пратеникот Реџаиљ Исмаили на Работилница во Црна Гора 23,4...



Вторник, 23 април 2013 година

Пратеникот Реџаиљ Исмаили на Работилница во Црна Гора

На покана од Националниот демократски институт (НДИ), претседателот на Комисијата за транспорт, врски и екологија, г. Реџаиљ Исмаили, ќе учествува на Работилница на тема: Надминување на предизвиците за надзор кој го вршат парламентарните комисии. Работилницата ќе се одржи од 24 до 26 април 2013 година во Бечиќи, Црна Гора

Прочитај повеќе
1...345      
Click