Учество на пратеникот Хајрула Мисини на заседание на КОСАК ...



Вторник, 24 април 2012 година, Копенхаген

Учество на пратеникот Хајрула Мисини на заседание на КОСАК

На овој КОСАК, Република Македонија доби силна поддршка од Парламентите на Литванија, Латвија и Естонија, кои упатија писмена изјава до сите членови на КОСАК за неодложно отпочнување на преговорите на Република Македонија за членство во Европската унија

Прочитај повеќе

12. седница на Комисијата за европски прашања 24,4,12...



Вторник, 24 април 2012 година

Петнаесетта седница на Комисијата за европски прашања

Комисијата за европски прашања на Собранието на Република Македонија, на вчерашната 15. седница, ги разгледа:

Прочитај повеќе

25. седница на Комисијата за финансирање и буџет 24,4,12...



Понеделник, 24 април 2012 година

Дваесет и петта седница на Комисијата за финансирање и буџет

Комисијата за финансирање и буџет на Собранието на Република Македонија, на Дваесет и петтата седница, одржана на 18 април 2012 година, како матично работно тело ги разгледа

Прочитај повеќе

11. седница на Комисијата за образование, наука и спорт 24....



Вторник, 24 април 2012 година

Единаесетта седница на Комисијата за образование, наука и спорт

Комисијата за образование, наука и спорт на Собранието на Република Македонија, на 11. Седница, одржана на 18 април 2012 година, во прво читање го разгледа Предлогот на законот за изменување и дополнување на Законот за образование на возрасните

Прочитај повеќе

Вељаноски на дебата на тема - „Парламентот, мислење на јавн...



Сабота, 21 април 2012 година, Варшава, Полска

Обраќање на претседателот Вељаноски на дебата на тема - „Парламентот, мислење на јавноста и медиуми“

Што се однесува до местото и улогата на парламентот во овој нов, дигитален медиумски простор морам да истакнам дека Собранието на Република Македонија има направено навистина квалитетни чекори. Воведувањето на Е-парламентот овозможи севкупна транспарентност на целокупниот законодавен процес.  Преку редизајнираната парламентарна веб страница, секој граѓанин може да се обрати до својот пратеник или пратеничка група со свои предлози, идеи и забелешки. Парламентарниот телевизиски канал овозможува следење на сите парламентарни седници, надзорни расправи и седници на собраниските тела, со тежнение  наскоро да добие нова интерактивна димензија во која ќе бидат вклучени не само пратениците, туку сите општествени субјекти, вклучувајќи ги и граѓаните.

Прочитај повеќе

Обраќање на претседателот Вељаноски на првата сесија - „Кри...



Петок, 20 април 2012 година, Варшава, Полска

Претседателот Вељаноски на Конференција на претседатели на парламенти од земјите на ЕУ

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски, во рамките на Конференцијата на претседатели на парламенти од земјите на Европската унија, која денес и утре се одржува во Варшава, Република Полска, зема учество во првата сесија - „Кризата на Европското единство, што да сториме?“, во која воведно обраќање имаше претседателот на Владата на Република Полска, г. Доналд Таск и претседателот на Собранието на Португалија, г-ѓа Марија да Асунчао Естевес. Големиот интерес на учесниците во првата сесија од дводневната конференција резултираше со над 20-тина обраќања на претседателите на парламенти на европските држави.

Прочитај повеќе

Средба на претседателот Вељаноски со г. Бамир Топи...



Четврток, 19 април 2012 година

Средба на претседателот Вељаноски со претседателот на Република Албанија, г. Бамир Топи

Билатералните односи помеѓу Република Македонија и Република Албанија континуирано бележат нагорен тренд, што е во интерес како на двете држави и на нивните граѓани, така и на регионот во целост, истакна на почетокот на средбата претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски

Прочитај повеќе

Пленарна седница на Европарламентот 18.4.12...



Среда, 18 април 2012 година

Пленарна седница на Европарламентот

Претседателот на Европскиот парламент, г. Мартин Шулц, вчера ја отвори пленарната седница на Европскиот парламент во Стразбур, која ќе трае до 20 април, притоа посакувајќи им добредојде на дванаесетте европратеници набљудувачи од Хрватска, како вовед на официјалното пристапување на оваа балканска земја во Европската унија на 1 јули 2013 година

Прочитај повеќе

Средба на Вељаноски со Петр Нечас...



Вторник, 17 април 2012 година

Средба на Претседателот Вељаноски со г. Петр Нечас, претседател на Владата на Чешката Република

На средбата двајцата соговорници ги истакнаа високо развиените пријателски билатерални односи кои ги опфаќаат сите сфери. Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски, посебно ја истакна принципиелната политика на Чешката Република во однос на Република Македонија и нејзиното евроатлантско интегрирање

Прочитај повеќе

11. седница на Комисијата за земјоделство, шумарство и водо...



Среда, 11 април 2012 година

Единаесетта седница на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство

Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство на Собранието на Република Македонија, на 11. седница, одржана денеска, како матично работно тело во прво читање ги разгледа

Прочитај повеќе
1...222324...33                                  
Click